Фејсбук група

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани колеги Планинари,

Ве известуваме дека Центарот за стручно оспособување при Федерацијата на планинарските спортови на Македонија, ќе врши дообука и лиценцирање на Водачи за планинарски тури како неопходен стручен кадар за работа во планинарските друштва.

Дообуката и лиценцирањето ќе се организираат во облик на еден викенд-семинар кој ќе се одржи во периодот Мај / Јуни 2008 година.

Право на пријавување и учество во дообуката, а со тоа и право да се стекнат со лиценца за Водач на планинарски тури имаат сите планинари кои имаат планинарско искуство повеќе од 10 години и активно учествуваат на акциите организирани од страна на Македонската планинарска организација.

Во пријавата за учество, кандидатите, покрај своите лични податоци и податоците за планинарската активност, треба да приложат и писмена потврда за веродостојноста на податоците од матичното друштво/клуб (со потпис и печат од претседателот), како и мислење од Македонската Планинарска Асоцијација, потврдено со потпис од претседателот.

Пријавите да се испраќаат на адреса на Центарот за стручно оспособување при ФПСМ:
Е-маил: csofpsm@yahoo.co.uk
Адреса: Булевар 11 Октомври, бр. 42-а, со назнака „За ФПСМ ЦСО“.

Дополнителни информации можете да добиете на горенаведените адреси или на телефонот во Федерацијата: 02-3165-540.

Со Поздрав,
Константин Циривири,
ФПСМ - ЦСО

13.02.2008 год.

Статии со слична содржина:

* Курс за планински водачи

Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани