Фејсбук група

АКТИВНОСТИ НА ПОЛИЦИСКИ СПОРТСКИ ПЛАНИНАРСКИ КЛУБ „7-МИ МАЈ“ - БИТОЛА

Клубот е формиран на 01.03.2006 год. во Битола, во просториите на СВР Битола, кадешто се одржа Основачкото собрание. Исто така во СВР Битола се наоѓа и седиштето на Лого на клуботклубот.
Претседател на клубот е г-дин Јаневски Горан, главен инспектор во СНТ.
Потпретседател е г-дин Ристевски Гоце, главен полицаец во ПС - Битола 2.
Секретар на клубот е г-дин Кузманоски Николче, главен полицаец во ПС - Битола 1.
Стручна комисија на клубот во состав: Тони Решњак, виш инспектор по спорт и воедно стручно лице (тренер) во клубот; Димитар Црномаров, член; Вангел Ристовски, член.
Од формирањето на клубот до сега организирани се повеќе активности од кои поактуелни се:
- Клубот го организира Првиот меморијален марш „Бошко, Илчо, Марјан и Кире“ на 28.04.2006 во чест на Лого на Првиот меморијален маршзагинатите бранители кај с. Вејце, Тетовско, како и во чест на тројца припадници на АРМ загинати во Тетовско. Беше изведен на релацијата од с. Буково, преку с. Ореово и пл. дом Неолица до с. Брусник.
- На 07.05.2006 клубот го организираше и Првиот планинарски марш по повод Денот на безбедноста „7-ми Мај“, и тоа на релација од МЗ „Превалец“ кај с. Ѓавато, МЗ „Голем Камен“, до с. Смилево.
И за оваа година во планираните активности на клубот е изведување на овие два планинарски марша кои се надеваме ќе станат традиционални.
Минатата година членовите на клубот се искачија и на врвот Руен (16.09.2006); на Голем Кораб (09.08.2006); на Пелистер - Меморијален марш „Мурато“ (13.05.2006); Пелистер - Големо езеро, меморијален марш „Медикус“; на Кајмакчалан, др. Рајс, и уште многу други планинарски акции.


Оддавање почит пред почетокот на маршот На почетокот на Првиот меморијален марш Кај спомен-чешмата

Оддавање почит пред почетокот на маршот

На почетокот на Првиот меморијален марш

Кај спомен-чешмата

Патеката на Првиот меморијален марш Пред почетокот на маршот На патеката кон с. Смилево

Патеката на Првиот меморијал (369 КБ)

Пред почетокот на маршот

На патеката кон с. Смилево

Патеката на пл. марш по повод „7-ми Мај“ (245 КБ)

И малку снег во летни услови

На врвот Ниџе на Кајмакчалан

Царев врв Руен

На Голем Кораб

На Царев врв

На врвот Руен на Осоговските планини


Текст: Николче Кузманоски
Фотографии: Горан Јаневски, Боби Петковски и Николче Кузманоски
29.01.2007 год.


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани