Фејсбук група

НОЌ НА ОТВОРЕНО ПОД ПОКРИВОТ НА ЕВРОПА

Битолска алпска експедиција при искачување на Мон Блан

Несекојдневна вејавица ги спречи четворицата битолски алпинисти кои на 5-ти овој месец се обидоа да го искачат највисокиот врв на Европа и да стигнат до планираното одредиште, врвот Мон Блан (4.810 мнв). Тој ден, такво нешто не им успеа и на останатите алпинисти кои јуришаа кон врвот, пред се заради неповолните временски услови. За разлика од останатите алпинисти кои се вратија во своите планинарски домови - засолништа, битолската алпинистичка четворка, Игор Радичоски, Петар Нолев, Томе Минчев и Драган Ристевски, членови на ПСК „Пелистер“, заради безбедносни причини останаа на платото на 4.400 мнв да ја дочекаат ноќта.

Густата магла, која дозволуваше видливост од неколку метри, силниот ветер и студеното време со зимски температури беа наши противници таа вечер и ноќ“ - изјави водачот на експедицијата Драган Ристевски и додаде,
затоа бевме принудени, со голема присебност да ископаме две зимски игла во тврдиот снег и некако да ја поминеме студената алпска ноќ под Мон Блан, да ја дочекаме муграта на 6 август, и бавно да го продолжиме патот кон врвот.

А тој ден, во раните утрински часови нашата алпска експедиција меѓу првите успеа да се искачи на покривот на Европа и покрај видливите последици од студот и почетните смрзнатини по екстремитетите на нашите алпинисти, по што на врвот го развиори македонското национално знаме.

Инаку, алпинистичката патека на искачуавање на битолските алпинисти била од француска страна, почнувајќи од Шамони, Еги ди Миди, Космик и врвот Мон Блан, додека враќањето било преку Валот, Де Гуте и Тетрус, и до базниот камп во Шамони.


Текст и фотографии: Радичоски Игор


27.08.2008



Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани