|
|
 |
|
|
|
Активности на ПСД „Бистра“ - Кичево
|
|
| |
Према информациите добиени од Сашо Божиноски претседателот на ПСД „Бистра“ - Кичево, интензивно се работи на обновување на активностите на ова порано многу активно друштво, кои беа на минимум во минатите години најмногу заради неповолната безбедносна ситуација. Во тој период ги имаа изгубено дури и просториите што претходно ги користеа, но минатата година добија нови простории во Домот на културата во Кичево. На 14 април по повод 10-годишнината од постоењето одржаа и многу посетена изложба на планинарски фотографии и слајд-проекција. Во април од ЈП „Македонски шуми“ добија на користење објект кај с. Попоец и моментално засилено работат на негово реновирање и адаптирање во планинарски дом. Исто така планираат во наредниот период да го решат и правниот статус во ФПСМ. А она најважното е возобновувањето на меморијалниот марш „Кочо Рацин“ до месноста Горни Лопушник, предвидено веќе за 10 јуни оваа година. Повеќе детали ќе бидат објавени наскоро, бидејќи се уште нема да стигнат со реновирањето на новиот дом, треба да ја најдат најдобрата варијанта за сместувањето за заинтересираните учесници. Детални информации ќе бидат објавени на нивниот сајт кој моментално е во изработка http://psdbistra.cjb.net.
сл. 1 - Обновување на кровот на објектот; сл. 2 - ручек и пауза по напорната работа.
25.05.2006 год.
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ |
На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ... |
|
|
|
|
|
Шарски води 2009
|
Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ... |
|
Водно 2009 |
Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно. |
|
Алпинистичко училиште |
Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ... |
|
Титов врв 2008 |
На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ... |
|
Ориентација - Водно |
Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ... |
|
Алпи 2008 |
Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ... |
|
Попова Шапка-Вруток |
Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ... |
|
Трпејца 2008 |
КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ... |
|
Демир Капија 2008 |
Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ... |
|
Титов врв 2008 |
Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ... |
|
|
|
 |
|
|
|
|
|