Фејсбук група

Извештај за искачувањето на Матерхорн по насоката Лавовски гребен со пристап од Италијанската страна

Алпска трилогија: Матерхорн 4487м. - 16/17.07.2010, Брајтхорн 4165м.- 03.07.2010, Мон Блан 4809м.- 23/24.07.2010


Македонскиот качувачки тим составен од: Илија Ристовски и Илина Арсова, на 16.07.2010 околу 7 часот наутро стапнаа на врвот Матерхорн со пристап од Италијанската страна искачувајЌи ја насоката Лавовски гребен.

Искачувањето на Матерхорн се одвиваше во два дена, првиот ден до планинскиот дом Карела на висина од 3872м, каде преспавме и се аклиматизиравме за следниот ден да го качиме врвот 4487м и да се симнеме назад до градчето Червиња.

Поглед кон домот „Карела“ пред големиот траверс

Пред домот „Карела“, поглед кон насоката


Пристигнавме во Червиња на 28.06.2010. Претходени од активен двенеделен престој со секојдневни активности во Шамони - Франција, се чувствувавме подготвени и веќе добро аклиматизирани за да му пристапиме на Матерхорн. Но, беше премногу рано. Карпата беше се уште покриена со снег а температурите и временската прогноза не даваа знаци за лето. Локалната високогорска служба предвидуваше безбедни услови за качување дури после две до три недели. Одлучивме стрпливо да чекаме, и покрај неизмерната желба да го качиме врвот не сакавме да ризикуваме. Нашиот хотел со милион ѕвездиСпиевме во шатор на ливада со поглед на врвот, од каде секојдневно ги забележувавме промените на снежната состојба. Временската прогназа беше нестабилна а неопходни ни беа барем два последователни дена со добро време.

Периодот на чекање во Червиња како и во шамони, го поминавме активно. Секој ден качувавме нешто ново. Пеш ги посетивме сите околни села, езера, водопади… Качувавме гребени, виа-ферата насоки и околни планини.

Еден сончев ден кога мислевме дека треба да ја обновиме аклиматизацијата го качивме врвот Брајтхорн 4165м. Врвот наликува на последниот срт пред врвот на Мон Блан. Со движи по глечер, минувајќи покрај Малиот Матерхорн 3825м. каде цела година има скијање на највисокиот Европски ски центар. Ски лифтовите и жицарниците се на надморска висина од 3500 до 3900м.

Животот во Шатор после скоро месец дена, стануваше се по напорен. Импровизирана кујна и хигиена, миење и пиење од глечерска вода и сличните околности почнаа се повеќе да не истоштуваат.

Поглед на Матерхорн
од спротивниот врв

Поглед на Матерхорн
од via-ferata насока на спротивната страна

Нашата менза во подножјето на Матерхорнн


Тие денови назад во Червиња бевме сведоци на неуспешен обид кон Матерхорн од група Романци, кои после два дена во карпа беа хеликоптерски извлечени.

После седумнаесет дена исчекување, конечно со добро време и солидна состојба на снегот го качивме величенствениот Матерхорн. Насоката е разновидна со качување по карпа, гребен, траверси во кулоари и сл. Подлогата е мешавина од сува карпа, мраз и снег. На неколку места има вертикални делови со должина од 10-15 метри и тежина околу 4 (УИАА), каде има поставено фиксни јажиња, синџир, а пред врвот скалички. Одредени лавиноопасни места се обезбедени со сајла каде движењето е во стил на виа-ферата. На некои места но не по целата должина има поставено сидришта кои може да се користат за абзел, останатиот дел внимателно се симнува. Во услови на слаба видливост неопходно е да се има добра ориентација во карпа, во спротивно лесно може да се загуби патот особено помеѓу едно до друго фиксно јаже.

Матерхорн - 4478 мнв,
на 16.07.2010

Брајтхорн - 4165 мнв,
на 03.07.2010

Мон Блан - 4810 мнв,
на 24.06.2010


По целомесечен активен престој на Алпи, секојдневно качување и тренинг ги искачивме врвовите Матерхорн - 4487 мнв, Брајтхорн - 4165 мнв и Монт Блан - 4810 мнв. Патем остваривме уште десетина маршути со качување на врвови над 3000м.

Според евиденцијата на планинскиот дом Карела нашата експедиција на Матерхорн беше забележана како прво македонско искачување на врвот по насоката Лавовски гребен. Воедно, според нашите сознанија со ова успешно искачување на Матерхорн на 16.07.2010 во 7ч.наутро Илина Арсова стана прва Македонка во историјата на врвот Матерхорн.

Илија Ристовски на италијанскиот врв Матерхорн, во позадина е швајцарскиот врв

Илина Арсова на врвот Матерхорн

Гребенот Гуте, Мон Блан

На врвот Брајтхорн, во позадина е Матерхорн

Движење кон врвот Матерхорн

Поглед пред изгрејсонце



Мон Блан 4809м, 23/24.07.2010

Мон Блан го качивме исто така на почетокот од сезоната. Во Шамони пристигнавме околу 13-14 Јуни. Времето беше се уште ладно и нестабилно со интензивни дождови. Дождовите на висина над 2000м. беа свеж снег, а снежната граница на средината од Јуни се спушти до 1800м. И таму сведочевме неуспешни обиди кон врвот од повеќе групи. Честите лавини, невреме со грмотевици и ниски температури го отежнуваа качувањето во тој период, па оние кои имаа ограничено време, разочарано си заминуваа.

Тие десетина дена ги поминавме активно, враќајЌи се во форма после шестмесечен престој на нула метри надморска висина. Нулата сфатете ја буквално бидејќи островот Сао Томе, каде поради работни обврски престојувавме долго време, се наоѓа на самиот екватор. Односно островот Ролас непосредно до Сао Томе се наоѓа на самиот пресек на Екваторот со почетниот меридијан. Островот е вулкански, каде го качивме највисокиот врв Пико де Сао Томе на 2024м, се одржувавме во форма со трчање и физичка активност, но во споредба со Алпи немавме доволно сериозен тренинг.

Гледајќи го Мон Блан, проучувајќи ги сите можни насоки нагоре сакавме да ја качуваме пионерската патека. Таа качува покрај глечерот Босон, па го сече местото Џанкшн, каде се спојуваат глечерот Босон и Таконаз пред домот Гран Мулет. Но тој период беше прерано да се пресекува местото Џанкшн пеш, а предоцна за со скии. Високогорската служба не предупреди за опасноста од сераци и креваси во глечерот, особено по свежиот снег и ни појаснија дека таа насока е препорачлива за со скии но со пристап од План ду миди, но не во тој период од годината. Како и да е неколку пати дојдовме до под домот Гран Мулет, како тренинг за загревање и аклиматизација, но од таму нагоре оставивме за следен пат.

Бидејќи главна цел на наШиот овогодишен Алпски престој беше Матерхорн, врвот Мон Блан не ни беше првичен план. Но тогаш времето се стабилизира, врвот се отвори блеснат од сонце со ниедно облаче на него, такашто не можевме да му одолееме, па го качивме по класичната насока Гуте.

Класична Македонска приказна ... влечкање шатори и целосна опрема за спиење во снег, топење снег и прекрасно зајдисонце. Особено ми беше драго што овој пат значително си го подобрив сопствениот рекорд до врв. Овој пат од Тете Рус до врвот стигнавме за само 6 часа.

Мон Блан го качивме на 24 Јуни и веќе на 28-ми бевме во Червиња.

Презадоволни сме од нашиот престој на Алпи и може да се пофалиме дека во сите тури од средината на Јуни до средината на Јули бевме меѓу првите качувачи што имаа чест да ја отворат сезоната на разновидните Алпски врвови.


Текст и фотографии: Илина Арсова и Илија Ристовски
15.08.2010 год.


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани