|
Март 29-31: Патување со авион на релација Монтреал-Катманду.
Април 01: Пристигнување на главнината на експедицијата од Србија.
02: Припреми и купување на потребната опрема во Катманду.
03: Патување од Катманду до Зангму (Тибет).
04-05: Патување и престој во Нилам.
06-07: Патување и престој во Тингри.
08: Пристигнување во Базниот камп на 5200 мнв.
09-11: Аклиматизација во околината на Базниот камп.
12: Пудја (будистичка церемонија).
13-15:Аклиматизација во околината на Базниот камп. Температурите во шатор ноќе изнесуваа од -5 до -10 Ц.
16: Пристигнување во Средниот камп на 5800 мнв.
17-21: Пристигнување во Истурениот базен камп на 6400 мнв и аклиматизација во околината на истиот.
22: Неуспешен обид за искачување до Првиот висински камп (Ц1).
23-27: Престој во Базниот камп.
28-29: Враќање и престој во Истурениот базен камп.
30: Искачување до Првиот висински камп на 7100 мнв.
Мај 01: Аклиматизациско искачување до висина околу 7400 мнв и враќање во Истурениот базен камп.
02: Одмор во Истурениот базен камп.
03-05: Враќање во Базниот камп.
06-07: Одмор во Тоши Џонг (тибетанско село на висина околу 4200 мнв).
08-10: Враќање и престој во Базниот камп. 11: Искачување до Средниот камп.
12-16: Пристигнување и престој во Истурениот базен камп. На 16-ти е решено да се направи обид за искачување на врвот на 20-ти мај, исто е одлучено јас да качувам со Симо и со Шерпасот Сонам (истиот со кој бев на Ама Даблам).
17: Искачување до Првиот висински логор. Во него сите наши шатори беа затрупани и срушени од снег. За среќа, од експедицијата Химекс, ни позајмија еден голем шатор каде што спиевме сите. Беше многу тесно и многу незгодно за готвење. Слабо спиевме и недоволно се хидратиравме.
18: Искачување до Вториот висински логор. Беше доста напорно затоа што снегот беше како песок (два чекора напред, еден назад). Тука имавме проблем затоа што нашиот „burner“ не работеше и требаше да чекаме некој да ни позајми еден. Затоа Симо и јас изгубивме многу време потребно за спиење и хидратација.
19: Пристигнување во Третиот висински логор, припреми за завршното искачување, спиење 1-2 часа и тргнување кон врвот во 23:05ч. Симо е нервозен. Во близина на нашиот шатор лежеше телото на еден Чех кој умрел пред 3-4 дена.
20: Искачување на врвот и враќање во Вториот висински логор. После Првата степеница (тоа е првиот стрмен ѕид на околу една третина од патот кон врвот) Симо се откажа. Беше доста уморен, ние бевме последни од сите искачувачи. Исто така му беше страв за еден прст кој веќе му страдаше од смрзнатини. Потоа Сонам и јас многу побрзо качувавме и ги стигнавме другите. Ноќта беше извонредна, речиси без ветер, без облаци и температура меѓу -20 и -30 Ц. До врвот не чувствував замор и качувањето беше полесно од предвиденото. Кога се појави сонцето погледот беше неверојатен: Отворено небо, облаци и многу врвови под нас! Стигнавме на врвот во 10ч и престојувавме на него околу 1ч. На враќање погрешив што на еден Шерпас му дадов речиси еден литар вода, а носев 2 од долу. Затоа подоцна бев се повеќе жеден и дехидрирав, во втората половина од враќањето бев прогресивно се послаб и послаб. Со сонцето и облеката од перја, беше се потопло. Се вратив во Третиот висински логор многу жеден, слаб и малце „конфузен“. Сонам тешко ме убеди да дишам малку кислород и да продолжам кон Вториот висински камп. Таму пристигнав сам и веројатно заради конфузија не можев да го најдам својот шатор и така влегов во еден празен шатор и останав цела ноќ сам, без вода, храна и дополнителен кислород. На овие висини многу споро се размислува и понекогаш бев „конфузен“, најверојатно заради недостаток на кислород. Често не бев сигурен дали сум во реалноста, или пак сонувам. Но, ниту во ниеден момент не ја изгубив мотивацијата да се искачам на врвот.
21: Се разбудив тотално свесен, но слаб. Следуваше враќање кон Истурениот базен камп, се вратив прв. Попатно во Првиот висински камп замолив едни искачувачи да ми дадат малку вода. После добрата хидратација во Истурениот базен камп повторно се чувствував добро и како да не сум бил на врвот.
22-23: Враќање во Базниот камп и чекање на транспорт.
24: Патување до Зангму.
25: Патување до Катманду.
Глигор Делев Член на експедицијата
26.05.2007
|
|