НА ВРВОТ НА ЕЛБРУС

Деновиве, кога Македонската хималајска експедиција го постигна најголемиот успех на алпинистите од нашата република, освојувајќи го „покривот на светот“, не помалку значајна за алпинизмот во Македонија е и веста за успешното искачување на Радица Арсовска на врвот Елбрус во централен Кавказ, во Автономната Социјалистичка Република Кабардинско-Балкарска. Поточно освоен е источниот дел од врвот, висок 5 621 метар.
Единствено Радица Арсовска и Зоран Милетиќ од Ниш успеаја од десетчлената експедиција „Кавказ 89“ во организација на војвоѓанските алпинисти, да се искачат на највисокиот врв во 110 километри долгиот планински венец во централен Кавказ.
- Илија Богдановски и јас бевме поканети да учествуваме во оваа експедиција. Ние како гости на планинарите од Нови Сад учествувавме и во експедиција на Атлас во Мароко 1985 година. Инаку, ова ми е четврто „гостување“ кај алпинистите од Војводина - вели Арсовска. Што се однесува до овој успех беше планирано да се освојат и источниот и западниот дел од врвот. Но, лошото време и силниот ветер ни оневозможија, па го искачивме само источниот дел - висок 5 621 метар.
Со освојувањето на Елбрус, Радица Арсовска стана единствен алпинист од Македонија, која ги совлада лошото време, ветерот, сулфурните испарувања и самиот Елбрус во зимски услови.
Радица е единствена и меѓу алпинистите во Македонија по женскиот висински рекорд. Поставен е 1983 година, кога успеа да се искачи на 5 671 метар висок врв Демавенд во Иран. Подвигот да биде поголем таа успеа да го освои и следната година, потврдувајќи ги своите алпинистички вредности.
Досега Радица Арсовска учествувала во 5 алпинистички експедиции, но ниту една од Македонија. За тоа вели:
- Бев поканета да учествувам и во македонската хималајска експедиција, но за успешно искачување на тие височини потребни се и соодветни подготовки. Моето работно место, како технолог во „Газела“, не ми овозможува подолготрајни подготовки. А, и досегашните мои алпинистички патувања беа или за време на годишните одмори или пак земав неплатен одмор. Тоа е и причината што не учествував во експедицијата. А, можеби со подобри подготовки и подолга аклиматизација (во Елбрус имав само два дена) ќе го освоевме и западниот дел од Елбрус, што секако ќе ја зголемеше нашата радост - додава Арсовска.
За досегашните експедиции во кои учествувала Радица Арсовска главно сама ги плаќала трошоците за патувањето. Затоа сега ја истакнува својата благодарност на својата работна организација, „Алкалоид“ и АПСД „Роберт Гајдиќ“ за овозможеното патување во Советскиот Сојуз.

Извор: Напис од „Нова Македонија“, 16.05.1989 год.


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Мон Блан

Елбрус 2008

РОК ТРИП

По повод празникот 13 Ноември, денот на градот Скопје, во организација на *СКА* при ФПСМ, а подржана од собрание на град Скопје на 15.11.08 ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани