| Пред неколку години дојде до разијдување на ФПСМ и повеќето клубови членки на МПА заради квалитетот на осигурувањето што беше воспоставено од страна на ФПСМ, или можеби тоа беше само повод за драстично влошување на односите ФПСМ - МПА. Разијдувањето доведе до ситуација повеќе друштва да земаат само 5 маркици минимално потребни за да се задржи членството во ФПСМ. МПА направи свој договор за осигурување и почна да издава свои маркици, а друштвата да си прават и свои книшки! На последниот состанок на Претседателството на ФПСМ е донесена одлука за нов начин на зачленување:
До Членките на ФПСМ
Предмет: Известување
Врз основа на досегашните средби на претседателите на Асоцијациите/Федерациите и контактите на претседателот на ФПСМ остварени лично со дел од членките на ФПСМ, се иницираа промени во статутот. Предлог иницијативата на некои асоцијации за која бевте информирани, за промена на начинот на зачленување на клубовите/друштвата во ФПСМ, како и заради новите стандардизации за вршење дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт и интернационалните стандардизации за професионална реорганизација на планинарските спортови, за која иницијатива до денот на одржување на седницата не стигнаа конкретни забелешки, предлози.
За таа цел, Претседателството на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, на својата редовна седница одржана на ден 16 Јануари 2008 година по точка 2 од дневниот ред „Предлог правилник за членување на клубови и поединци во ФПСМ“ ги донесе следните заклучоци и тоа:
1. Клубот/друштвото да плаќа годишна чланарина во износ од 100 евра во денарска противвредност, а со тоа стекнуваат право на подигање маркици без надомест и да ги дистрибуираат на своите членови по цена која самите ќе ја утврдат;
2. при регистрација на нов спортски клуб во ФПСМ ќе се плаќа 100 евра регистрација на име административни трошоци;
3. средствата собрани од чланарина ќе бидат наменски и ќе се доделуваат на клубовите кои што придонеле и придонесуваат за развојот на планинарските спортови, а што ќе биде регулирано со правилник.;
4. подготовка за измена на статутот;
5. членските книшки на ФПСМ ќе бидат со нов дизајн и ќе бидат со важност до 10 години. Цената ќе изнесува колку нејзиното печатење;
6. Обврската за осигурување на членовите ја преземаат самите клубови и индивидуи.
Претседател на ФПСМ Проф. Д-р. Јовица Угриновски
20.01.2008
| |