Фејсбук група

ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО UIMLA

Момент за во историјата - Македонија доби членство во меѓународната унија на професионални водачи во планина (UIMLA - Union of international mountain leaders associations).

Во деновите од изминатиот викенд, од 7 до 9 Ноември 2008 година, во францускиот град Chambery се одржа годишното Генерално Собрание на меѓународната унија на професионални водачи во планина - UIMLA.
Една одНадир Мурсели на собранието на UIMLA точките на дневниот ред беше и прием на нови членки во организацијата. Кандидати за членство беа Македонија, Холандија, Чешка и Бугарија.
Во Петокот, на 7 Ноември, со едногласна одлука на делегатите на Генералното Собрание, Република Македонија, т.е. нашата организација на водачи во планина, стана член на меѓународната организација. Истиот ден со членство се стекнаа и Холандија и Чешка, додека пак Бугарија беше примена по вондредно заседавање наредниот ден.
Наш преставник на Генералното Собрание на UIMLA беше Надир Мурсели кој како и многу пати досега помогна кога беше неопходно.

Процесот на прием за членство во UIMLA минува низ следниве три фази:
1. Кандидат за членство;
2. Член аспирант;
3. Редовен член.

Во моментов Македонската организација на водачи во планина е со статус на Член аспирант. Стекнувањето на овој статус е најделикатниот и најтешкиот дел од процесот на зачленување во организацијата, бидејки преминот од аспирантско членство кон редовно членство е формален процес кој се завршува во период од една година, доколку се добијат позитивни оцени од контролите кои ќе бидат извршени од нивна страна, како и по завршување на неопходните процедури во домашното законодавство со кои се регулира професијата водач во планина.
Аспирациите на македонските водачи во планина за членство во меѓународната унија на професионални водачи во планина започнаа во текот на 2005 година, кога беше извршена ревизија на процесот на обука на водачите на планина и се започна со приемена на професионални стандарди за обука на водачите во планина и организација на нивната работа.
Официјално барање за членство до UIMLA беше поднесено во Октомври 2007 година, после што следеше период на неколкукратно набљудување на работата на нашите водачи, пред се на степенот на стручната оспособеност, како и контрола во работата на Центарот за стручно оспособување кој го раководеше целиот процес на приближување кон UIMLA. На сите проверки добивавме највисоки оцени, посебно во делот на организацијата на образовниот процес. Токму на тоа се должи и релативно брзото добивање на моменталниот статус, за разлика од други земји на кои им беше потребно повеќе време. Со оглед на тоа што центарот за обука - ЦСО е орган на Федерацијата на планинарските спортови, тој како таков не можеше да ги раководи завршните активности за зачленување во UIMLA и таа активност ја превзема неодамна формираната асоцијација (Унија) на водачи во планина на Македонија. Имено, UIMLA е организација каде што се здружени водачите во планина заради професионално вршење на својата дејност, и затоа истата не соработува со спортски здруженија, ниту пак е дозволено членство на спортски здруженија во неа. За таа цел во Македонија беше формирана Унија на професионални водачи во планина, за чиј што претседател е избран Проф. Д-р. Горан Рафајловски, а за генерален секретар е избран Костантин Циривири кој и во изминатиот период суштински го раководеше ЦСО како и работењето на водачите во планина во Македонија и беше промотор и носител на идејата за членство во UIMLA.
Што следува понатаму?
Досега работевме напорно и резултатот е видлив. Но во наредниот период не очекува уште повеќе работа и за рaзлика од досегашните активности, наредните не можат да бидат само врз грбот на неколкумина ентузијасти, туку потребно е да се постави здрава платформа за спроведување на строгата програма за работа што ја налага UIMLA. Наредната година, т.е периодот до крајот на 2009 година ќе биде од клучно значење за статусот на нашата организација на водачи во планина, но што е уште поважно ќе биде од клучно значење за професијата и за планинскиот туризам генерално. Ни предстои многу работа за исполнување на задачите што ќе ни бидат зададени од меѓународната организација, темелна подготовка за пречек на нивните инспекции и сериозен пристап кон наредните состаноци и средби што ќе бидат организирани во меѓупериодот до наредното собрание, кога го очекуваме полноправното членство.
На домашен план пак треба да сработиме веројатно многу повеќе. Пред се треба да се заокружи процесот на законското дефинирање на професијата водач во планина преку измени во Законот за туризам, што во земји со администрации како нашата не е лесно. Понатаму, ќе мораме да работиме на зајакнување на домашната организација на водачи во планина и на планот на нејзиното институционално признавање од страна на домашните институции, како во практична така и во формална смисла. Досега водачите во планина беа под капата на Федерацијата на планинарските спортови, но меѓународните стандарди за професионално работење во планинскиот туризам тоа не го дозволуваат и затоа и формиравме унија на водачи како независна организација.
Во овој поглед ни предстои многу работа и се надевам што помалку проблеми, за да им се објасни на сите оние кои во иднина ќе сакаат да се здобијат со меѓународно признатата лиценца за водач, дека ќе мора да се почитуваат меѓународните стандарди, како во погледот на обуката, така и во текот на работењето. Досега се среќававме со големи притисоци, а често пати и со задкулисни игри, како и крајно непочитување на стандардите за работа. Се надеваме дека во иднина овие проблеми ќе бидат се поретки, бидејки од квалитетот на раководењето и работењето на организацијата на водачите ќе зависи и иднината на целиот планински туризам во земјава.
Во правец кон имплементирање на меѓународните стандарди неопходно ќе биде да се изврши и трансформација на Центарот за стручно оспособување, како базична институција која е носител на обуката на домашните водачи во планина, согласно со препораките на унијата и меѓународните стандарди, особено ако се има во предвид фактот, што ЦСО е одговорна институција и за обука на алпинистичките водачи според стандардот на IFMGA (меѓународна унија на алпинистичките водачи), па и од тука се наметнува потреба за измени во работењето.
Во сите овие активности што ни престојат се надеваме дека ќе ги избегнеме вообичаените „балкански“ проблеми, и дека кај сите оние кои се барем малку засегнати од иднината на планинскиот туризам во Македонија, ќе преовладува свеста за важноста и сериозноста на процесот кој се одвива во овој момент.
Среќна и исклучително важна околност е што унијата на водачи во планина во Македонија е формирана од сериозни луѓе и непоколебливи ентузијасти кои веруваат во иднината на планинскиот туризам и перспективите што тој ги нуди за нашата земја.
Исто така многу важен момент е што во изминативе години формиравме генерации на водачи кои разбираат што значи меѓународен стандард за работа и кои поседуваат свест за иднината на професијата и земјата во целост.
Важно е и тоа што меѓународната унија, како и неколку меѓународни институции кои се занимаваат со едукација на водачи во планина, во ЦСО, чиј што кадар суштински ја сочинува новата унија на водачи, видоа сериозна институција која ги исполнува светските стандарди за работа. Доказ за тоа ќе биде и формализираната соработка која ќе биде завршена во блиска иднина со респектирани странски институции, за заеднички бренд во областа на образованието на планинарски кадри. Најважно од се е што во Македонија има идеални услови за планински туризам, милениумска традиција на населението за живот на и со планината, како и богата традиција во планинарската организација во развојот на организираното планинарство во земјава. Ова што денес се случува на полето на планинскиот туризам и професијата водач во планина, нема да беше можно доклку ги немавме горенаброените предуслови, и токму затоа сите овие процеси имаат сериозна иднина.
Што значи членството во UIMLA?
Како што беше претходно напоменато, а и многупати досега пишувано, тоа е организација која ги обедува професионалните водачи во планина во стандардот на trekking, hiking и snow shoeing, т.е. водење клиенти на планина на терени каде што не е потребна примена на алпинистичка опрема. Речиси 90% од активностите во планинскиот туризам отпаѓаат на оваа категорија на туристички услуги. Во UIMLA членуваат само организации кои исполнуваат строги стандарди за работа во областа на планинскиот туризам и кои се придржуваат кон нивните норми за обука и регулирање на професијата водач во планина. Од тука UIMLA е еден вид стандард за квалитет во областа на планинскиот туризам, пред се во делот кој се однесува на водачите во планина.
Членството во оваа организација за нас значи дека домашните водачи во планина ги исполнуваат меѓународните норми за работа, и како такви претставуваат сериозни соработници на секој туроператор кој сака да донесе туристичка група за планински туризам во Македонија. Лиценцата на водач во планина зад која што стои UIMLA, од европското законодавство е препозната како валиден стандард за работење во професијата водач во планина (Europian mountain leader).
Од практичен аспект, тоа има повеќекратно значење, но најважно од се е тоа што со ангажирањето на домашните водачи во планина за работа со странските туроператори, се отвара работа за домашните водачи и воедно цената на комплетниот аранжман што го плаќа странскиот клиент станува пониска, бидејки не се исти трошоците за странскиот туроператор кога испраќа свои водачи во однос на тоа кога користи локален персонал. Со тоа, аранжманите за Македонија стануваат поефтини и поконкурентни на пазарот, а довербата во квалитетот на домашните водачи во планина не е предмет на сомневање, бидејки за нивниот квалитет се грижи UIMLA.
Покрај тоа членството во меѓународната организација ќе не принуди постојано да бидеме будни во процесот на развивање и усовршување на професијата, како и во унапредувањето на целиот планински туризам, бидејки преку UIMLA имаме постојан контакт со најновите светски збиднувања во оваа област.
Накратко кажано направено е многу, но не смееме да западнеме во себељубие и горделивост затоашто не чека уште многу работа, а за резултатите, бидејки и онака имаат историско значење, да оставиме да процени историјата.
На крајот сакам да изразам јавна благодарност до моите најблиски соработници кои ме подржаа и несебично работеа во текот на целиот овој процес, верувајки во една поубава иднина за планинарството, планинскиот туризам и нашата татковина Република Македонија.



Костантин Циривири


11.11.2008



Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани