|
Од 28 јули на највисокиот врв во Советскиот Сојуз - „Врвот на комунизмот“ (7 495 метри), се виорат југословенското и македонското знаме. Зборувајќи за деталите на ова значајно освојување, водачот на македонската алпинистичка експедиција, Јован Поповски, на вчерашната конференција за печат, истакна дека ова е досега најголем успех на македонскиот алпинизам. На „Врвот на Комунизмот“, кој го надивсува прочуеното Памирско плато, од шесте членови на експедицијата, се искачија четворица. Инаку, и овој успех е дел од долготрајните подготовки за освојување на најголемиот предизвик - Монт Еверест, за што е добиена поддршка од сите и спортски и општествено-политички структури, а тоа би требало поради пребукираноста на врвот, да се оствари некаде во 1988 година.
Извор: напис во Нова Македонија од 11.08.1984 година
* Состав на експедицијата: Димитар Илиевски, Благојче Лазаров, Ѓорѓи Костовски, Борче Јовчевски, Слободан Јовановски, Јован Попоски. При спуштањето од врвот Димитар Илиевски и Ѓорѓи Костовски учествуваат во спасувањето на двајца австриски алпинисти. *дополнување од уредникот на сајтот*
|
|