|
|
 |
|
|
|
20.05.2007 (08:45ч локално време) Ц3 ...
Тоооооо .... Србија на кровот на светот ... Српската тробојка се виори ова утро на највисоката точка на планетата. А на местото над кое е само небото чекорат: Драган Петрич, Башар Царовац, Илија Андрејич и Петар Печанац! Викаат, плачат, се радуваат ... Остатокот на тимот е пред целта. Гага, Милош и Др. Глигор се на пола час од врвот. Уште само малку легенди, уште само малку.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
20.05.2007 (08:24ч локално време) Ц3 ...
Шерпа Сонам се јави. За жал Симо не ја помина Третата степеница, се откажа испод неа. Сега не ги знам причините, Сонам вели само рекол дека не може понатаму. Ќе видиме кои се причините кога ќе се спушти во Истурениот базен камп. Ретки се искачувачите кои се откажуваат толку високо.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
20.05.2007 (07:40ч локално време) Ц3 ...
Нема спиење, ајде уште малку. Овде веќе сосема се раздени. Пред малку Бола и јас повторно ја запаливме Пудја како благослов за завршувањето на искачувањето. Имав пред десетина минути аудио и визуелен контакт со Петар и Илија. Петар ми се јави преку радио врска и ми објасни каде се наоѓаат. Тогаш го земав двогледот и ги најдов на завршниот гребен! Моменталните информации се следните: Драган, Башко и нивниот Шерпа Нима веројатно во овој момент се приближуваат до врвот. Го очекувам нивното јавување од кровот на светот. Петар, Илија и Анг Сонам се веднаш позади нив. Милош, Гага и Лакхпа ја поминаа Третата степеница и напредуваат кон завршниот гребен. Во овој момент Др. Глигор, Симо и нивниот Шерпа Сонам ја поминуваат Третата степеница. Врвот е се поблиску. Времето е одлично, речиси воопшто нема ветер.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
20.05.2007 (06:40ч локално време) Ц3 ...
Осамна ... Има ли нешто поубаво од зора на Хималаите? Петар се јави преку радио врска. Се наоѓа пред третата степеница. Изгледа одлепил на осамнување. Гласот му трепери од емоции. Додека разговаравме во врска се вклучи и Милош: „Мене ме заборавивте, а? “ Тој со Гага ја искачи Втората степеница и сега продолжуваат понатаму. Под нив сега излегуваат од Втората степеница Др. Глигор и Симо. Браво мајстори, стигнувате до тимот! Далеку пред сите се Башко и Драган. Ги гледам нивните челни светилки на завршниот гребен. Очекувам да бидат на врвот за час, час и половина. Најважно е што се сложни како тим. Овде во Истурениот базен камп Марко ме следеше речиси цела ноќ но пред малку заспа. Не му е лесно.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
20.05.2007 (05:42ч локално време) Ц3 ... Па тие брзаат како луди! Драган и Башко веќе ја поминаа Втората степеница и одат према врвот! Илија и Петар сега ја поминуваат, а после нив се Милош и Гага. Глигор и Симо малку заостануваат по оваа група, но тие одат со умерено темпо.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
20.05.2007 (04:42ч локално време) Ц3 ...
Нестрпливи сте? Па ова не е бокс меч - дум трес и готово! Замислите како им е на нив во моментов. Едно движење, и потоа пет пати вдишуваш и издишуваш. Трпеливост. Во трпението е спасението. Они кои сега се качуваат го знаат тоа. Наскоро ќе се раздени. Тоа значително ќе ја олесни работата. Конечно гледаш каде си. Конечно гледаш уште колку има до врвот. Уште само малку ...
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
20.05.2007 (02:52ч локално време) Ц3 ... Туку што се јави Милош. Ја поминале Првата степеница и се приближуваат кон прочуената Втора степеница (Second step). Тоа место знае да биде многу незгодно за искачување. Гранитна вертикала, ишарана со пукнатини во кои има смрзнат лед. И се тоа ноќе. Треба да се биде внимателен при осигурувањата на јажињата. Гломазните перјани ракавици ја отежнуваат работата со опремата. Моменталната температура е -41Ц. Очекувам да се јават после поминувањето на Втората степеница.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
20.05.2007 (01:30ч локално време) Ц3 ...
Би дал се на светот сега да сум горе со нив, а не да кружам ноќеска во комуникацискиот шатор како ѕверка во замка. Тие се качуваат полека со едноличен ритам, освојуваат метар по метар висина. Секој со своите мисли: „Дали ќе издржам?“, „Кога веќе еднаш ќе се раздени?“, „Каде се сокрил месецот ноќва?“, „Опушти се, опушти се ...“. Засега се оди према планот. Нека остане така ...
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
19.05.2007 (23:20ч локално време) Ц3 ...
Токму кога сирдарот Бола и јас ја палевме Пудја во Истурениот базен камп за среќно искачување на нашите херои, се јави Милош преку радио врска. Не можеше да издржи: „Знаеш ли каква совршена ноќ си одбрал за искачувањето? Знаеш ли колку добро изгледа овде горе ?“ Ете, тоа е Милош. Ентузијазам, воодушевување, љубов према планината, искреност. Сите се заедно во група и тргнаа кон Првата степеница. Сложно како и секогаш.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
19.05.2007 (23:00ч локално време) Ц3 ...
Тргнаа .... Сега е важно да бидеме со нив. Ноќта е ведра. Челните светилки го бараат патот низ карпите на северниот гребен на Еверест. Сите за еден, еден за сите ...
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
19.05.2007 (21:47ч локално време) Ц3 ... Примусите работат како луди, почна спремањето. Ќе им биде потребно повеќе од 1 час да се облечат. Успорени движења како да се носат 100 кг на грб. Ноќта е речиси совршена. Ветер 10 км/ч. Температура -33Ц. Кој истопил доволно вода може да тргне. Сега веќе успехот не зависи од силата на нивните мускули. Тоа го знаат оние што го помирисале воздухот над 8000 мнв. Тоа е друг свет, друга планета ...
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
19.05.2007 (18:00ч локално време) Ц3 ...
Само што пристигнаа сите во Ц3 (8300 мнв). Им претстои топење на снег и одмор од неколку часови за завршното искачување. Ноќеска во 11ч по локална време би требало да го напуштат Ц3. Марко стигна во Истурениот базен камп пред 1 час. Сега ми се чини дека можеше повеќе, но кој ќе го преземе ризикот? Еверест е овде илјадници години и тука и ќе остане. Сигурен сум дека еден ден Марко ќе се врати овде и ќе се искачи на оваа силна планина. Кога и да се одлучи да се врати овде, јас му стојам на располагање.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
19.05.2007 (15:15ч локално време) Ц2 ... Тукушто се јавија преку радио врска Петар и Милош. Достигнаа 8200 мнв! Не очекував дека толку брзо ќе дојдат на оваа висина. Во групата се заедно Петар, Гага, Милош, Башко, Илија (Змај од Пријепоље) и Драган. Под нив со околу половина час закаснување се искачуваат Симо и Др. Глигор. Ако продолжат со ова темпо двајцата ќе стигнат на време во Ц3 (8300 мнв) и ноќеска заедно со другите ќе одат кон врвот. Времето е одлично, према гласот на Милош мислам дека се исклучително задоволни како им оди. Дури разменивме неколку шеги, а во позадина ја слушнав Гага како нешто дофрлува. Жал ми е заради Марко. Тој од Ц2 се симна до Ц1 користејќи кислород. Пратив еден Шерпас од Истурениот камп до Ц1 за да се врати заедно со него. Ги очекувам за неколку часа овде. Марко не е лут затоа што го вратив а тоа не е вообичаено. Обично сите тврдат дека можат понатаму и му се лутат на водачот на експедицијата. Изгледа увидел дека не му иде. Ноќеска ние двајцата ќе ги следиме останатите на нивниот пат кон врвот. Нема спиење.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
19.05.2007 (14:15ч локално време) Ц2 ...
Екипата се приближува кон фамозната граница од 8000 мнв! Ветерот малку се појача, но не влијае на искачувањето. Додека тие сложно одат напред, би сакал да се заблагодарам на поддршката која стигнуваше во изминатите речиси 2 месеци, посебно во последните 2 дена. Им благодарам на сите од Аљаска до Австралија, им благодарам на пријателите од Хрватска, Босна, Црна Гора, Македонија и Србија, им благодарам и на сите членови на Планинарскиот сојуз на Србија. Им благодарам на пријателите кои беа тука кога беше најтешко... Останете со нас до крај. Овие момци и девојката несмонено го заслужија тоа.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
19.05.2007 (12:00ч локално време) Ц2 ... Минатата ноќ не можевме да пратиме извештај бидејќи постоеше опасност заради ниската температура лап-топот да го заврши својот работен век. Вчера вечерта сите дојдоа во Ц2 (7800 мнв) освен Марко. Тој едвај стигна до 7550 мнв. За среќа тука се наоѓа кампот на една друга експедиција и го пратив Шерпасот Лакхпа со кислород, храна и примус доле до него. Лакхпа брзо се спушти до Ц2 и се јави преку радио врска кога стигна до Марко. Марко е во ред, но не можам да дозволам да го продолжи искачувањето, премногу ризично е за него а и за останатите членови на експедицијата. Тој и Лакхпа преноќија во тој камп. Утринава Марко тргна кон Истурениот базен камп, а Лакхпа за Ц3 (8300 мнв) да и се приклучи на групата. Ноќта помина без проблеми, а сите користеа кислород во текот на спиењето. Што се однесува до остатокот на екипата, единствено Симо и Др. Глигор се многу спори во однос на останатите. Исто така не се држат до договорот кој го постигнавме во Истурениот базен камп. Попладне ќе донесам решение во врска со нивното продолжување на искачувањето. Во 11:30ч по локално време (+6 во однос на Србија) сите членови на тимот го напуштија Ц2 (7800 мнв) и тргнаа кон Ц3 (8300 мнв). Се разбира Симо и Др. Глигор каснеа со тргнувањето половина час. Во 12:15ч се јави Петар, и рече дека сите се заедно во група, а дека Симо и Др. Глигор се околу 100 метри под нив. Денот е речиси без облаци, ветер дува со брзина од само 10 км/ч, температурата е околу -24. Утринава е потврдена временската прогноза за следните два дена, се е ОК. Временските услови се какви што може само да се посакаат.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
18.05.2007 (16:00ч локално време) Ц1 ... Првата група се јави од 7600 мнв. Петар вели дека Башко, Илија и тој одлично гураат кон Ц2 (7800 мнв) Остатокот од тимот е некаде на 7550 мнв. Магла и повремен снег го отежнуваат искачувањето. Пред 1 час бев на гости кај британската експедиција. Тие се качуваа на 16-ти мај и имаа многу проблеми при искачувањето. Два члена им се во критична состојба. Велат дека нивните од Ц1 до Ц2 се искачиле за 12 часови! Нивниот водач вели: „Немој да бидеш загрижен, твоите одлично се качуваат“. Знам, но има уште многу до врвот.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
18.05.2007 (11:30ч локално време) Ц1 ...
Првата група го напушти Ц1 и тргна кон Ц2. Во 12ч Милош јави дека сите го напуштиле Северното седло. Некаде околу 12:10ч тој и Марко последни тргнале кон Ц2. На Северното седло е ведро и сончево, но над 7500 мнв е облачно без врнежи. Временските прилики се поволни за искачување. Покрај нашите кон Ц2 се искачуваат и 5 членови на Руската експедиција “7summits.club”. Нема гужва како што беше на 15/16 мај.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
18.05.2007 (09:00ч локално време) Ц1 ... Вчера имавме озбилен проблем во Ц1 (7150 мнв) но за среќа се е решено без последици. По доаѓањето на северното седло увидовме дека сите наши шатори се покриени со нов снег и нивните шипки се искршени! За среќа имаме пријатели кои ни ги позајмија нивните празни шатори да ја поминеме ноќта. Требаше единствено испод снегот да се ископа дел од опремата, примуси и храна. Се е направено како што треба, така да денес искачувањето продолжи без проблеми. Во 09:00 имав радио врска со Ц1. Милош известува дека се е во ред и моментално топат снег за продолжување на искачувањето кон Ц2 (7800 мнв).
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
17.05.2007 Истурен базен камп ... Во 14:00ч по локално време мојот тим го напушти Истурениот базен камп (6400 мнв) и тргна кон Ц1 (7150 мнв). Тоа може само да значи едно: Тргнаа кон врвот! После 50 дена поминати во подножјето на највисоката планина во светот, дојде и тој ден. Последните десетина дена бев како на игли. Нестабилното време и други отежнувачки околности не ми дозволува да донесам лесно решение. Всушност, овде нема лесни решенија. Сега кога по сто пати споредив и разгледав за и против, сега кога се знае дека 20-ти мај е нашиот „ден за врв“, некако полесно се дише. Остана тежината на одговорноста, остана во следните 72 часа преку радио-врска да ја контролирам ситуацијата до крај, останаа уште многу ситни одлуки кои можат да им помогнат на искачувачите на патот кон врвот, но сето тоа сум го поминал и не се плашам од предизвикот. Тие се повеќе од спремни. Денес кога ги испраќав, и додека фрлав од Пудја оризот по нив, имав чувство дека сите едвај го чекаа овој ден. Тоа е добро. Ако знаат да ја распоредат позитивната енергија во текот на искачувањето, тоа многу ќе им помогне. Милош ќе биде водич на искачувањето и мои очи и уши во следните денови. Останатите се поделени во групи по личен избор: Илија и Петар, Башко и Драган, Марко и Гага, и Др. Глигор и Симо. Во Ц3 ќе им се придружат и Шерпасите Нима, Сонам, Лакхпа и другиот Сонам. Од утре почнуваме да праќаме извештаи по неколку пати дневно, а во сабота попладне го почнуваме директниот пренос на искачувањето. Значи во сабота (19/20 мај), ќе дознаеме дали оваа храбра екипа ќе ги оствари своите соништа, и дали Србија ќе го добие своето знаме на кровот на светот - Монт Еверест (8848 мнв). Во сабота почнувајќи од 17:00ч (23ч кај нас, почеток на завршното искачување) па се до 02:00ч во недела (08:00ч кај нас, очекувано време за излегување на врвот), во ресторанот „Библиотека“ на Теразие ќе биде организирано онлајн следење на искачувањето на врв, за сите Хималајци и оние кои така се чувствуваат. За сите присутни некој од членовите на експедицијата преку сателитски телефон, ќе има директно вклучување од врвот.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата

Пред самиот почеток на финалното искачување / Фото Петар Печанац
|
|
|
|
16.05.2007 Истурен базен камп ... Покрај двата смртни случаи од јужната непалска страна, вчера Сагарматха ја зема првата жртва на Северниот гребен. Некаде околу „втората степеница“ (8600 мнв) загина еден Јапонец. Нивниот камп е веднаш под нас и од него допира само тишина. Нашиот пријател Мануел изутринава тргна накај врвот. Загрижени сме бидејќи досега (12ч) не оствари ниту еднаш радио-врска со Истурениот базен камп. Веројатно во прашање е батеријата. Очекуваме негово јавување до вечер. Нашиот тим повторно денес отиде до фиксните јажиња на Северното седло (North Cool). Нема здравствени проблеми но се забележува нестрпливост. Се ќе дојде на свое место кога ќе почне искачувањето. Овде во Истурениот базен камп заеднички го поминавме неколку пати искачувањето до врвот. И тоа од час во час. Што треба да се прави, што не треба, кои се процедурите во секој од висинските кампови, што никако не смеат да заборават, итн. Се надевам дека ништо нема да заборават. А ако сепак тоа се случи, тука е партнерот од тимот за потсетување.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
15.05.2007 Истурен базен камп ... Ги пратив до почетокот на фиксните јажиња на Северното седло. Нема лежење преку 6000 мнв. Никој не знае уште колку ќе чекаме поволно време и лесната физичка активност ни е потребна исто како и храната која ја јадеме секој ден. Временските прилики во текот на денот се сменија неколку пати. И покрај целата неизвесност, атмосферата во екипата е повеќе од добра. Смеата е најдобрата одбрана од сите маки. Одиме понатаму ...
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
Видео-клип од Ц1

Фотографија од аклиматизационото искачување кон Ц1 / Фото Петар Печанац
|
|
|
|
14.05.2007 Истурен базен камп ... Деновите течат ... Претпладне паѓаше снег, но подоцна се појави сонцето и беше сончево до крајот на денот. Сите отидоа до “crampons point” да се размрдаат малку. Петар припреми некои фотографии од минатите денови па и тој им се придружи. Мојот сирдар Бола би идел дома па цел ден се врти околу мене прашувајќи кога ќе одиме на врв. Изгледа дека јас повеќе ја почитувам планината од него, иако на неговиот јазик се вика Божица Мајка Земја. Членовите на експедицијата се се уште во одлична кондиција. Многу експедиции имаа откажувања заради здравствени проблеми што е вообичаено на Еверест. Ја одржуваме добрата атмосфера во тимот и се обидуваме нестрпливите да ги спуштиме на земја. Да, има и такви иако како што поминува времето увидуваат дека против природата не се оди на сила.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
13.05.2007 Истурен базен камп ... Денес му е роденден на Милош. Вечерва очекувам нашиот кувар да направи некоја торта. Гледам од АБЦ и не ми се верува. Колона луѓе одат према Ц1, со намера до 15 или 16 мај да се искачат на врвот.
Дедека го пишувам ова, во АБЦ никогаш поладно, a над Ц2 дува ветар со брзина поголема од 50 km/h!
За неупатените, таа брзина на ветрот над 8 000 m значи 99% добивање на смрзнатици. Но желбата за Еверест е врста лудило.
Зборував со многу луѓе кои велат: „Знам дека не е добро да се оди горе сега, но сакам да пробам. Сакам да ја осетам таа атмосфера“.
Ние во текот на денот ги проверивме сите регулатори и маски за боците со кислород. Секој доби по еден комплет и го чува за до Ц2, кога ќе почне и да го користи.
Шерпасите, сирдарот и јас имавме одвоен состанок. Кога се би одело глатко како договарањето со нив!
Нашите висински кампови се спремни, како и 45 боци со кислород правилно распоредени во шаторите.
Опремата е спремна, ние сме среќни, како и нашите висински Шерпаси. Само чекаме еден миг на Sаgarmatha и тргнуваме.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
11-12.05.2007 Базен камп ... Денес го напуштаме базниот камп. После ручек тргнуваме за АБЦ, но вечерва планираме да преноќиме во Middle camp.
Утре околу 14:00 би требало да стигнеме на АБЦ (6400m). Од овде, од базниот камп е тешко да се донесат одлуки, па затоа се приближуваме до планината.
Горе ситуацијата е многу појасна и во наредните неколку дена ќе донесеме одлука за терминот за тргнување кон врвот.
Инаку, повеќето експедиции брзаат да го стигнат терминот 15-16 мај за “summit day”. Според проценки, тој ден кон врвот ќе тргнат околу 100 искачувачи.
Во таа гужва постои голема опасност за добивање смрзнатини, бидејќи на првoто и второто скалило се чека по еден час.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
10.05.2007 Базен камп ... Вчера се спремавме за тргнување во АБЦ. Денес имав консултации со неколку други водичи. Колку луѓе, толку мислења. како мене мислење единствено има Алекс, водич на “7 summits club” експедицијата. Овде сите нешто се брзаат. Ќе видиме, крајот на мај е далеку и сигурен сум дека ќе има еден доволно добар ден за искачување на врвот.
Денес ги прашав членовите на експедицијата: „Што мислите, која е најдобрата временска прогноза?“
Никој ништо не одговори. Сите го чекаа одговорот.
„Најдобра временска прогноза за Еверест е трпението“
Тоа беше мојот одговор. Времето ќе покаже дали сум во право.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
09.05.2007 Базен камп ... Вчера попладне се вративме во Базниот камп. Денес е Ден на Победата па Русите не викнаа кај нив на забава. Се разбира, покана од пријатели не се одбива. Додека го пишував извештајот во кампот дојдоа Марко и Петар, и речиси во еден глас соопштија: „Мануел рекол дека има сигурна временска прогноза. Добри денови за врв се 13-14, и подоцна 16-17 мај, а потоа доаѓа лошо време. Тој денес тргнува за Истурениот базен камп за да стигне на време.“ Значи, почна! Како се приближува искачувањето на врвот стигнуваат „сигурни“ информации, луѓето се растрчуваат низ кампот и лудилото почнува. Оние со помалку стрпливост речиси трчаат кон висинските кампови. Како од Истурениот базен камп да тргнува автобус кон врвот, па ако се задоцни ќе отиде без нас. Следните денови ќе стигнуваат многу различни временски прогнози. Го знам тоа. Знам и каква атмосфера ќе се направи во камповите. Но тоа е вообичаено. Работите не се онакви како што изгледаат на прв поглед. За неколку дена се ќе биде поинаку.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
06-08.05.2007 ... За овие два дена извештај ќе прочитате кога ќе се заврши експедицијата таму некаде на крај на мај. Покрај текст ќе има и многу фотографии. Зошто дури тогаш? Ќе ви се биде јасно кога ќе го читате текстот и ќе ги гледате фотографиите.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
05.05.2007 Базен камп ...
Вчера попладне не поткачи снежно невреме, но затоа денес осамна прекрасен ден. Што да се прави во Базниот камп? Некој пере алишта, некои и се избањаа, но има и такви кои се заколнаа дека нема бањање до крај на експедицијата. Понекој има изгоретини на лице од висинските кампови, па сега го лечи тоа. На мој совет една група отиде во прошетка до едно „брдо“ во близина. Не е добро да се биде пасивен во период на одмор. На оваа висина мускулите многу брзо атрофираат и заради големата токсикација подоцна во моменти на големи напори доаѓа до нивно пукање и истегнување. Кинезите постојано се припремаат за олимписката 2008-ма година. Секој ден по десетина џипови им доаѓаат во посета. Навистина изгледаат импресивно, иако во планина тоа и не го забележав нешто посебно. Во досегашниот тек на експедицијата стигнаа многу писма со поддршка на нашата веб страница, а бројот на пораките на сателитскиот телефон никој веќе и не ги брои. Би сакал во име на членовите на експедицијата и во свое има да се заблагодарам на сите кои не следат и поддржуваат. Но забележав нешто интересно во пораките кои секојдневно ги добивам. Постои одреден број луѓе кои знаат се, всушност кои знаат најдобро се. Пристигнуваат интересни совети во врска со водењето на експедицијата. Благодарам на советите. Но има еден проблем. Додека седите во фотеља пред вашите компјутери, додека го читате последниот извештај, се разбира дека ви доаѓаат на ум различни идеи: Јас би го направил тоа вака, или онака. Тоа е ок. Но да се даваат совети без трошка одговорност за донесените решенија, е нешто сосема друго. Овде реалноста не е виртуелна каде со притискање на тастатура можеш да изгубиш понекој човек. Се наоѓаме во сурова реалност, во која и најнаивното решение има своја тежина. За секое решение постои тежината на одговорноста, а влогот не е ни помалку ни повеќе туку човечки живот. Затоа кога моите „советници“ и јас донесуваме решенија, ние не сме во иста ситуација. Размислете за тоа ... Утре е Ѓурѓовден и отидовме на одмор. Но не на висина туку во долината. Одморот ќе потрае 2-3 дена пред да се вратиме во Базниот камп. Нема да пишуваме извештаи бидејќи одиме да се одмориме психички и да заборавиме каде сме тргнале. Планината нема да отиде никаде. Ќе не почека нас, како и нашите двоумења, притисоци и стравови.
Драган Јакимовиќ Водач на експедицијата
|
|
|
|
05.05.2007 Базен камп ... Жалам што не можев да пишувам подолго време но такви се условите овде под Еверест. Досега се искачивме до 7400 мнв и сега ќе одиме до едно село на 4200 мнв. Штом ќе бидам во можност ќе пратам фотографии и повеќе информации. Голем поздрав до сите во Македонија!
Д-р Глигор Делев Член и лекар на експедицијата
|
|
|
|
Кликнете овде за да ги видите претходните извештаи.
Др. Глигор Делев испраќа информации директно за MKDmount, а информациите од Драган Јакимовиќ ги добиваме преку Summit extreme team. Голема благодарност до нив за задоволството да ги следиме на нивниот пат кон кровот на светот!
|
|
|
|
 |
|
|
Поглед на Монт Еверест од Калапатар, искачувањето ќе биде по североисточниот гребен (лево) / Фото Трповски Стојан |
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
Славеј Планина 08 |
По повод 18-ти Август - Денот на АРМ, Ве покануваме на 6-от Меморијален марш и ... |
|
Ориентација |
Отворено Првенство на Охрид,
Меѓународен натпревар во Спортска ориентација ... |
|
|
 |
|
|
|
Трпејца 2008 |
КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ... |
|
Демир Капија 2008 |
Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ... |
|
Титов врв 2008 |
Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ... |
|
Маратон „Јасен 2008“ |
Од стартот стрмната угорнина која беше наш предизвик, дружбата, чистиот воздух на Сува ... |
|
Меморијал Мурато 08 |
На 19-тото традиционално искачување на Пелистер (2601 мнв) во чест на нашиот Димитар ... |
|
Голем Кораб 07 |
Кораб е единствената планина во Македонија со алпски карактеристики. Пејсажите и климата ... |
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|