|
Учесници: Надир Мурсели, Сашко Кедев, Никола, Билјана Митровска - Шаго.
По иницијатива на Никола за оваа година да се оди на Аконкагва, решивме со Сашко Кедев да се приклучиме во оваа акција, а подоцна и Билјана Митровска Шаго.
Подготовките ги правевме индивидуално, Никола трчање, јас во Швајцарија и подоцна да ни се приклучи и Шаго пред Новогодишните празници на Шара за време на мојот одмор во МКД, со мене и Сашко. Успеавме да резервираме и карти и за неа. Шаго имаше малку време за тренинг но големите планини не секогаш бараат многу сила, добра аклиматизација, мотив и добро време можат да те однесат до врвот. Јас и Сашко пред самото одење на Аконкагва се искачивме во Швајцарските алпи на Бреитхорн 4150 мнв.
3 јануари - Никола и Шаго дојдоа кај мене во Базел, за да сите на 4 јануари летаме за Мадрид, само Шаго леташе рано наутро сама до Мадрид, другите летови ни беа заеднички, и на враќање исто. Цирих, Мадрид, Буенос Аирес, Мендоза.
4 јануари - Поаѓање од Цирих до Мадрид, во Мадрид се изначекавме до 23:00ч вечерта, потоа летавме за Буенос Аирес.
5 јануари - Буенос Аирес – Пристигнавме околу 9:00ч наутро. Јас, Сашко и Никола си ја земавме опремата (багажот), но опремата на Шаго не беше пристигната!!! После 1 час барање и процедури решивме сите да продолжиме кон Мендоза со следниот лет. Направивме план, Шаго со нешто трекинг опрема ако набавиме ќе може да тера барем првите 5 дена во планината додека трае аклиматизацијата, се надевавме дотогаш ќе стигне нејзината опрема. (Шаго беше мирна, добро се држеше). Иако беше многу загрижена, што е и нормално, и требаа стварите за на планина. Во 15:00ч стигнаме во Мендоза. Некаде околу 17:00ч имавме средба со Лаура мојата врска за организација на транспорт на нашата опрема до базниот камп, хотели и се друго.
Лаура ни беше логистика во Мендоза, од голема помош. Уплативме дозволи за искачување на Аконкагва дента и купивме нешто храна. Наредниот ден само требаше да одиме и да ги подигнеме дозволите за влез во паркот.
6 јануари - Овој ден ни беше планот да одиме до Конфлуенциа (3390 мнв), тоа е меѓу-камп од влезот на Аконкагва и главниот камп на Аконкагва, Плаза де Мулас кој е на 4300 мнв.
Шаго беше без опрема и без ствари, се створи хаос во групата, го одложивме одењето за 2 саати, тргнавме некаде после 14:00ч, претходно ги земавме дозволите, и Шаго мораше да оди на шопинг да купи трекинг чевли и други работи, што ќе и требаат за нагоре. На крај сите се спремивме и заедно со Лаура со мало бусче стигнавме по 3 саати возеше до Хорконес, точно во 18:00ч влеговме по покажување на дозволите, во паркот на Аконкагва. По една заедничка слика и тука започна шоуто.
Некаде кај 21:00ч бевме седнати сите на вечера во Конфлуенциа, Никола не изнасмеа доста и со тоа вратен е духот во тимот. Најважно, сепак успеавме дента да појдеме, не изгубивме ден.
7 јануари - Јас, Шаго и Никола отидовме полека до скоро 3800 мнв, за Сашко исто важеше турата но бидејќи е во добра кондиција, по разговорот со него се решивме на крај сепак да оди до Плаза Франциа платото на 4300 мнв да ја види јужната страна на Аконкагва.
Таа се оди во нормала 6 саати вкупно, може да фати и до 9 саати со се враќање. Затоа е варијанта да се оди до скоро 3800 м. едно врвче без многу заморување.
2004/2005 год, бев еднаш до Плаза Франциа, но многумина се враќаат доста уморни од таму и не сакав овој пат да ризикувам, заради Шаго и Никола.
Дента ние имавмо лесно одење 4 саати вкупно горе-долу, Никола на почетокот сакаше да оди со Сашко, му реков не е добра идеја. Попладне сите се сретнавме во големиот шатор, Сашко за 6 саати бил горе-доле што е многу добро време.
8 јануари - Станавме во 06:00ч наутро, доручкувавме, Летиција девојче кое работи за Лаура и го држи кампот во Конфлуенциа, ни имаше спремено доручек сендвичи за по пат (се разбира за пари). Дента не чекаа 20 км пешачење полека до 4300 мнв, до кампот Плаза де Мулас. Турата е помегу 8 и 10 саати, долг ден пред нас. Планината е сува и има доста прашина. Се препорачува да се пијат 4 до 5 литри течности дневно. Со нас носевме само трекинг опрема, нешто храна, не многу тешки ранци. Другото се ни беше пратено со мули.
После 8 часа и 30 мин стигнавме со Никола и Шаго, Сашко беше тука нешто повеќе од саат и не чекаше во влезот кај што се прави проверка на дозволите. Малку подоцна поставивме шатори и се спремивме за одмор, ја отворивме опремата од торбите што беа стигнати веќе пред нас, со мулите. Со Лаура во Мендоза се договоривме да ја испрати опремата на Билјана. Веднаш штом стигне !!! И ако стигне? Ако не, резервен план ни е да ни прати изнајмена опрема. Лаура знаеше каква, досега се искачила трипати на Аконкагва.
9 јануари – Овој ден беше предвиден за одмор, доручкувавме и се спремивме да одиме до домчето кое се наоѓа оддалечено 25 мин. одење на 4370 мнв. Претходната вечер пак се смеевме со Никола (односно не изнасмеа со шеги).
Сашко во неговата книга за Аконкагва, што ја купи во Мендоза, прочитал дека качувањето до 5950 мнв, последниот камп 3 на Аконкагва кој се вика Берлин, е само 50% од искачувањето, другите 50% се од камп 3 Берлин до врвот. Штом сме сите тука, на 4300 мнв помалку сум загрижен.
Аконкагва ја делам на три етапи. Доаѓање до базен логор Плаза де Мулас, потоа втора етапа искачување до камп 3 и трета етапа од камп 3 до врвот. Попладне требаше да одиме на преглед кај докторот од кампот, ќе бидеме одморни и тогаш е најдобро да се прегледаме. Во домчето пиевме чај и пробувавме да се јавиме кај најблиските итн. После неколку саати седење, отидовме на преглед, бесплатен е, врачунат е во цената на дозволата што се купува за Аконкагва.
Притисок имавме сите добар освен Никола и Шаго на мерење кислород со апаратче на прст, тие требаа уште малку да останат во Плаза де Мулас за да се аклиматизираат подобро.
10 јануари - Шаго и Никола тоа утро отидоа на уште еден преглед, јас и Сашко се спремивме да одиме до Камбио или т.н. наречен Аљаска меѓукамп на 5300 мнв. Со нас носевме дерези, термоси со вода и нешто храна, да ги оставиме горе. Направивме депо – тука ќе спиеме за некој ден, па од тука продолжуваме за горните кампови.
4 саата одевме горе-доле, точно 1000 м. во еден правец поминавме тој ден. Шаго и Никола си го поминуваа денот кој како знае во Плаза де Мулас, пиејќи течности и се шетаа.
11 јануари - Овој ден Никола реши да оди до Камбио, ден порано, му било доста досадно, сретнавме еден бразилец претходно во близина на нашите шатори, беше сместен со трекинг чевли и јакна за ветер, сакаше да оди на врв! Му реков да изнајми барем пластични чевли инаку ќе му замрзнат сигурно прстите на нозе према врв кога ќе оди, ако воопшто стигне да оди према врв!? Нешто дента се договараа да одат со Никола нагоре, но Педро бразилецот беше многу спор, имаше многу тежок ранец така да Никола си тргна нагоре.
Јас и Сашко дента отидовме во домчето каде бевме пред два дена. Шаго реши да остане во шатор односно во нашиот камп. Претходно и стигна опремата што Лаура ја испрати изнајмена во Мендоза. Во кампот беше скапо да се изнајми и не толку добра опремата. Не беше на крај се перфект, чевлите беа бр. 43 а таа носи пластични чевли бр 40, како и да е, на крај се снајдовме.
Сашко сакаше да намалиме 3 до 4 дена, сега да одиме до Камбио, еден ден, втор на Берлин 5950 м. и третиот ден на врв рано наутро. Према неговата книга „АКОНКАГВА“. Ако одиме по програма неколку пати горе долу тоа ќе не истошти, беше неговото мислење.
Шансите на Шаго за врв, како што одминуваа деновите се намалуваа, со опремата што ја изнајмивме може да проба да се качи до Берлин, последниот камп.
Со Сашко одиме на преглед кај докторот, притисок 120 со 80, проверка на кислород во прст јас имам 89, Сашко 84 исто како минатиот пат. Јас на кислород достигнувам и до 91. Многу добро но тоа не значи гаранција дека ке се качиш на врв. Се е во главата ментално, психички и сл.
Се вративме во кампот, Шаго цел ден се средувала, перела и сега тие малку ствари што ги имала и се чисти. Подоцна стигнува и Никола, дента бил до Камбио на 5300 мнв и не изненади позитивно (оди полека, но сигурно).
На Шаго и го кажав планот за на 12 јануари, дека, јас, таа и Сашко ќе одиме до Камбио.
Потоа до Берлин камп 3, и од таму таа се враќа назад. После штом јас и Сашко завршиме, јас ќе останам во Берлин да му бидам логистика на Никола, кој ќе пристигне дента кога ние треба да се симнуваме од врвот.
Шаго до дента издржа многу јако, но веќе и беше доста импровизација, проблеми - без ствари, немаше ранец, и фалеа доста работи.
Поручек додека седевме со Никола и Шаго во големиот шатор во кампот, разговаравме сериозно дека оној што ќе оди према врвот треба многу да внимава и да знае кога е доста и колку може и кога треба да се врати!!! Рачунавме исто дека до некаде 16:00ч да се оди према врвот, после тоа каде и да си назад бидејќи може да биде доцна.
После разговорот со Шаго и Никола, Никола реши да ни се приклучи за нагоре. Шаго исто тука реши цврсто да се качи до камп 3, можеше да бира или да оди во Мендоза или до камп 3.
Многу тешко и падна дека шансите за врв со компликацииве што и се случија, и се многу мали. Значи, одиме сите нагоре до Берлин, прво спиење во меѓукамп Камбио, потоа спиење во камп 3 на 5950 мнв, па од таму на врв.
12 јануари – Се спремивме сите за нагоре, прво отиде Сашко, потоа тргнавме со Шаго. По пат го сретнав Педро, стигнал до 5000 мнв и се откажува од понатамошно качување, поради слаба опрема – Никола се спремаше, подоцна тргна и тој. Сашко без обзир дали има лесен или тежок ранец, темпото му беше исто, за 3 саати и некоја минута стигнува во Камбио. Нам ни требаа нешто повеќе од 5 часови. Одевме по убаво време со сонце. Кога стигнавме во Камбио Сашко еден дел од шаторот го имаше постелено, шипките беа кај мене, со Сашко го поставивме шаторот кој е за тројца – ќе не собере сите внатре. Некои планинари ни го имаа земено убавото место за шатор, вреќите со депо ни ги поместиле на друго место, не беше лошо за среќа новото место за шатор. Изгледа дека имаа земено (украдено) и едно шише со вода.
Јас малку се бунев но изгледа џабе е кавга, треба за врвот да се мисли. На Сашко му реков да беше Јован Попоски, лесно ќе се справеше со нив досега.
Кратко после нас стигна и Никола, Шаго малку прошета накај снегот што беше оддалечен 50 метри, си најде поточе со чиста вода, и ни заштеди многу работа во топење снег. Чај и ручек си направивме, после си ги наместивме вреќите за спиење.
Ноќта спиевме добро, беше тесно но топло, Шаго спиеше во изнајмена вреќа, Никола се будеше од време на време, не спиеше добро. На почетокот како и секогаш, Никола ќе не изнасмееше добро.
Со Сашко се договоривмо за 13 јануари, бидејќи е брз ќе тргне прв према Берлин камп 3 на 5950 мнв. До 6:00 наутро бивак баракава ја напуштаат последните планинари кои тргнуват према врвот, а првите се враќаат некаде после 12:00 часот. Значи Сашко треба да стигне горе некаде во ова време за да фати три места, за мене Никола и него. По оваа логика се надевав ќе имаме среќа, зошто нема да носиме шатор за нагоре. Инаку освен таа поголема барака, има и мали кои се за двајца или тројца луѓе – за да спиеш во нив треба да имаш добра вреќа, ние имавме добри вреќи (поголем број на планинари си носат шатори).
13 јануари - Камбио 5300 мнв. Се разбудивме наутро, беше ладно, требаше да топиме вода, поточето беше замрзнато, Никола и Сашко земаа од снегот надвор.
После краток доручек Сашко се спреми и тргна према Берлин. Претходно патот до Берлин поминува покрај камп 2 Нидо де Кондорес. Шаго бидејќи нема да спие горе се спреми и она и тргна нагоре. Штета, нема да може да направи обид према врвот но барем да стигне до 6000 мнв, и тоа не е малку.
Јас и Никола се спремивме, собравме се термоси, вреќа, храна, некаде по 20 кг на ранец ни дојде, исто важеше за тројцата што ќе спиеме горе. Не сме едиствени што одиме со толку тежина нагоре, сите одат во просек со таа тежина. Постојат две можности да заштедиш во тежина, првата еднаш да имаш одено до последниот камп Берлин и да оставиш нешто опрема!!! А втората да изнајмиш носач, но ретко некој изнјамува носач - технички делови во планината нема и да заштедиш, концетрација итн. Се е до логистиката и колку време ќе останеш во планината, дозволата важи 21 ден, има доволно време за аклиматизација но дали може да се издржи сите тие денови тоа е индивидуално (психички, физички итн).
Околу првата варијанта за носење опрема тешко е да се изведе, поголем дел опремата ја имаш секогаш со себе, вреќа, вестон и др. Така да треба да имаш дупла опрема па да качиш горе, се разбира и шатор. По неколку саати одење нагоре 200 метри пред Берлин ја видов Шаго на симнување, претходно се видела со Сашко и направиле слики. Ја познав по изнајмената јакна и и мафтам, по кратко време и честитав, се радувавме и двајцата. И покрај се што помина успеа да стигне до Камп 3.
И реков да не спие во Камбио сама на 5300 мнв, ќе биде таму многу ладно, да оди се до долу до базниот камп на 4300 мнв, а наредниот ден да се спушти од планината, ќе се најдеме во Мендоза. По кратко време стигнувам и јас во Берлин, познато ми е местово еднаш веќе бев тука 2005-та година. Стигнувам во бараката, се наведнувам да видам што прави Сашко, откако претходно ми кажа Шаго дека се виделе, и дека тој е веќе во бараката. Низ малото вратиче погледнав, Сашко е внатре лежеше во вреќата, одмара. И чува место за нас, планот ни успеа по онаа логика и брзината на Сашко, веќе имавме доволно место. Некои претходно прашувале за да се сместат внатре биле поголема група, Сашко им рекол дека не чека нас (внатре се спие убаво само со добри вреќи за –20 / –30). Влегов и јас внатре, ја спремив вреќата и си легнав, бев уморен, тешкиот ранец да се довлечка до овде не е лесна работа. Се разбира за сите што ќе дојдат до камп 3.
По кратко време дојде и Никола, нешто околу 17:00ч беше. Сите во вреќи легнавме и не зборевме многу, спиевме. Пред 19:00ч влезе еден војник од Аргентина (ги познавме по тоа што носеа маскирни ствари) и не праша дал има место за петмина? Рековме има, и они се сместија внатре.
Подоцна почнавме да топиме снег сите, еден од војниците веќе бил на врвот 9 пати. Ни кажа дека наредниот ден после пладне времето нема да биде добро, така да решивме и ние со нив да тргнеме во 2:00ч наутро, станување во 01:30ч. Вечерта после 21:00ч во договор со нас Никола решава да не оди на врвот!!! Толку мака и пат до тука, да се донесе таква одлука е за почитување. 22:15ч беше доцна, треба да бидсѕ спремни минимум 2 литри вода кога се оди према врвот. На полноќ се разбудив, палам челна лампа и светев накај Никола, многу беше тивок, во Камбио не спиеше добро, се загрижив што беше мирен! Гледам накај него, спие, нашински речено топ не би го разбудил, одлично. Сашко исто проверил еднаш дали спие Никола. Во бараката беше мирно, Тишина пред БУРА.
14.јануари - Summit day, во 01:30ч се разбудив, палам челна, го будам Сашко, јас се чувствував ненаспан и уморен, му кажувам на Сашко дека ќе останам во бараката, тој ќе оди нагоре со групата.
Тешка одлука за мене, претходно и за Никола – но веќе решив. Остана да му помогнам малку на Сашко околу спремање. После 20 мин Сашко беше спремен и тргна. Со војската имаа и едно куче сибирско, одеше со нив, Херкулес му е името.
Јас и Никола продолживме да спиеме до некаде 10:00ч наутро, потоа почнавме да се пакуваме, и тргнавме надолу. Првин јас потоа Никола. Во Камбио го пакував шаторот, потоа стигна и Никола, нешто ствари останаа да ги доземе и почна да се симнува надолу во базен логор. На Сашко му ги спремивме стварите во Берлин. Кога ќе се симне од врвот, ако е уморен може да остане тука – ако не да продолжи надолу. Сашко да се чека во камп 3 немаше потреба, мојата прогноза беше дека ќе се симне директно до базен камп од врвот. И претходно се договоривме, нема чекање. Јас се симнав во базниот камп и почнав со пакување за дома, подоцна стигна и Никола.
18:00ч - Од врвот до базен камп се спушти и Сашко. Додека се распакуваше во шатор ни ги кажа веднаш впечатоците. Качувањето било тешко, само што излегле од бараката на двајца од нивната групата почнало да им се лоши, на Сашко му било многу ладно на рацете, и подоцна ги навлекол експедициските ракавици. Кај Индепендиенсиа на 6370 мнв малку каснал, претходно без јадење тргна, ставиле дерези на 6370 мнв, и тука траверсата до 6600 мнв ја поминале без проблем, потоа на 6600 мнв Каналета, до 6800 мнв. Тоа е клучниот дел, таму било доста тешко, и по 8 часа и 30 мин. во 10:30ч наутро се искачиле на врвот на Аконкагва. Дента биле први со едни американци. На врвот било доста ладно, подоцна сите заедно се симнале до камп 3 Берлин, Сашко ги собрал стварите и по кратка пауза продолжил да се симнува се до базниот камп на 4300 мнв. После вечера и дружење со еден Чилеанец, сите отидовме на спиење. Претходно организиравме транспорт до излезот на Хорконес, имавме среќа што најдовме муле, инаку треба 2 дена порано да се организира. Сашко и Никола решија да јаваат до долу, јас се решив за пеш, кога бев прв пат на Аконкагва за надолу јавав на мула и бидејќи не ми одеше добро решив веке никогаш да не јавам.
15 јануари - Отидовме на доручек кај нашиот нов пријател од Чиле Вилијам, подоцна почнавме да се пакуваме, јас ќе одам уште еднаш до домот, во собата кадешто се сите знамиња ќе ја закачам убавата маичка со знамето на МКД што ја донесе Сашко. Претходно се потпишавме сите и ставивме до која височина сме биле.
Во меѓувреме чув дека еден мој стар пријател од Патагонија, е исто во домот, дошол да се јави дома, се вика Анхел. Се видовме во домот иако претходно се имавме договорено дека ќе се најдеме некаде по камповите, ја закачивме маицата (знамето така речено), инаку Анхел се искачил само ден пред Саско преку полската насока. Јас се вратив во кампот, се поздравив со Анхел и потоа до Хорконес на излезот од паркот Аконкагва, долг е патот но убаво е да се мисли за вечерта, туш и кревет, во Мендоза.
По долги речиси 6 часа и 30 мин. пешачење пред влезот Хорконес ме стигнаа Сашко и Никола со мулите. Чекале долго додека дошле мулите за да тргнат надолу. Се пријавивме кај ренџерите за излез, по организирањето на превоз вечерта околу 22ч бевме во Мендоза, нашата пријателка од Мендоза Лаура и Шаго не чекаа, отидовме после на вечера и прослава сите заедно.
Подоцна останавме уште 3 дена во Мендоза, шетање и добра храна. Проблемите се уште не следеа, Сашко ја изгуби камерата, стварите на Шаго уште не се најдени. Со резервации, чекање по аеродроми по неколку саата, одложување на летовите, конечно во сабота на 19 јануари сите бевме на аеродромот во Цирих. Здрави и живи што е најбитно.
Мислење: Неколку мои пријатели ми рекоа дека нашето искачување било брзо!!!
За да се дојде до Плаза де Мулас кампот на 4300 мнв се препорачувааат 3 или 4 дена. Ние одевме за 3 дена, освен Сашко којшто отиде вториот ден до Плаза Франциа на 4300 мнв.
Со Никола и Шаго имавме првите два дена, 3 до 4 саати максимум пешачење и вториот ден се качивме до висина скоро 3800 мнв. Значи два дена поминати на висина помеѓу 3300 мнв и 3800 мнв, за четвртиот ден да стигнеме до кампот Плаза де Мулас. Петтиот ден си направивме нормално одмор во кампот на 4300 мнв. Значи 2 дена поминати на оваа висина помегу 3300 и 3800 мнв. Доволно е за некој во подобра кондиција да се аклиматизира, со исклучок да не биде турава заморна многу. Затоа јас одбрав да биде од 3 до 4 саати а не одење сите до Плаза Франција на 4300 мнв каде што дента ќе ни требаа 8 до 9 саати во двата правци, со исклучок на Сашко. Се сложувам дека сме се качиле брзо до камп 3 на 6000 мнв, но не и од Хорконес до Плаза де Мулас. Некогаш се случува, да се има втор обид за искачуванје на врвот, затоа се оставаат резервни денови (лошо време, спора аклиматизација и др.). Ние имавме до тој ден 17 дена односно уште 14 да останеме во планината. Јас си оставив еден обид, ако биде во ред ако не здравје. Никола реши да се симне со нас. Шаго немаше среќа да проба дали ке може од 6000 мнв нагоре поради сите проблеми што и се случија со нејзините ствари. Сашко се искачи без проблеми и брзо. Планината е таму, сите сме живи-здрави и со едно искуство повеќе.
|
|