Фејсбук група

КУРС ЗА ПЛАНИНСКИ ВОДАЧИ

На 07-09.07.2006 започна третиот курс за Планински водачи во рамките на Центарот за стручно оспособување при ФПСМ, целосен донатор на овој курс е ОБСЕ. Со овој курс кој е предвидено да трае до крајот на идната 2007-ма година, ќе бидат оспособени 30-тина посетители на истиот. Во рамките на курсот ќе бидат организирани 20-тина семинари со околу 70 тренажни денови, предвидено е семинарите да бидат организирани на различни локации низ цела Македонија. После успешно полагање на крајот на идната година следува 3-6 месеци приправнички статус пред здобивањето со звањето Водач во планина. Програмата за овој трет круг е поопширна во однос на претходните, исто и тестирањата се посеопфатни. Покрај стандардните цели на самиот Центар за повисока стручност и внесување нови луѓе и идеи во пл. спортови, целта е да се помогне во поставувањето на основите, па и развојот на алтернативниот туризам во западниот дел од државата.
Успешните посетители на курсот ќе се здобијат со лиценца „А“, ќе можат да водат групи на целата територија на РМ, а ќе можат да основаат и туристички агенции за алтернативен туризам со што би се овозможило и намалување на невработеноста што е и главната цел на донацијата од ОБСЕ.
Инаку за септември е предвиден и почеток на процес за издавање на „Ц“ лиценци за Водачи на алпинистички искачувања, за која ќе биде потребно поседување звање „Алпинист“ од Алпинистичката асоцијација на Македонија и одредено докомплетирање на знаењата на кандидатите. Према Константин Циривири покрај досега обучените 70-тина Водачи со „А“ лиценци, најверојатно веќе во октомври ќе се оспособат и првите Водачи со „Ц“ лиценци.

21.07.2006 год.

Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани