|
|
 |
|
АЏИНА РЕКА 2006 |
|
|
| Традиционалниот еднодневен планинарски марш „Аџина Река“ се одржа на 17.06.2006, сабота, по 14. пат. На маршот учествуваа околу шеесетина планинари членови на: ПД „Бистра“ – Скопје, ПД „Тетекс“ – Тетово, ПД „Козјак“ – Прилеп, ПД „Златоврв“ – Прилеп, ПД „Картуш“ – Прилеп, ПСД „Кораб“ – Скопје, секако членови на друштвото домаќин ПД „Бистра“ – Гостивар, како и гости рекреативци од градот Гостивар и граѓанското здружение на планинари „Шар“ – Гостивар. Сите планинари во 7:00 часот тргнаа од пред зборното место – платото пред зградата на општина Гостивар, со автобус обезбеден од организаторот кон местото Торбешки мост на местото каде се случила лавинската несреќа во средината на педесетите години, при изградбата на хидросистемот и езерото во Маврово. Колоната тргна од спеменикот на овој настан лоциран на Торбешки мост и продолжи по текот на реката Аџина река и стигна до составот на оваа река со реката Ќафа е кадис (овие две реки се соединуват во една и продолжуваат под едно име Аџина Река). Оттаму по кратко пешачење колоната стигна до бачилото каде планинарите го имаа планираниот појадок од ранец и по краток одмор продолжија кон местото Идризова дупка. Оттука пешачејќи низ шумата и минувајќи низ селото Горно Јеловце планинарите стигнаа до планинарскиот дом „Шарски Води“ каде од страна на организаторот беше организиран заеднички ручек. По ручекот следеше и дружење меѓу планинарите, по што сите беа слободни да продолжат кон Гостивар.
Ние како друштво-организатор сме задоволни од посетеноста и заинтересираноста на планинарите. За оваа тура им заблагодаруваме на сите учесници, а оние кои не беа во можност да дојдат ги покануваме наредната година.
|
|
|
 |
 |
 |
|
|
Почетокот на рутата води по шумски пат |
Преминување на Аџина река |
Дел од колоната по преминувањето на мостот |
|
|
 |
 |
 |
|
|
Дел од брзаците на Аџина река |
На голините по излегувањето од шумата |
Пауза за појадок кај бачилото |
|
|
 |
 |
 |
|
|
Остатоци од снегот по голините |
Поглед на с. Горно Јеловце и домот „Шарски води“ во далечината |
Заеднички ручек во пл. дом „Шарски Води“ |
|
     Извештај: Никола Андоноски, ПД „Бистра“
- Гостивар
     Фотографии: Љубиша Тасески
     14.07.2006
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
РОК ТРИП |
По повод празникот 13 Ноември, денот на градот Скопје, во организација на *СКА* при ФПСМ, а подржана од собрание на град Скопје на 15.11.08 ... |
|
|
|
|
Ориентација - Водно |
Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ... |
|
Алпи 2008 |
Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ... |
|
Попова Шапка-Вруток |
Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ... |
|
Трпејца 2008 |
КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ... |
|
Демир Капија 2008 |
Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ... |
|
Титов врв 2008 |
Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ... |
|
|
|
 |
|
|
|
|
|