Фејсбук група

ЕЛЕНА И 4-ТЕ АЛПИНИСТИ

(Песна посветена на трагично загинатите алпинисти на Солунска глава)

Донг донг. Есен 1997 год. на Матка јас и покоен Зоре го повикуваме чамецот да не префрли преку езерото, завршивме со качување за тој ден.
Додека го чекавме чамецот, откај Шишевски се симнаа и две девојки. Странци беа. Тогаш знаев само некој збор англиски, Зоре беше подобар. Не замолија да дојдат со нас преку езерото, и во тоа кратко време успеавме да размениме неколку збора.
Февруари 1998 год. Со Зоре се враќаме од Февруарски поход кој се одржуваше во Куманово. И во автобусот за Скопје ја познав една од девојките кои ги префрливме на Матка со чамец есента!!! Падна дури и кладба таа е, не е таа - така да на крај моравме да прашаме!!! Јас ја добив кладбата но не само тоа, туку и тел. број од девојката.
За некој тогаш што знаеше неколку збора англиски да речам е успех.
Девојката беше Американка и работеше на некој проект во неколку школи низ Мкд.
По една недела и се јавив на тел. и додека се мачев едно 10 мин. да зборувам, на Мкд ми рече: „А да пробаме на Мкд да зборуваме!!!“ За само неколку месеца што била во Мкд одлично го имаше научено Мкд, на моја среќа. Така да еднаш кога требаше да им помогнам за превоз до Шапка од Тетово, додека ги чекав на автобуска со нив дојде и едно девојче од Крива Паланка, вклучена во нивниот проект заради тоа што зборуваше одлично англиски. Средношколка. Се запознавме. Елена ми рече се вика.
На Шапка додека тие работеа во хотел на некој проект, со Зоре и Мајсторски од Радовиш бевме сместени во домот на ПК „Љуботен“, дење трениравме по снегот, ноќе се дружевме со нив. Во тие неколку дена Елена само прашуваше за Алпинизам и со одушевуваше на се што правиме по планини.
Подоцна со Елена контактиравме со писма, едно утро во Декември 1998 год. Елена на тел. додека се спремаше да оди за Скопје на некој испит, ми кажа дека на ТВ слушнала за несреќата на Солунска. И јас и раскажав нешто околу несреќата.
По неколку дена ми стигна писмо! Во писмото имаше напишано дека додека одела дента за Скопје со автобус, напишала песна за загинатите Алпинисти.
Ја објавив песната во весник без нејзино знаење! Братот на еден од загинатите на Солунска беше дури лично да ја посети Елена во Паланка. А на една миса песната беше читана лично од неа.

Текст: Надир Мурсели


ХРАБРА БИДИ МАЈКО

Немој мајко не колни
Го животот да
Продолжиме треба,
минатото да го чуваме
длабоко во душата да
веруваме во иднината.
Немој мајко, остро кон
Судбината
Да ја менуваме
Невозможно е, немој
Мајко не замерувај му
На снегот тој бел убиец
Зимата што ја краси и ноќта што ја осветлува
Срцата млади невини
Се.
Немој мајко, не лути се
На планината вечно
Што го спојува небото
со земјата предизвик е
тоа за илузиите наши.
Тешко отчукува срцето
Твое мајко
Осамено тешко
Нечујно молбено бара
Бара миг за да ја
Поправи грешката
Настаната во својот од
Животот и судбината
Снегот и планината
Бара, а грешка нема
Само сонот никако да
Го совлада јавето за да
Му каже Верувај.
Уште една ѕвезда сега
Мајко небото ќе го
Закити и ќе стои вечно
Од рајот патот ќе го
Осветлува
Патот по кој чекориме
Патот на генерациите
што идат за да исчезне
надежта.
Музиката тивка вечно
Тивка ќе свири без звук
И писок, но ќе
Продолжи да се
Надева силата која
Некогаш изневерува.
Говорот мајко од
Душата симни го
Пушти го нека оди
Насолзените очи
Избриши ги
На бога бесчујно
Помоли се и само
Храбро, храбро отсега
И горда биди, знај
Мајко јунак роди ти.

Автор: Елена Стојковска


20.12.2008 год.

Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани