|
До Претседателите на Асоцијациите / клубовите
Почитувани,
Врз основа на донесената Одлука на ФПСМ и усвоениот Правилник за доделување на престижната награда „Даре Џамбаз“
Ве известуваме:
Да ФПСМ распишува отворен конкурс за доставување на предлози за доделување на престижната награда „Даре Џамбаз 2008“.
За таа цел да се достават предлози за поединци или клубови за доделување на оваа награда, до канцаларијата на ФПСМ најдоцна до 31 Март 2008 година.
Во апликацијата да се наведе:
- име, презиме и адреса на предложениот член или клуб;
- контакт адреса;
- кратка биографија;
- постигнати резултати во планинарските спортови;
- Образложение зошто се предлага неговата кандидатура;
- Точен назив и адреса на предлагачот - предлагачите.
Предлозите ќе ги разгледа комисија формирана од ФПСМ сходно Правилникот за доделување на наградата.
За подетални информации контактирајте со канцеларијата на ФПСМ.
Тел. 02 3165 540
Претседател на ФПСМ Проф. Д-р. Јовица Угриновски
_ _ _ _ _
ФЕДЕРАЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКИ СПОРТОВИ НА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 44 од Статутот на Федерацијата на Планинарските Спортови на Македонија, Претседателството на својата редовна седница одржана на ден 16.01.2008 година го усвои
ПРАВИЛНИКОТ
За вреднување на резултати и доделување награда за постигнати врвни резултати и придонес во развојот и афирмацијата на планинарските спортови.
Член 1
Во знак на признание на членовите на планинарската организација за развојот и популаризација на планинарските спортови (планинарство, алпинизам, спортско качување, ориентација и спелеологија) Федерацијата на планинарските спортови на Македонија ќе доделува секоја година престижна парична награда именувана Даре Џамбаз во сениорска и јуниорска категорија.
Член 2
Прогласување и доделување на наградата ќе се доделува на свечен начин во јануари, февруари.
Член 3
Критериумите за кандидатите од сите спортови во Федерацијата се изготвуваат во соодветните асоцијации
Член 4
Предлог за кандидат може да достават членови на ФПСМ, клубови или асоцијација со биографија на кандидатот, постигнати резултати и успеси со образложение.
Член 5
Претседателството одредува комисија од 5 члена, која самостојно одлучува и донесува предлог до Претседателството на ФПСМ.
Член 6
Претседателството на ФПСМ ја донесува конечната одлука по предлогот на комисијата.
Член 7
Доделената награда е трајна.
Член 8
За толкување на одредбите на овој правилник надле`но е Претседателството на ФПСМ.
Член 9
Овој Правилник стапува во сила со денот на неговото донесување.
Претседателство на ФПСМ Јануари, 2008 година
_ _ _ _ _ _ _
05.03.2008
| |