Фејсбук група

ИСТОЧНА МАКЕДОНСКА ПЛАНИНАРСКА ТРАНСВЕРЗАЛА

Во просториите на ФПСМ на 08.06.2006 се одржа презентација на водичот „Eastern Macedonian Mountaineering Transversal“. Како што се гледа и од насловот изданието е на англиски јазик наменето за странски планинари (туристи). Во него покрај одредени основни податоци за државата и некои особености за флората и фауната, климата и др. содржани се податоци за некои планини од источниот дел од Македонија, и тоа: Осогово, Плачковица и Малешевските планини. Секоја планина е претставена со многу одлични фотографии, со прилично детални информации за голем број патеки од сите правци. Во ова доста луксузно издание, има и топографски мапи со однос 1:130000 со исцртувања на опишаните патеки.
Во прво време 200-300 примероци ќе бидат искористени преку туристичките агенции за популаризирање на планинарскиот туризам во горенаведените планини.
Инаку во следниот период према Константин Циривири предвиден е нов круг на Школата за водичи во планина наменета за локални водичи од западниот дел на државата во рамките на проектите за развој на планинарскиот туризам. Предвидено е и продолжување на Западната трансверзала до Кожуф (моментално е до Охрид).
Во иднина ќе биде работено и на проекти за изработка на прецизни мапи со ГПС записи.

12.06.2006

Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани