|
|
|
Извештај на активности од Северна Кина и Казахстан, Јули-Август 2009 |
|
|
|
Крај на првото издание од нашето Азиско патешествие – to be continued :)
За време на дваесетдневниот пештерски живот во пештерата Tuangi Shan провинција Junnan - Југо Западна Кина), имавме предизвик да бидеме првите во искачувањето на повеќе ново поставени насоки. Оваа пештера е слабо комерцијално развиен качувачки локалитет а располага со триесетина убави насоки од 7б до 8б. Иле интензивно тренираше и искачи повеќе насоки 8а+, и некои проекти чија оцена не е потврдена, но се претпоставува дека е 8б. За време на овој престој јас повеќе се фокусирав на мојата уметност што резултираше со повеќе дела и две изложби на тема „Емотивна Прашина“.
|
|
|
Повторно цивилизација и конечно, Македонскиот качувачки тим составен од: Илија Ристовски и Илина Арсова, кон крајот од Јули 2009 се најде на Светското Првенство во Спортско Качување кое се одрша во провинцијата Qinghai - Северна Кина.
Оваа година Светското првенство во Спортско Качување за прв пат се одржа во Азиска земја, во соработка на ИФСЦ и Азиската Асоцијација за спортско качување, целосно поддржани од Кинеската Влада, Министерство за спорт, како и Кинеската Федерација на Планински Спортови. Кинеските претставници од организацијата се извинија за несовршеноста на настанот кој се должел на пре-кусиот осум месечен период за подготовка, кој бил далеку од доволен за успешна организација на настан од овие димензии. Според нас, а и многу други Европски претставници, настанот се одвиваше во најдобра организација од секој можен аспект. Почнувајќи од временски распоред, избор на местачи на насоки, изолациона зона, промоција на настанот и медиумско покривање, прослави и прогласувања, итн ...
На ова првенство забележавме голем скок и професионален напредок во Спортското Качување, што доста се разликуваше од останатите качувачки настани и натпревари кои ги посетивме во изминатите година и пол за време на нашето патешествие низ Азија. Забележавме и голема разлика во техниката на качување меѓу Азиски и Европски претставници, начин на поминување на проблемите како и начин на зголемување на издржливоста. Критериумите на овој натпревар беа исто така на повисоко ниво од порано, така што насоките за квалификации во тежинско качување за жени и мажи почнуваа од 8а и 8а+, а во финале достигнуваа 8ц+. Незаборавно беше финалното шоу на победникот Патџи кој единствен качи Топ пред фаворитот Адам Ондра. За Ондра кој пак беше прв во полуфиналето, ова беше прво Светско првенство меѓу сениори.
Болдер насоките исто така задаваа современи болдер проблеми, на кои изненадувачки најдобро се снаоѓаа Руските претставници.
Дисциплината Брзинско качување се одвиваше зачудувачки брзо на четири паралелни унифицирани насоки. Брзинското качување се одвиваше на насоки од 10 и 15м и се постигнаа нови рекорди на двете висини.
На денот за одмор имаше забавно-натпреварувачки дисциплини и тоа: Скок (Dyno) и брзинска штафета.
Настанот го поддржаа сите светски најпознати качувачи меѓу кои и: Силвиан Милет, Патџи, Јулиано Рамон, Адам Ондра, Давид Лама, Ама Сачи, Ана Стор, Кристина Шмит, Маја Видмар, Мина Маркович, Лиза Рандс и уште многу други. Учество земаа четириесетина земји од целиот свет, благодарение на солидарната помош на ИСФЦ која го финансирала учеството на повеѓе економски нестабилни земји. Така сите здружно придонесоа за промовирање и развој на овој спорт во Кина, која располага со солиден капацитет на природни и вештачки локалитети за качување.
Иако Македонскиот резултат на овој натпревар како и секогаш беше на дното на табелата, сепак ние како единствени претставници од нашата земја, задоволни сме од ова незаборавно искуство. Македонското знаме непрестано се вееше, а Македонија како земја учесничка беше позитивно споменувана како поддржувач на овој настан.
|
|
|
Веднаш потоа ни претстоеа незаборавни три недели во градот Urumqi, каде поради жестоки немири 150 луѓе го загубија својот живот а уште 10000 беа пријавени за исчезнати. Кинеската влада немирите ги контролираше со постојани полициски контроли, воведување на полициски час во целата провинција која беше отсечена од секаква комуникација со надворешниот свет во времетраење од цел месец. Според Кинеските извори блокирањето на меѓународните телефони, факс и интернет врски ќе спречеле можни шпекулации и натамошна размена на доверливи информации.
Конечно патот не доведе во Казакстан. Наш домаќин беше познатиот алпинист Алекс Кленов, рангиран како број 1 Алпинист во Русија, реномиран мастер по Спортско качување и интернационален местач на насоки. Со него имавме чест да се дружиме, соработуваме и качуваме во следните месец дена.
Во Казахстан пристигнавме за да го проследиме Азиското Првенство за млади, каде локален организатор и местач на насоки беше токму Алекс Кленов. Настанот беше надгледуван и позитивно оценет од меѓународните претставници на ИФСЦ И АФСЦ. И ние зедовме учество со активности во организација на настанот, а Иле учествуваше и во поставувањето на насоките.
|
|
|
Потоа како гости на Спортско-качувачкиот центар Скала, кој се наоѓа во Алматс-Казахстан, ние одржавме презентација за нашите дотогашни искачуњнја и експедиции низ Малезија, Тајланд И Кина.
Спортско-Качувачкиот Центар Скала е одлично место за тренинг и подготовка за натпревар. Алекс Кленов меѓу другите професионални активности таму, од неодамна бил ангажиран како тренер на Казахстанската Репрезентација. Имено благодарение токму на него оваа година на Светското Прванство во Кина Казахстански претставник за прв пат застана на пиедесталот, освојувајќи сребрен медал во брзинско качување.
|
|
|
Патувањето низ Казахстан продолжи на север, кон градчето Боровое. Таму повторно со Алекс качувавме повеќе насоки од по 200 метри должина на традиционално осигурување. Качивме и по некоја првенствена насока со традиционално осигурување на френдови и чокови.
Иле повторно учествуваше во подготовка на нови насоки, каде следната година во организација на Алекс Кленов ќе се одржи промотивен рок маратон.
|
|
|
Кон крајот на Август патот полека не доведе назад дома во Скопје, а каде натаму никој не знае?
|
|
|
Текст и фотографии: Илина Арсова и Илија Ристовски
05.09.2009 год.
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ |
На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ... |
|
|
|
|
|
Шарски води 2009
|
Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ... |
|
Водно 2009 |
Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно. |
|
Алпинистичко училиште |
Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ... |
|
Титов врв 2008 |
На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ... |
|
Ориентација - Водно |
Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ... |
|
Алпи 2008 |
Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ... |
|
Попова Шапка-Вруток |
Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ... |
|
Трпејца 2008 |
КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ... |
|
Демир Капија 2008 |
Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ... |
|
Титов врв 2008 |
Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ... |
|
|
|
 |
|
|
|
|
|