Фејсбук група

СЛЕДНАТА ЕТАПА - АНДИТЕ

Доцна прексиноќа, од Најроби преку Рим и Белград, во Скопје допатуваа членовите на првата македонска алпинистичка експедиција кои во изминатите 20 дена успеаја да се искачат на двата највисоки врва во Африка - Кибо, висок 5895 мнв и Маунт Кенија (5199 мнв) кои се наоѓаат во планинскиот масив Килиманџаро.
Иако изморени од долгиот и напорен пат, од многуте искушенија што ги следеа при искачувањето на „покривите“ на Африка, сите членови на екипата се чувствуваат добро. Проблемите со висинската болест исчезнаа, сега останува единствено да ги средат впечатоците, да се подготват за нови подвизи.
Плановите се тука. Нова цел е некој врв над 7000 мнв. Пред се на Андите, наредната година и некаде околу 1985 година Хималаите - поточно еден од врвовите на Анапурна.. Меѓутоа, тие амбициозни планови ги надминуваат можностите на едно планинарско друштво - „Матка“ од Скопје. Таа програма е влезена во програмата на Планинарскиот сојуз на Македонија и за неа допрва ќе се дискутира.
Меѓутоа, за водачот на експедицијата на Килиманџаро Јован Поповски нема одмор. За десетина дена тој ќе замине на Хималаите заедно со членовите на југословенската експедиција, чија цел е врвот Лотце, висок 8511 мнв, по Мон Еверест највисок и најтежок врв за качување на светот.
Од Јован Поповски дознавме и за уште некои поединости од качувањето на Кибо и Маунт Кенија.
- И во телефонските разговоритоа го кажав, сега пак ќе го повторам. Висинската болест беше нашиот најголем и најопасен противник на Килиманџаро. Немавме многу време за адаптација на овие височини и проблемите со дишењето, заморот почна веќе на висина од 3700 мнв.
- На врвот Кибу се искачија шестмина членови на експедицијата?
- Да, Ивчевски, Павловски, Росоклија, Маја, Даниловски, јас. Другите четворица останаа на 4700 мнв. Секогаш е така при алпинистичките експедиции, не сите пристигнуваат на целта.
- На Маунт Кенија беше уште потешко?
- Врвовите на Маунт Кенија ги има вкупно три, се алпинистички, потешки за освојување. На највисокиот врв се искачивме четворица: Ивчевски, Павловски, Маја и јас. Тука бевме принудени да ја употребиме комплетната алпинистичка опрема, јажиња, дерези, клинци. За последните 500 метри, од подножјето на големата карпа, до врвот ни беа потребни седум часови да се искачима и околу пет да се симнеме. За среќа времето ни беше наклонето и немавме барем проблеми со него.
Килиманџаро, поточно Кибо и Маунт Кенија останаа зад нив, можат да се пофалат дека успеале да се искачат на „покривите“ на Африка. Јован Поповски ќе оди и „повисоко“, на Хималаите како прв алпинист од Македонија. Тоа е ново признание не само за него, туку на целиот алпинистички спорт во нашата Република.

Извор: Напис од „Нова Македонија“ на 27.02.1981 год.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

ВРВОТ КИБО - ПОСЛЕДНА СТАНИЦА

За првпат во историјата на алпинизмот во Македонија, група алпинисти од нашата Република ќе се обидат во текот на овој месец да се искачат на највисокиот врв во Африка, Кибо, висок 85985 мнв кој се наоѓа на планинарскиот масив Килиманџаро, речиси во „срцето“ на Африка. Ќе биде тоа тежок и неизвесен потфат за кој веќе подолго време се подготвуваат десет алпинисти, членови на алпинистичкото друштво „Матка“ од Скопје.
Тоа се: Владислав Ракочевиќ судија во окружниот суд во Скопје, Јован Поповски машински инженер, Тодор Маја дипломиран правник поранешен републички првак во скијање, Горазд Росоклија лекар, Јован Ангелов и Јован Стојчевски вработени во Металски завод Тито, Мирче Даниловски телевизиски снимател, Стојан Трповски електро инженер, Иван Ивчевски студент и Цветан Павловски службеник.

На „покривот“ на Европа

Сите се искусни алпинисти, кои во изминатите неколку години се имаат искачено на највисоките врвови во Европа, почнувајќи од Матерхорн и завршувајќи минатата година на „покривот“ на Европа - Мон Блан. Меѓутоа Килиманџаро и Кибо, тоа е веќе нешто друго, тоа е подвиг кој носи алпинистички поени и кој дава можност за учество во југословенската алпинистичка експедиција на Хималаите, идната година.
Врвот Кибо, кој се наоѓа во Танзанија не е единствена цел на овие храбри алпинисти. Според програмата, по Кибо, на ред е вториот врв по височина во Африка, „Маунт Кенија“ висок 5199 мнв, кој е далеку потежок за освојување од Кибо бидејќи има тежина од 6 степени според алпинистичките градации.
В петок, на 6 февруари, преку Белград и Рим, алпинистичката експедиција од Македонија ќе отпатува за Најроби откаде, по еднодневен одмор ќе продолжи со едно теренско возило за местото Мошу, кое се наоѓа во Танзанија и кое е околу 400 км оддалечено од Најроби. Тука во Мошу е почетната станица за сите експедиции кои досега го освојувале или се обидувале да го освојат врво Кибо.

До врвот - седум дена

Се е програмирано. Веќе со месеци членовите на експедицијата ја проучуваат литературата за Килиманџаро, за досегашните негови освојувачи. Планот на патот е до детали испланиран, се знае каде ќе бидат логорите за одмор, колку дена ќе биде потребно да се оди пеш од Мошу до врвот.
- Со возило можеме да стигнеме некаде до околу 1500 мнв, ни рече Владимир Ракочевиќ. Оттаму до врвот, пеш, со целиот товар и опрема на грбот. Немаме средства да ангажираме и повеќе носачи. Со нас ќе тргне само официјален водич, кој го обезбедува владата на Танзанија. Тој, по целиот потфат ќе треба да потврди со печат дали сме успеале да се искачиме на Кибо и на Маунт Кенија, бидејќи ќе биде за цело време со нас на Килиманџаро. И двата врва се на овој планински масив.
- Свесни сме дека не очекува тешка задача, многу напори, неизвесен пат, но тргнуваме подготвени за сите искушенија, продолжи Ракочевиќ. Сите сме искусни алпинисти, се подготвуваме подолго време и мислам дека сите сме во добра психичка и физичка кондиција. Впрочем, сите до еден веруваме во успех на експедицијата и се надеваме дека некаде околу 12 или 13 февруари на врвот на Килиманџаро ќе се развеат знамињата на Југославија и Македонија.
Кибо е доста непристапен, барем според фотографиите што ги видовме во друштвото „Матка“. Од 4817 мнв почнува вечен мраз и снег, а под него е еден глечер кој треба да се мине до врвот. Во текот на тој пат се сменуваат од тропска до алпска клима, од сонце и дожд до мраз и снег. Тие последни илјада метри надморска височина се најтешки и тука се најголемите проблеми за многутте експедиции бидејќи има проблем со кислород, со лавини и големиот студ.
Меѓутоа, експедицијата е добро опремена со целосна алпинистичка опрема, тука е и боцата со кислород, лекарства, се што е потребно за еден ваков потфат.


Извор: напис во „Нова Македонија“ од 04.02.1981 година
09.03.2007

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

„Искусните“ пилоти го управуваа авионот со помош на прирачник

Одмор по првата етапа на искачувањето

Последната чешма на патеката кон врвот

Трповски Стојан пред последниот дом „Кибо“

На Гилманс поинт

На врвот - највисоката точка на кратерот


Фотографии: Трповски Стојан
25.03.2007



Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани