КИНА - ТИБЕТ

По едногодишна спортско-културна турнеја низ земјите на Југоисточна Азија: Малезија, Сингапур, Индонезија и Тајланд, стекнавме доста нови работни, културни и спортски искуства. Зад себе имаме повеќе реализирани спортски настапи со победнички резултати на значајнии натпревари, но и реализирани културни настани, ликовни изложби и презентации. На секое поле ја претставувавме нашата земја во најдобро светло, што е забележано во сите медиуми и културни критики од регионот.

Нашата експедиција за искачување планини и карпи продолжи во Кина. Веќе три месеци ние тренираме и истражуваме низ оваа огромна земја сретнувајќи се со најразличен пејсаж, култура и начин на живот. Aquasorce е постојано со нас на сите досега освоени планини и искачени спортско-качувачки насоки.

Престојот во Кина го започнавме во гратчето Yangshuo – рај за сите качувачи на карпа. Yangshuo е популарна туристичка дестинација која со својот невообичаен, егзотичен пејсаж привлекува патувачи, истражувачи, уметници од целиот свет. Таму отседнавме околу 6 недели, качувајќи по најчудни карпести формации, постојано исполнувајќи се и со ликовна инспирација.

Како и до сега на ова патување се издржуваме сами, што не е едноставно кога се нема постојан прилив на финансиска поддршка. Така ја прифаќаме секоја можност и подработуваме разни хонорарни работи со сто го потпомагаме и одржуваме овој нас долготраен проект. Yangshuo беше поволно место за тоа каде странците се добредојдени во многуте школи за англиски јазик. Зависно од сериозноста на организацијата на школите некаде е доволно само да комуницираш со студентите, некаде да придонесеш во организирање игри и други забавно-социјални активности. Нашиот колеџ - домаќин е една од школите со посилна репутација во Yangshuo, каде навистина учествувавме со подготвување и држење часови, натпревари во говор и есеј итн. За возврат училиштето ни обезбеди смештај, храна и скромен надоместок - доволно за да го покриеме нашиот престој таму.

Следните месец и пол ги поминавме во провинцијата Yunan, можеби најживописната Кинеска провинција каде се населени преку 20 етнички групи - секоја со своите обележја. Yunan граничи на југ со: Лаос и Виетнам, на запад со Мианмар, а на север со Тибет. Така, во Yunan може да се видат тропски предели со џунгли и Изгрејсонце над Снежната планина Meiliпрашуми покрај реката Меконг, оризови тераси во централниот дел се до планини од скоро 7000 мнв, во Тибетската област Shangri-La. Ние се сконцентриравме најмногу на Тибетскиот регион поминувајќи по неколку дена во планина, преспивајќи кај локални семејства во мали запустени Тибетски селца, дегустирајќи млеко од Јак и житна ракија. Меѓу повеќето планински тури, пеш поминавме една трансверзала од околу 100км воздушна линија, притоа спустајки се во рецни долини на 2000м и искачувајќи сртови до 5000 мнв. Тргнувајќи од самата Тибетска граница и граничното селце Filaise на падините на Meili Xue Shan, Снежната планина Meili, преминувајќи преку неколку реки и планини, стигнавме до местото Benzilen – во близина на гратчето Shangri-La.

Следен подвиг беше истражување на плананината Haba Xue Shan или Снежната Планина Haba. Поаѓајќи од селото Хаба кое се наоѓа на околу 3300 мнв, одново поминавме неколку дена во планина, отсечени од секаква цивилизација и телефонска комуникација. Кампувавме со шатор на висина од 4700-4800 мнв и секојдневно по карпести гребени му пристапувавме на врвот од 5396 мнв. Како истражувачи и авантуристи НЕнамерно секојпат го одбираме потешкиот пат за пристап, избегнувајќи водичи и комерцијални патеки.

Снежната Планина Haba

Иле на Haba

Поглед надоле


Така и овојпат, наидовме на големи технички препреки кои бараат алпинистичка опрема и сериозен пристап. Движевме по стрмен ронлив гранитен гребен кој повремено беше прекинат со долги вертикали. Вода снабдувавме од растопен снег а се раневме со сушено локално овошје и зелени капсули. Неколкудневниот престој на околу 5000 мнв добро влијаеше на нашата аклиматизација, по што одлично се чувствувавме на таа висина, заборавајќи на разредениот кислород.

По десетина дена во планините на областа Shangri-La, се вративме назад во цивилизација. Во моментов се подготвуваме за нов подвиг а тоа е светското првенство во спортско качување, што ќе се одржи од 30.06 - 05.07.2009, во провинцијата Qinghai. Илија ќе такмичи па веќе петнаесетина дена живееме во пештера во селото Tuanji Shan во близина на Kunming, каде тој интензивно тренира на насоки од 7б до 8б+. Јас пак спремам нов сликарски проект на тема „Прав од емоции“ во поотежнати услови во пештерата а инспирирана од Кинеските мајки и нивната невообичаена „hard core“ активност во застарени Кинески селца.


Текст и фотографии: Илина Арсова и Илија Ристовски
20.06.2009 год.


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Мустаг Ата 2009

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани