|
|
 |
|
МАКЕДОНСКИ ЕКСПЕДИЦИИ КОИ СТАРТУВААТ ВО ЈУНИ 2007 |
|
|
| Овој месец стартуваат две експедиции, и тоа: Демавенд 2007 и Елбрус 2007. Експедицијата за Демавенд е во организација на ПСК „Бистра“ - Скопје. Ќе учествуваат вкупно 15 планинари од Скопје, Битола, Богданци и двајца планинари од Црна Гора. Стартот е предвиден за 15.06.2007 год. во 17ч и ќе трае вкупно 13 дена, поаѓањето е со автобус прво за Истанбул и потоа кон Техеран. Втората експедиција за Елбрус која стартува овој месец е во самостојна организација на двајца планинари од Куманово, Момчило Цветковски и Кокан Новович кои не се членови на некое пл. друштво. Поаѓаат на 29.06.2007 год. со авионски превоз и ќе трае до 11.07.2007 год. Со агенција од Русија имаат договорено да користат локален водич. Инаку Кокан Новович минатата година самостојно учествуваше и во експедицијата Лобуче 2006 во организација на Клубот на високогорците од Србија. За жал кај нас се уште преовладува индивидуална организација на експедиции која е се разбира поскапа и како резултат не може да даде успешни македонски хималајски експедиции како оние од 80-тите години, се додека асоцијациите посебно ФПСМ не почнат да работат организирано на тоа поле. Предложувањето за одликување и спортист на годината од страна на ФПСМ на Глигор Делев е многу лесно сега откако тој без никаква помош од Македонија успеа да се искачи на Монт Еверест, зошто не реагираше воопшто кога две недели пред почетокот на експедицијата беше известен за неа? Или можеби управниот одбор на ФПСМ не смета дека организирањето и поддршката на македонски експедиции односно наши учесници во странски експедиции, не треба да им биде дел од секојдневната работа?
MKDmount
13.06.2007
| |
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ |
На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ... |
|
|
|
|
|
Шарски води 2009
|
Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ... |
|
Водно 2009 |
Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно. |
|
Алпинистичко училиште |
Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ... |
|
Титов врв 2008 |
На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ... |
|
Ориентација - Водно |
Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ... |
|
Алпи 2008 |
Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ... |
|
Попова Шапка-Вруток |
Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ... |
|
Трпејца 2008 |
КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ... |
|
Демир Капија 2008 |
Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ... |
|
Титов врв 2008 |
Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ... |
|
|
|
 |
|
|
|
|
|