Фејсбук група

МУСТАГ АТА 2009

Мустаг ата (Татко на ледените планини) е врв висок 7546м и се наоѓа во Кина, лоциран на северната страна од Тибетанското плато. Висината на врвот и неговата убавина се доволен предизвик да се најдам на 20.07.09 во Кашгар, град оддалечен околу 200км од врвот. Претходното планинарско искуство (Арарат-5130м; највисокиот врв во Европа Елбрус - 5640м; највисокиот врв на Андите, Ј.Америка, Аконкагва - 6964м) ми ја даваат неопходната самодоверба за претстојниот предизвик.
Нашата група беше во организација на China alpine organization во која имаше 7 планинари од Холандија и 6 планинари од Хрватска, меѓу кои и Стипе Божиќ, еден од најпознатите планинари од бившите Ју простори, како и повеќе групи од различни делови на светот кои се организирани преку различни агенции.

На 25.07.09. на висина од 3800м ја имавме првата аклиматизација во селото Субаши, каде ноќта ја поминавме во познатите киргиски шатори - јуртови. Следното утро дел од опремата со помош на камили се пренесе до базниот логор кој е на висина од 4400м. А ние воодоошевувајќи се на врвот кој како слика беше пред нас се упативме по коритото на реката која не водеше директно до базниот логор. Искачувањето траеше околу 5 часа.
По поминати неколку саати во базниот логор заради подобра аклиматизација јас и холандската група повторно се вративме во Субаши, додека хрватската група остана во базниот логор.

Следниот ден околу пладне повторно бев во базниот логор. Попладнето според програмата за аклиматизација одредена од Стипе Божиќ сите заедно се искачивме на висина од околу 4800м. Ноќта ја поминавме во базниот логор.
Следниот ден 26.07.09. беше ден за одмор и планирање и организирање на следниот ден кога требаше да се искачиме до првиот камп.

На 27.07.09. почнавме со искачување кон првиот камп Ц1 на висина од 5400м. Искачувањето траеше околу 4 до 5 часа. По пристигнувањето ги поставивме шаторите и се вративме во базниот логор.

Повторно имавме слободен ден.

На 29.07.09. се правеше план за поставување на шатори во вториот камп - Ц2 на висина од 6200м. Хрватите се поделија на две групи кои кон Ц2 ќе одат во два последователни дена. Јас се приклучив кон првата група во која се Стипе Божиќ и Бранко Шепаровиќ, попладнето заминав кон Ц1 и таму ја поминав ноќта.

Следниот ден околу 10 часот заминав кон вториот камп. Уште на самиот почеток од десната и левата страна беа видливи процепи покрај кои мора да се помине. На висина од 5800 метри се поминува низ внатрешноста на глечерот. Над патеката беа виснати огромни ледени карпи кои што можеа секој момент да се откинат. Глетка што не го остава никого рамнодушен. На крајот од внатрешноста на глечерот беше неопходно врзување со сигуроносно јаже и искачување по вертикала во висина од десетина метри. По искачување на вертикалата повторно се врзав за друго сигуроносно јаже и во должина од 50м одев по самата ивица на јама која е широка триесетина метри, а длабочината и е невидлива. Околу 15 часот стигнав во Ц2 на висина од 6200м. Го поставив шаторот и тука се задржав уште триесетина минути заради аклиматизација и потоа преку Ц1 се вратив во базниот логор.

Следните два дена 31.07.09. и 01.08.09 поминаа во одмор и закрепнување на организмот. Според првичниот план за искачување требаше во следните денови да се искачиме преку Ц1 и Ц2 до Ц3 и таму само да ги поставиме шаторите и да се вратиме во базниот логор, па после тоа да следи конечно искачување на врвот. Меѓутоа, добивме информација дека времето после 2-3 дена нагло ќе се влоши така што бевме принудени да го смениме планот и наместо само до третиот камп Ц3 одлучивме да се обидеме да излеземе до самиот врв.

На 02.08.09. попладнето тргнав кон Ц1 каде и преспав, следната ноќ ја поминав во Ц2 на температура во шаторот од -14 степени.

И конечно на 04.08.09 стигнав до третиот камп Ц3 на висина од 6850м. Знаев дека ме очекува уште една бессона ноќ со температура од околу -22 степени во самиот шатор.

Следното утро, на 05.08.09. околу 7 часот (што е соодветно на 5 часот, поради тоа што цела Кина е во една временска зона) тргнав кон врвот, пред мене беа двајца италијани, бидејќи хрватите имаат огромно искуство беа порелаксирани и одлучија да тргнат малку подоцна. И покрај многу ниската температура и умерениот ветер од кои уште на самиот почеток ми се замрзнуваа прстите на рацете, чистото небо без облаци ми влеваше оптимизам за олеснето искачување. Посакував небото да остане чисто, имајќи во предвид дека временските услови се клучен фактор за успешно искачување кон врвот.
На висина од околу 7100м ветерот нагло се засили при што формираше снежни виулици кои го отежнуваа движењето и ја намалуваа видливоста така што температурата почна да опаѓа. Од претходно искуство мислев дека со појавување на сонцето ќе се олесни ситуацијата, меѓутоа напротив до искачување на самиот врв невремето не се намали и за прват бев соочен со измрзнатини на прстите.
Околу 13 часот, за прв пат го здогледав врвот. Погледот кон врвот ми даде нова енергија која ми беше неопходна да ги изодам последните стотина метри. Величенствен е моментот кога сонот станува реалност, се наоѓав на 7546м.
На самиот врв си честитавме со италијаните на постигнатиот успех и по одвај направените неколку фотографии почнавме да се симнуваме. На неколку минути од врвот ги сретнав Стипе и Бранко, ми честитаа, а јас исто така им посакав успех.

Ноќта ја поминав во Ц2 и следното утро преку Ц1 стигнав во базниот логор. По краткатката пауза за доручек, ја спакував комплетно опремата и заминав кон Субаши.
Се спуштам низ преубавата долина, ледената планина во секоја смисла е зад мене, се опуштам во мислите, имам чувство на триумф, повеќе духовен, помалку физички. Триумфот е заеднички, го споделувам најпрво со самата планина, која е и најзаслужна за ова чувство; беше пријателски настроена кон мене и ме прифати како достоен за нејзините височини; го споделувам и со преубавите врвови на македонски планини: Водно, Убава, Караџица, Љуботен, Церипашина, Бакардан и Титов Врв; го споделувам и со пријателите планинари кој ме придружуваа при искачувањето на сите овие наши врвови: Златко Пејковски, Мирослав Таневски, Јовка, Моме и Кокан од Куманово.

Споменик на Мао Це Тунг (кинески револуционер) во градот Кашгар

Дел од планинскиот масив

Поглед од долината кон Мустаг Ата

Поглед од долината кон Мустаг Ата

Транспорт на опремата со камили од Субаши кон базниот логор

Транспорт на опремата со камили од Субаши кон базниот логор

На врвот

На врвот

Поглед од 6000 м

Глечерот на висина од 6000м

Кампот Ц1

Кампот Ц1

Поглед кон долината од 5500м

Процеп во близина на Ц1

Панорамски поглед кон базнот логор

Панорамски поглед од кон базнот логор

Мрмот, автохтоно животинче кое живее под земја

Дел од хрватската група во базниот логор

Јас (третиот од лево кон десно) со хрватите, исто во базниот логор

Јас со Македонското знаме

Со Бранко Шепарович

Со мештанин од Киргиско потекло

Поглед од Субаши кон Мустаг Ата

Поглед од Субаши кон Мустаг Ата

Езерото Каракол во подножјето на Мустаг Ата


Видео-клип

Текст и фотографии: Дејановиќ Здравко
ПК „Бистра“, Скопје

30.09.2009


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани