Фејсбук група

ПЛАНИНАРСКИ АКТИВНОСТИ ВО КИЧЕВО

Поздрав од Кичево каде малку по малку ги засилуваме активностите околу домот. Ја завршивме конечно реставрацијата на кровот, а пред една недела со помош на механизацијата од едно јавно претпријатие почнавме да ги санираме оштетувањата на пристапниот пат, но за жал се случи еден дефект кој се уште не можат да го отстранат, така да се уште чекаме да го завршиме тој дел од санацијата, а потоа да се префрлиме на следниот дел - бетонирање на подните површини.
Еве и извештај од нашата Старт од с. Старавинаминатонеделна акција во Мариово. На покана од ПД „Козјак“ од Прилеп нашето друштво учествуваше на еднодневна тура низ Мариово во недела 17-ти септември. Стартот на турата беше закажан во с. Старавина во 8:30ч. Домаќините организираа превоз од Прилеп попатно собирајќи и планинари од Битола покрај РЕК „Битола“, но бидејќи ни беше пократко да дојдеме директно до Битола дојдовме со сопствен превоз до Старавина која е на 50-тина километри од Битола. Со турата почнавме околу 9ч упатувајќи се кон исток-југоисток по сртот на ридот по макадамски пат, а потоа 2-3 пати го скративме патот преку зарастени козји патеки. За наша среќа дождот кој накратко почна да врне го избегнавме засолнувајќи се во локалната шумска куќа. Набрзо преврна и за кратко време стигнавме до Градешничките извори каде направивме Мариовска пустелијапауза за ручек по два и пол часовното пешачење. Враќањето назад кон с. Градешница и с. Старавина беше по течението на Градешничка река при што неколку пати ја поминувавме истата преку импровизирани мостови, пристигнувајќи во с. Градешница после 2,5 часа, но мокри до гола кожа како последица од силниот дожд кој не следеше последниот час од турата. Од Старавина утрото имаше уште една група планинари кои се упатија кон с. Зович и Чебрен, но бидејќи немаше кој да го врати возилото со кое дојдовме 10 км наназад каде што турата требаше да заврши, истата ја оставивме за некоја следна прилика.


Пејсаж на Црна река

Мал одмор

На целта - Градешнички извори


Напис и фотографии: Сашо Божиноски, претседател на ПСД „Бистра“ - Кичево
27.09.2006 год.

Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани