МЕКСИКАНСКО-МАКЕДОНСКА ЕКСПЕДИЦИЈА „ДЕНАЛИ 2006“

Јас сум Глигор Делев, имам 46 години, специјалист сум по ургентна медицина. Роден сум во Скопје а живеам во Монтреал, Канада, од 1969 год.
Се искачив на Денали* по патеката преку Вест Бутрес со пријателите Мат Свенсон од Шведска и Андрес Луна од Мексико. Еве како беше:
Ден 1 (04.06.2006): Лет од Talkeetna до Базниот камп (2200 мнв). Секој од нас носеше по отприлика 25 кг на грбот и по 55 кг на санката. Истиот ден отидовме до Камп 1 (2400 мнв) каде што и спиевме.
Ден 2 (05.06.2006): Искачување од Камп 1 до Камп 3 (3350 мнв).
Денови 3-4 (06-07.06.2006): Аклиматизација во Камп 3.
Ден 5 (08.06.2006): Се искачивме до Камп 4 (4320 мнв). Токму навреме затоа што следните денови беа невозможни за искачување заради лошото време.
Денови 6-9 (09-12.06.2006): Аклиматизација и вежби во Камп 4.
Ден 10 (13.06.2006): Искачување до Камп 5 (5240 мнв) во услови на многу јак ветер.
Ден 11 (14.06.2006): Врв. Беше магла во текот на искачувањето, а на враќање се разведри. Беше идеално. Враќање до Камп 5.
Ден 12 (15.06.2006): Враќање од Камп 5 директно во Базниот камп.
Ова ми беше втор обид за искачување на МекКинли. Минатата година чекав 9 дена во Камп 5 заради лошо време и морав да се вратам не успевајќи да го искачам врвот. Оваа година успеав заради добрата тактика, подобра опрема, добри колеги и подобри временски услови.

Инаку планинарам од 2000-та година и досега сум успеал да се искачам на следните планини:
Cotopaxi (5897 мнв), Еквадор 2000-та;
Chimborazo (6267 мнв), Еквадор 2000-та (искачен двапати);
Sumayar (5600 мнв), Пакистан 2001-ва;
El Corazon (4791 мнв), Еквадор 2002-ра;
Carihuairazo (5028 мнв), Еквадор 2002-ра;
Iliniza Norte (5126 мнв), Еквадор 2002-ра;
Iliniza Sur (5248 мнв), Еквадор 2002-ра;
Cotopaxi (5897 мнв), Еквадор 2002-ра (со син ми, ќерка ми и жена ми);
Tocllaraju (6032 мнв), Перу 2002-ра;
Alpamayo (5947 мнв), Перу 2002-ра;
Tunupa (5432 мнв), Боливија 2003-та;
Chachani (6075 мнв), Перу 2003-та;
Nevado de Toluca (4632 мнв), Мексико 2003-та;
Pico de Orizaba, (5610 мнв), Мексико 2003-та;
Aconcagua (6962 мнв), Аргентина 2004-та;
Huayna Potosi (6094 мнв), Боливија 2005-та;
Sajama (6522 мнв), Боливија 2005-та;
Denali (6194 мнв), САД 2005-та (само до 5200 мнв - Камп 5 заради лошо време);
Island Peak - Imja Tse (6183 мнв), Непал 2005-та;
Ama Dablam (6856 мнв), Непал 2005-та;
Denali (6194 мнв), Аљаска - САД 2006-та.


Во внатрешноста на цревас

Прекрасни пејсажи на враќањето кон Камп 5

По искачувањето


Текст и фотографии: Глигор Делев
Сите фотографии можат да се видат овде.
24.11.2006 год.

* За највисокиот врв на Северна Америка се користат обично две имиња: Денали и МекКинли, како компромисно решение официјално врвот е наречен МекКинли, а националниот парк каде се наоѓа врвот, е наречен Денали


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Меккинли 2008

Славеј Планина 08

По повод 18-ти Август - Денот на АРМ, Ве покануваме на 6-от Меморијален марш и ...

Ориентација

Отворено Првенство на Охрид, Меѓународен натпревар во Спортска ориентација ...

17-то искачување на Голем Кораб

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

Маратон „Јасен 2008“

Од стартот стрмната угорнина која беше наш предизвик, дружбата, чистиот воздух на Сува ...

Меморијал Мурато 08

На 19-тото традиционално искачување на Пелистер (2601 мнв) во чест на нашиот Димитар ...

Голем Кораб 07

Кораб е единствената планина во Македонија со алпски карактеристики. Пејсажите и климата ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани