Фејсбук група

ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО

Димитар Илиевски - Мурато како член на МАХЕ Еверест '89 (Македонска алпинистичка хималајска експедиција '89), на 10-ти мај 1989 год. се искачи на Мт. Еверест (8848 м.) и стана првиот Македонец што го развеа македонското знаме на Димитар Илиевски Мурато на меѓу првиот и вториот висински логор на Монт Еверестврвот на светот. За жал Димитар Илиевски не се врати од планината.

Во тоа време му беа доделени многу спортски и државни признанија и одликувања, а деновиве, заедно со Д-р Глигор Делев, вториот Македонец што се искачи на Мт. Еверест, ќе биде одликуван од Претседателот Бранко Црвенковски со Медал за заслуги за Македонија.

За сите блиски на Диме ништо не може да ја замени загубата што Диме остана на Мт. Еверест, но ова одликување од Претседателот Бранко Црвенковски и сите претходни одликувања и Димитар Илиевски Мурато на Монт Еверестпризнанија кажуваат колку Македонија го цени Великанот што прв го развеа нашето знаме на Врвот на Светот и постави уште еден голем датум во нашата историја. Ова треба да ја претвори нашата тага по Диме во гордост што го имавме Диме, да ни даде мудрост вечно да го памтиме Диме и сила активно да го живееме секој ден како што живееше тој. Животот на Диме имаше смисол - го крена неговото име до историјата на Македонија, го крена името на неговата фамилија, го крена името на Македонија.


Текст: Јован Поповски, водач на експедицијата Еверест 89
29.02.2008


Статии со слична содржина:

* ИНТЕРВЈУ СО Д-Р ГЛИГОР ДЕЛЕВ

* МЕДАЛ ЗА ЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА

* МЕКСИКАНСКО-МАКЕДОНСКА ЕКСПЕДИЦИЈА „ДЕНАЛИ 2006“ (прво претставување на Глигор Делев на нашата јавност)

* ИНТЕРВЈУ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЕКСПЕДИЦИЈАТА „МОНТ ЕВЕРЕСТ 2007“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА SUMMIT EXTREME TEAM (ексклузивно за MKDmount)

* КОНЕЧНО ПОЧЕТОК

* ИЗВЕШТАИ 1

* ИЗВЕШТАИ 2

* ИЗВЕШТАИ 3

* ИЗВЕШТАИ 4

* ГАЛЕРИЈА

* ЗАВРШЕН ИЗВЕШТАЈ НА ГЛИГОР ДЕЛЕВ



Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани