27.05.2007   Катманду ... Веќе два дена се обидувам да ја проверам опремата коај стигна од планината.
Вториот проблем е уште поголем. Не знаеме кога ќе одиме дома. Се обидувам да ги заменам картите но на крај на мај овде тоа тешко оди. Денес седев во Катарската авиокомпанија неколку часа и ги молев да ни излезат во пресрет. Изгледа дека единствена можност е во две одвоени групи да одиме за Атина, а потоа со вечерниот лет на 30.05. сите заедно за Белград. Тоа е засега единствено извесно. Вечерва треба дефинитвно да ми ја потврдат оваа варијанта.
Најдовме Фотошоп ЦС3 и пративме уште неколку фотки, но се намачивме додека ги испративме.
Вчера со нашите шерпаси, помошниците и пријателите го прославивме искачувањето на Монт Еверест. После толку напори требаше да се издуваме. Секоја победа во животот мора да се прослави за да се направат услови за нови.

Драган Јакимовиќ
Водач на експедицијата

25.05.2007   Катманду ... Конечно се јави Глигор Делев од Катманду. Истиот глас и однесување, скромност која не ја смени искачувањето на Монт Еверест.
Моментално има штрајк и речиси е блокиран градот, но за него не е посебно важно затоа што има резервирано карта за Канада на 30.05.2007. Значи за жал нема да дојде ниту со другите членови на експедицијата во Белград, ниту пак во Скопје. Вети дека оваа година сигурно ќе дојде во Македонија, но сега не може се уште да каже поточно кога. Едноставно експедицијата беше многу скапа за него и тоа мора да се одработи, семејството му беше единствен „спонзор“. Го добивме и вториот Македонец на кровот на светот, но колку Македонија му помогна на било кој начин и му обрна внимание претходно?
Се надевам дека барем кога ќе дојде ќе ја добие должната почит и внимание, и тоа не само од граѓаните туку и од институциите на државата, иако како што е скромен тој сигурно ништо посебно не очекува.
Иако сосема непотребно, се извинуваше за неможноста да праќа повеќе извештаи и фотографии, од претходните извештаи ситуацијата е сосема јасна.
За самото искачување рече дека не било толку тешко колку што очекувал. Изрази надеж, желба и спремност во иднина да учествува во македонска експедиција за искачување на Еверест.
За утре најави дека ќе испрати повеќе информации и фотографии од врвот со македонското знаме.

MKDmount

25.05.2007   Катманду ... Некако стигнавме во Катманду. Патот на влезот во градот е блокиран, запалени гуми има на сите страни, млади луѓе извикуваат некакви пароли, а ние се нервираме бидејќи сме уморни и би сакале што побрзо под туш.
Ни беа потребни околу 3 часа да се пробиеме до нашиот хотел. Добро поминавме
Дознавам дека Исвари некако успеал да замени 6 карти за 28-ми мај. Утре е неработен ден, а задутре во недела се работи и ќе пробаме да ги замените останатите 3 карти за истиот лет. Полесно е да се искачи Еверест отколку на крај на мај да се заменат карти за авион кој полетува од Катманду! Но што да се прави, ни се брза дома ...
Марко и јас пред вечера отидовме до мојот бербер Депак за да се избричиме и ошишаме. Сега единствено Петар остана како Робинсон Крусо. Вели дека сака да се врати дома како вистински алпинист!
Проблеми ни прави форматот во кој Петар ги правел фотографиите од изгрејсонце до врвот Еверест. Тоа е RAV формат со NEF тип на датотека. Сакал човекот да направи фотографии од по 15 МБ,а сега не можеме да ги отвориме ниту пак да ги претвоирем во Glavobolje nam zadaje format u kojem je Petar pravio fotke od svitanja do vrha Everesta. To je RAV format, a NEF ekstenzija JPEG формат!! Овде е тешко да се најде софтвер потребен за тоа, посебно бидејќи фотографирал со апарат Никон Д200. Ноќеска тражиме Фотошоп ЦС2 и драјвери неопходни за да се работи. Се надевам до утре се ќе биде во ред.

Драган Јакимовиќ
Водач на експедицијата

22.05.2007   Базен камп ... Конечно една проспиена ноќ. Во Базниот камп сите спиевме како топови.
После доручек морав да отидам до Офицерот за врска за да ги регулирам долгувањата за екстра Јаковите и да ги земам сертификатите за оние кои се искачија на Еверест. Се договоривме утре во 10:00ч да испрати џипови за превоз до Зангму (2700 мнв).
Се е во ред, ќе ни прати и еден камион за опрема. Што се однесува до фотографии и натаму имаме проблем со техниката, но тука се комшиите па некако пративме преку нив. Ова е првиот дел од фотографиите (до изгрејсонце), а другиот дел од Втората степеница до врвот ќе ги пратиме задутре со еден видео-клип.

Драган Јакимовиќ
Водач на експедицијата




Почеток на искачувањето во 23ч / Фото Петар Печанац





На првата степеница / Фото Петар Печанац






Пред втората степеница / Фото Петар Печанац

22.05.2007   Истурен базен камп ... Сите членови на експедицијата вчера стигнаа во Истурениот базен камп (6400 мнв).
Останавме доцна по полноќ прераскажувајќи анегдоти од искачувањето.
Колку е убаво да се смееш на сопствените маки и грешки, кога си на сигурно и кога немаш никакви последици по освојувањето на највисокиот врв на светот.
Имаше и солзи вчера во кампот, прегратки, честитања, смеење ... Сите одеднаш.
Денес се спуштаме во Базниот камп (5200 мнв) и цел ден ќе бидеме на пат.
Вчера јаковите ни ги искинаа каблите од соларните панели така да не можеме да ви испратиме фотографии и видео-клип од врвот. Во Базниот камп имаме резервен комплет така да утре ќе се обидеме да ги испратиме на нашата веб-страница.
Се извинуваме заради тоа но такви работи се случуваат. Кога веќе бевте стрпливи за време на искачувањето, стрпете се уште малку и ќе ги видите преубавите фотографии на Петар Печанац.
Сите членови на експедицијата се чувствуваат одлично и се заблагодаруваат на вашата поддршка, посебно во последните неколку дена.

Драган Јакимовиќ
Водач на експедицијата

21.05.2007   Истурен базен камп ... Ден потоа ... Сите го напуштија Ц2 (7800 мнв), појдоа кон Ц1 и сега се спуштаат во Истурениот базен камп.
Др. Глигор прв стигна во базата веќе во 12:30ч. Изгледа одлично како да не бил на 8848 мнв. А јас највеќе се грижев за него!
Овде во базата веќе почнавме со пакување на опремата. Утре ни стигнуваат јаковите, а задутре караванот оди за Базниот камп (5200 мнв).
Им благодарам уште еднаш на сите на феноменалните пораки кои стигнуваа преку сателитскиот телефон.
Но најдобар беше оној што вчера ми се јави. Рече го видел на сајтот телефонот па да ни се јави.
„Ви благодарам на овој успех, вака не сум се чувствувал уште откога ги победивме Американците во кошарка!“
Без коментар ...

Драган Јакимовиќ
Водач на експедицијата

20.05.2007 (18:34ч локално време)  Ц2 ... Како и што предвидовме, спуштањето е потешкиот дел од искачувањето. Но колку и да е оваа приказна тешка за нас, во еден момент мора да и дојде крајот.
Членовите на експедицијата се спуштија во Ц2 (7800 мнв) каде имаат доволно боци со кислород, храна и гас за готвење.
Иако уморни и исцрпени по денешното искачување, сепак имаат доволно сила да ја одработат потребната процедура на оваа висина.
Утре во попладневните часови го очекуваме нивното доаѓање во Истурениот базен камп.
Сега водачот на експедицијата може на спиење. Им благодарам на сите на поддршката минатата ноќ. Добра ноќ на сите каде и да сте во овој момент ...
Мислам дека ниту јас ниту членовите на експедицијата не сме свесни за големината на постигнатиот успех.
Но тоа не е ни важно, важно е дека сме среќни, а среќата е составена од мали работи. Историски успех или не? Други нека се бават со тоа.

Драган Јакимовиќ
Водач на експедицијата

20.05.2007 (16:00ч локално време)  Ц3 ... Заради предолгото задржување на врвот повеќето членови на експедицијата останаа без кислород по доаѓањето во Ц3 (8300 мнв). Исто така спуштањето по северниот гребен траеше подолго заради заморот и огромното зрачење кое постои на оваа висина.
Во Ц3 прават класична грешка која е опишана во сите учебници за алпинизам. Влегуваат во шаторите и заради големата топлина внатре, дехидратација и замор, во истиот момент сите заспиваат!
Тоа е многу опасно на овие висини и во вакви ситуации. Преку радио врска им објаснив на Петар и Сонам дека по секоја цена мораат да ги раздвиажат. Меѓутоа лесно е да се каже, поединци биле во таква состојба да било тешко да се допре до нивната свест и да им се објасни ситуацијата во која се наоѓаат. Знам дека е тешко и дека нозете не слушаат. Продолжете со движење па макар како полжави, но движете се надолу. Го очекувам следното јавување од Ц2 за околу 3 часа.

Драган Јакимовиќ
Водач на експедицијата

20.05.2007 (10:00ч локално време)  Ц3 ... Вториот дел на тимот е на врвот! Драгана Рајблович, Милош Ивачкович, Др. Глигор Делев, и Шерпасите Лакхпа Тарке и Сонам. Петар остана да ги сочека за да сними некои детали за филм.
Милош ми се јави да ми каже многу работи кои никогаш во живот никому не му ги кажал (Мина извини)!
Тоа е Еверест, тоа е кровот на светот. Придвижува емоции кои не ни знаеш дека постојат во тебе.
Јас само му одговорив „Ајде, што си се стиснал, исплачи некоја солза и за мене ...“
Петар заблокирал. Мислам дека ќе ја користи енергијата од овој ден додека е жив!
Др. Глигор се уште не верува што го снашло и каде се наоѓа.
Гага е чист Зен будизам. Да живее 500 години не би постигнала состојба на духот во која е сега.
Сега претстои најважниот и најтешкиот дел на експедицијата. Да се вратат назад во Ц2 (7800 мнв)!
Тоа е многу потешко отколку да се искачи врвот и тоа сите го знаете.
Им благодарам на сите кои ноќеска не следеа и навиваа за нас. Дел од вашата енергија излезе на Еверест!
Сега сите на спиење, а ние во наредните 6-8 часови ќе се грижиме за враќањето на овие херои.

Драган Јакимовиќ
Водач на експедицијата

20.05.2007 (09:28ч локално време)  Ц3 ... Илија го чека својот партнер на врвот додека тој решил да снима нов „Парк од периодот Јура“!!!
Петар е воодушевен од атмосферата и амбиентот и не го испушта апаратот од рака.
Се обидувам да го убедам дека сепак мора назад.
Драган и Башко веќе отидоа далеку. Се гледа што е одговорност. Тие се на пат кон Ц3 (8300 мнв).
Милош ја исклучил радио врската и не знам колку точно се одалечени од врвот. Но тука се близу, го чувствувам тоа.

Драган Јакимовиќ
Водач на експедицијата

Кликнете овде за да ги видите претходните извештаи.

Др. Глигор Делев испраќа информации директно за MKDmount, а информациите од Драган Јакимовиќ ги добиваме преку Summit extreme team. Голема благодарност до нив за задоволството да ги следиме на нивниот пат кон кровот на светот!

Поглед на Монт Еверест од Калапатар / Фото Трповски Стојан

Поглед на Монт Еверест од Калапатар, искачувањето ќе биде по североисточниот гребен (лево) / Фото Трповски Стојан


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Меккинли 2008

Славеј Планина 08

По повод 18-ти Август - Денот на АРМ, Ве покануваме на 6-от Меморијален марш и ...

Ориентација

Отворено Првенство на Охрид, Меѓународен натпревар во Спортска ориентација ...

17-то искачување на Голем Кораб

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

Маратон „Јасен 2008“

Од стартот стрмната угорнина која беше наш предизвик, дружбата, чистиот воздух на Сува ...

Меморијал Мурато 08

На 19-тото традиционално искачување на Пелистер (2601 мнв) во чест на нашиот Димитар ...

Голем Кораб 07

Кораб е единствената планина во Македонија со алпски карактеристики. Пејсажите и климата ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани