|
|
 |
|
СУФАН ДАГ |
|
|
|
Втора планина по височина во Турција, околина на езерото Ван - источна Турција.
Никогаш не ја дознавме вистинската висина на врвот, кој според некои извори изнесува 4434 мнв, а според други извори и мапи - 4058 мнв. Како и да е, цифрата не беше воопшто битна за да се одлучиме да го качуваме Суфан даг. Оваа планина не е толку комерцијално посетена, ниту пак туристички развиена, а изобилува со недопрена природа и интересни пејсажи, запустени курдски селца, вулкански езера, други околни вулкански врвови и сл. Прилично лесна пешачка тура која ја препорачуваме како одличен избор за сите што сакаат да искусат 4000 мнв, и секако тоа да не биде добро позната “клише” дестинација - Монт Блан.
Е сега ... патешествието до таму беше посебна приказна. Мора да се напомене дека тој дел на Турција е критично подрачје во моментов, поради внатрешните конфликти помеѓу Турците и Курдите. Ние се одлучивме да патуваме со воз од Истамбул до Татван. Тоа беа три незаборавни дена на истиот воз, заедно со неколку Курдски терористи, минирана шина и слични доживувања. Вовчето кое на крајот мораше да се замени со комби (бидејќи останавме само тројца патници и седум вработени), сепак безбедно не донесе во Татван.
|
|
|
 |
 |
 |
|
|
Директна линија |
Од воз |
Ине спие |
|
|
Според првичната информација патувањето требаше да трае „околу“ 35 часа, но поради разните случувања патувањето траеше повеќе од 55 часа. Понекогаш цел воз застануваше на повикот на Оџата за сите муслимани да си ги обават верските дневни обврски. Во околината на Дијарбакир чекавме повеќе од 2 часа, Турските специјалци да ја расчистат минираната шина. Иначе истиот воз продолжува за Иран, па многу курди го користат за транспорт ... Поради многу сомнителни лица често имаше детални прегледи на сите патници, кога и неколку вистински терористи беа затворени. Итн итн .... И конечноооо Татван.
|
|
|
 |
 |
 |
|
|
Поглед кон езерото Ван (најголемо во Турција) |
Поглед на езерото Ван од Адилчеваз |
На автобуската во Адилчеваз |
|
|
Следниот ден отидовме во селото Адилчеваз од каде требаше да добиеме дозвола за качување на планината издадена од локалната полиција. После 3 саати негодувања и лекции за критичната состојба во регионот, дозволата ни беше одбиена и не ни беше дозволен пристап на планината поради честите терористички активности. Единствена опција која ни беше дозволена беше да го најмиме претседателот на локалното планинарско друштво да ни биде водич (по турски “репер”) во околна прошетка до селото Херман Тепе, во подножјето на планината.
Секако, го одбивме предлогот и ветивме дека ќе си одиме од местово со првото комбе. Но, наместо комбе, со автомобилот на штотуку запознаените Курдски другари од локалната чајџилница се упативме кон Херман Тепе - подножјето на Суфан даг. Интересно беше што тие се изнасмеаја на нашата приказна, дека сме одбиени за дозвола за качување на планината поради курдски терористички активности на планината.
Новите другарчиња не само што ни обезбедија превоз до Херман Тепе туку и како добри домаќини не нагостија со смештај и храна.
Сабајлето, домаќинот Јунус, кој никогаш не се качил до врвот на планината, изрази желба да дојде со нас. Облече фармерки, зема доволно кутии цигари за дневна потреба, го позајми ранчето од сестра му која се спремаше за во школо и тргна со нас.
|
|
|
 |
 |
 |
|
|
Иле и Јунус |
Поглед кон Херман Тепе |
Буба Мара |
|
|
 |
 |
 |
|
|
Првиот снег на 2700 мнв |
Мало вулканско езеро |
Кон врвот |
|
|
 |
 |
 |
|
|
Уште два часа до врвот |
Кон врвот |
„Лажно врвче“ |
|
|
И конечно врвот – Суфан даг, што во моментов е замрзнато вулканско езеро под снегот.
Околу 4300 мнв и 6 часа пешачење.
|
|
|
 |
 |
 |
|
|
Суфан даг |
Ние на врвот |
Поглед од врвот кон езерото Ван |
|
|
Од овде нашето патување продолжи кон Анталија, односно спортско-качувачкиот локалитет Олимпос. Понатаму Олудениз и дружење со Менде и други Македонски Параглајдеристи. Потоа Истамбул, па назад во Малезија. За тоа и некои други искуства од Азијава ќе ви раскажеме во една од следните епизоди.
Поздрав од Малезија!
|
|
|
Текст и фотографии: Илина Арсова и Илија Ристовски
26.12.2008 год.
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ |
На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ... |
|
|
|
|
|
Шарски води 2009
|
Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ... |
|
Водно 2009 |
Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно. |
|
Алпинистичко училиште |
Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ... |
|
Титов врв 2008 |
На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ... |
|
Ориентација - Водно |
Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ... |
|
Алпи 2008 |
Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ... |
|
Попова Шапка-Вруток |
Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ... |
|
Трпејца 2008 |
КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ... |
|
Демир Капија 2008 |
Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ... |
|
Титов врв 2008 |
Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ... |
|
|
|
 |
|
|
|
|
|