Фејсбук група

РЕНОВИРАЊЕ НА ПЛ. ДОМ „МАТКА“

На 14.01.2008-ма година од СД „Пеони“ беше испратено следното писмо:

До Претседателството на ФПСМ,
Почитувани,

Спелеолошкото друштво „Пеони“ Ве информира дека пронајде стратешки партнер со чија помош ќе се реновира Планинарскиот дом „Матка“ во целост, и ќе се стави во квалитетна функција.
Санацијата на домот ќе започне веднаш, а ќе бидат потребни околу 4 месеци за реализација на потребните работи.
Во овој период домот нема да може да прима посетители.
По завршувањето на санацијата, ќе биде организирана соодветна промоција за која ќе бидете благовремено известени.

Спелеолошко друштво „Пеони“
Претседател
Жежовски Иван

На состанокот на Претседателството на ФПСМ одржан на 14.01.2008-ма год. едногласно беше одобрено потпишувањето на договорот со кој ќе се реализира идејата од горенаведеното писмо.
Инаку реновирањето ќе ги зафати сите делови од домот, приземјето, спратот и поткровјето. Во приземјето предвидено е да биде отворен ресторан во македонски национален стил. На спратот сместувањето ќе биде поквалитеткно, во сите соби ќе има тоалет со купатило.
А во поткровјето предвидено е да има планинарско сместување. Покрај неколкуте соби со кревети на спрат, ќе биде изградена и просторија за дневен престој со чајна кујна, и тоалетен чвор.

Информации: Жежовски Иван

15.02.2008 год.

Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани