Фејсбук група

Конечно почеток

Конечно вечерва по враќањето од вториот дел од припремите во Боливија, Глигор Делев тргнува од Монтреал кон Катманду каде ќе се сретне со главнината на експедицијата, којашто тргнува од Белград преку Атина во сабота на 31.03.2007 год. Му пожелав среќен пат и безбедна и успешна експедиција, верувам во име на сите нас, рече дека сигурно ќе дојде во Македонија оваа година.
Инаку интереснo е случувањето во врска со државното знаме кое треба Глигор да го носи, верувам и да го развее на Еверест, му беше испратен пакет кој требаше да стигне минатата недела (барем према вработните во Мак. пошта), но бидејќи до денес не беше стигнат со помош на Протоколот на МНР и нашата амбасада во Белград, утре изутрина ќе биде испратено друго знаме одовде (во амбасадата во Белград најмалото знаме е преголемо 1х2 метри) и договорено е со Драган Јаќимовиќ да го преземат утре од амбасадата.
Глигор изрази спремност да пишува кратки извештаи и да праќа фотографии кога ќе биде во можност, а со оглед на тоа дека Драган Јаќимовиќ веќе му одобри користење на сателитскиот модем кој ќе биде во базниот камп, верувам ќе бидеме во можност да го следиме развојот на експедицијата.
Инаку на учесниците на експедицијата може да им се испрати бесплатна порака на сателитскиот телефон со број 8821667003040 преку сајтот https://sms.thuraya.com.

Николов Богољуб
уредник на MKDmount
29.03.2007

Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани