Фејсбук група

ПОВТОРНО МАКЕДОНЕЦ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ ?

Со експедицијата „Еверест 2007“ во организација на Еxtreme summit team од Србија, Глигор Делев ќе се обиде оваа пролет да се искачи на највисоката точка на светот Монт Еверест (8848 мнв). Еве ги неговите одговори на неколку прашања:

1. Планинарите од 2000-та година, како го откривте планинарењето и што тоа значи за Вас?

- „Имам авантуристички дух. Во Еквадор ја открив случајно мојата љубов према планините. Сега сум послободен од домашните обрвски зошто децата пораснаа и имам повеќе време за себе.“

2. Кога Ви било најтешко, а кога најубаво на планина?

- „Најтешко е кога времето не дозволува искачување како при првиот обид за искачување на МекКинли во 2005-та година кога 8 дена чекав во логорот на 5200 мнв, а најубаво беше на Ама Даблам исто во 2005-та година кадешто иако со големи пречки, се искачив уште во првиот обид.“

3. Дали беше тешка одлуката да се придружите на експедицијата на ЕСТ - Еверест 2007 и дали имате поддршка од најблиските?

- „Тешко беше затоа што се откажав од мојата екипа со која требаше да одиме на Шишапангма. Имам тотална поддршка од фамилијата и од другарите од претходната екипа.“

4. За релативно краток период имате искачено во континуитет веќе 20-тина врвови од 5-6000 мнв, дали мислите дека тие искуства се доволни за учество во оваа експедиција?

- „Не, не е доволно затоа што повеќето од тие врвови се лесни и се качуваат за кратко време.“

5. Како напредувате со тренинзи и дали живеењето во Монтреал е хендикеп од тој аспект?

- „Моето работно време не ми дозволува да тренирам редовно затоа што работам 90-100 часови неделно. Исто, во Монтреал нема висини и тоа е хендикеп. Инаку само што се вратив од 10-дневни припреми во Боливија но не сум премногу задоволен бидејќи за жал имав непријатности (бев жртва на кражба) и изгубив многу време заради тоа.“

6. Според водачот на експедицијата колективноста е најбитна за успешноста на искачувањето, дали мислите дека добро ќе се вклопите во групата иако не познавате никого лично?

- „Иако лично не го познавам Драган, ми остави добар впечаток по телефон и уверен сум дека добро ќе се вклучам во екипата.“

7. Што очекувате од експедицијата и што е она што мислите дека најмногу ќе ви помогне?

- „Ваква експедиција е прилика човек да се открие себеси. Мислам дека мојата упорност најмногу ќе ми помогне.“

На крајот Глигор ја нагласи неговата увереност дека во Македонија има многу појаки планинари од него, но за жал ја немаат можноста што тој сега ја има.


Водачот на експедицијата Драган Јаќимовиќ исто така ни одговори на неколку прашања:

1. Зошто се одлучивте да му дозволите на Глигор да се приклучи кон експедицијата иако не го познавате лично?

- „Да, не го познавам лично, но понекогаш врз основа на податоците за врвовите кои успешно ги искачил и тежината на насоките кои ги совладал, можете подобро да запознаете некого отколку цел живот да поминете со него. Второ, разговаравме неколку пати телефонски и врз основа на прашањата кои ги поставуваше добив впечаток дека е многу одговорна и дисциплинирана личност која има огромно предзнаење за самото искачување на Еверест. Трето, верувам во себе. Мојата улога во сето ова е да го препознаам потенцијалот во човекот и да му овозможам најголема можна шанса за искачување на врвот.“

2. Што очекувате од него?

- „Од него очекувам да го препознае тимскиот дух во екипата и да разбере дека многу полесно ќе се искачи на Еверест ако заеднички работи во тимот. Ако мисли само на себе, ќе му биде многу потешко. Тој има потенцијал да се стапне на највисокиот врв на светот. Ќе видиме дали ќе истрае до крај. Долг е патот ...“

3. Што очекувате од самата експедиција?

- „Од експедицијата на прво место очекувам безбедно да се заврши, и сите живи и здрави да се вратиме дома. Од друга страна, процентот на успешноста по северниот гребен е околу 25%. Ќе се обидам во мојата експедиција да има многу повеќе луѓе на врвот“.


Кликнете овде за да го видите претходниот напис на Глигор Делев.

MKDmount
13.03.2007 год.



Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани