Фејсбук група

ДРУШТВО ЗА ПЛАНИНАРСКИ СПОРТОВИ “ШАРА СКИ” - ТЕТОВО

Друштвото за планинарски спортови „Шара ски” е здружение на граѓани основано во Тетово во март 2008 година. Целите на друштвото се омасовување на планинарството, актуелизирање на планинскиот велосипедизам, екстремните спортови, скијањето, спортската рекреација и јакнење на свеста кај луѓето за улогата на планината врз нивното здравје.

Друштвото располага со планимарски дом кој се наоѓа во манастирскиот комплекс „СВ Наум Охридски - Чудотворец” на Попова Шапка. Исто така располага со теренско возило џип марка УАЗ со кое може да се организираат планинарски тури на помали групи.

Во активностите на друштвото е вклучен и планинскиот велосипедизам како понова и атрактивна активност во планинарството за што постои се поголем интерес меѓу граѓаните. Однесувањето на ски терените на сите учесници во зимските спортови е една од приоритетните активности на која Друштвото ќе работи во зимскиот период.

Контакт:
Адреса: ул. Благоја Тоска 41/14 1200 Тетово
тел: 070 329 - 898 Тихе; 070 076 431 - 655 Ивица
Е- маил: saraski_te@yahoo.com
жиро сметка : 290 000000 8228 - 05 ТТК Банка

Друштвото за планинарски спортови „Шара ски” управува со планинарскиот дом „ШАРА СКИ” - Попова Шапка

- Локација: Манастирски комплекс „СВ Наум Охридски - Чудотворец”, Попова Шапка
- Пристап: До домот може да се дојде по 20 км асфалтен пат до хотел Попова Шапка, а од тука до домот по 300 метри макадам пат прооден за лесни возила во летен период
- Работно време: Домот работи постојано во текот на зимската сезона додека во летниот период потреба е претходна најава.
- Капацитет: Домот располага со 18 кревети сместени во 3 соби и тоа: една со 8 кревети, втора со 6 кревети, трета со 4 кревети. Собите располагаа со посебно ЊЦ со туш, загревањето на собите е со греалки.
Во склоп на планинарскиот дом работи и ски кафе со капацитет од 50 места кој е погоден за секаков вид на забави.
- Предности: Домот нуди можност за сместување на помали групи на планинари и скијачки бидејќи се наоѓа на самите скијачки терени на Попова Шапка.



ДПС „Шара ски”


04.12.2008



Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

Ве известуваме дека Ориентациониот клуб Трансверзалец Скопје на 26.03.2011 год.- Сабота на локацијата Градски парк ...

СПОРТСКА ОРИЕНТАЦИЈА

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ ВО СПОРТСКА ОРИЕНТАЦИЈА 09.11.2010 ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани