Димитар Илиевски - Диме (или некои го викаа Мурат) беше алпинист од Битола и беше стандарден член на Македонските Алпинистички Хималајски Експедиции (МАХЕ). Фактички беше член на сите Македонски Експедиции од циклусот МАХЕ:
  - 1982 на Андите - Хуаскаран (6878 мнв)
  - 1984 na Памир (7495 мнв)
  - 1986 Манаслу (8167 мнв)
  - 1989 Еверест (8848 мнв).
На 10-ти Мај како член на МАХЕ „Еверест 89“, се искачи на највисокиот врв на светот, и се уште е единствениот Македонец што стоел на највисоката точка на светот. Диме стана херој на македонскиот алпинизам и на македонскиот спорт.
Но на триумфот му следеше трагедија - Диме не се врати од планината. Неговото тело беше видено на 8200 мнв од еден алпинист од Австрија десетина дена подоцна.
За успехот на Диме, со снимените материјали од експедицијата Македонската телевизија направи телевизиски филм.
На Димитар Илиевски посмртно му беа доделени највисоките државни и спортски признанија. На фамилијарната куќа во Битола е поставена спомен-плоча, а кај домот „Копанки“ на Пелистер споменик со негова биста.
Минатава есен во Непал на Кумбу глечерот под Монт Еверест, беше подигнат споменик со меморијална плоча. Споменикот беше подигнат со поддршка и спонзорство од Комитетот за МАХЕ, Македонскиот олимписки комитет и Македонската Алпинистичка асоцијација.
 |
Катманду |
 |
Катманду |
 |
Катманду, договарање и организирање на работите околу споменикот |
 |
Споменикот подигнат во Катманду во спомен на Pasang Lamu, првата Непалка што се искачи на Еверест, но ја имаше истата кобна судбина како и Диме да се не врати жива од планината. Pasang Lamu, како жена на нашиот соработник и претставник во Непал Sonam Serpa, ги имаше првите контакти со алпинизмот кога |
ние во нивната куќа и нивниот двор ја спремавме нашата опремата, храната и се друго за нашата експедиција во зимата 1989 год. Таа со денови со голем интерес гледаше кога Диме и сите други членови на МАХЕ Еверест-89 ја средуваа и пакуваа опремата.
|
 |
Катманду - Буданат, го напуштаме Катманду следени од заштитничкиот поглед на Буда - во идеални временски услови какви што ќе не следат цело време, од поаѓањето од Катманду до враќањето назад. |
 |
Првиот дел од патот, од Катманду до Лукла (2800 мнв) се поминува со авион. На хоризонтот во средината се гледаат Монт Еверест (8848 мнв), Лотсе (8510 мнв) и Нуптсе (7900 мнв), а десно е Макалу (8450 мнв). |
 |
На хоризонтот доминираат Еверест и Лотсе, лево се издвојува понискиот Пумори (7100 мнв), во преден план десно се Тамсерку и Кантега, а долу е долината на реката Дуд Коси што во превод значи „млечна река“. Така е наречена затоа што целата е во „пена“ и е бела. Тоа е затоа што Дуд Коси како и повеќето други |
хималајски реки, има многу голем „пад“ - на места совладува повеќе висинско отколку хоризонтално растојание.
|
 |
Поглед на Еверест од долу - од земја од 3700 мнв во близината на Намце Базар. Десниот бел врв е Ама Даблам (6800 мнв) |
 |
Намце Базар (3600 мнв) - е центар на оваа област - се наоѓа на 2 дена пешачење од малиот аеродром во Лукла. Овде треба да се договори и купи се што треба за споменикот: цемент, алат, мајстори, носачи ... |
 |
Од Намце Базар се пешачи 3 дена до местото на споменикот. Поглед на Еверест, Лотсе и Ама Даблам. |
 |
Пред зајдисонце - на Лотсе е формирана голема „перјаница“ - издуван снег од планината. Перјаницата се протега повеќе од 10 км зад врвот. |
 |
Прв ден на пат од Намце Базар - планината се отвора пред нас во прекрасен сончев сјај - убавото време не следи. Поглед кон Еверест, Лотсе и Ама Даблам од 3700 мнв. |
 |
Патот долго време се протега речиси хоризонтално пред да пропадне до реката Дуд Коси 5 - 600 м надолу. Се поблиску до огромните Еверест и Лотсе. |
 |
Ама Даблам (6800 мнв) - го нарекуваат азиски Матерхорн поради сличноста со тој европски врв во пирамидалната форма и убавината. |
 |
Врвот Ама Даблам и врв од молитвени камења. Правејќи ги овие молитвени камења и овие молитвени врвови, овдешните луѓе си влеваат сила, верба во себе и храброст да се приближат до огромните планини и да се соживеат со нив и со овие убави но сурови за живеење места. |
 |
Поглед од Тиангбоче (3800 мнв). Порано на ова место постоеше само манастирот Тиангбоче и една приватна куќа, сега се множат се повеќе „хотели“ и ресторани за да ги задоволат потребите на се поголемиот број посетители. Десно е Ама Даблам, а право се Еверест и Лотсе сега со уште поголема перјаница. |
 |
Пристигнување на местото на спомениците, се наоѓа на 4850-4900 мнв, на морената (нанос од камења, песок и сл.) на Кумбу глечерот кој се формира од снегоите и мразевите на Еверест, Лотсе, Нуптсе, Пумори и неколку други пониски врвови. Во близината на местот на спомениците се местата со приватни „хотели“ - |
„Лобуче“ (4900 мнв) на 15 мин., и Дукла (4600 мнв) на 30 мин. Оддалечено е 2 часа од базниот логор на Еверест и 3 дена (надолу 2 дена) пешачење од Намче Базар. По локалните обичаи и верувања на ова место се спалуваат телата на загинатите алпинисти што ќе се најдат и спуштат долу. Пепелта или се става во споменикот на алпинистот или се растура по морената. Во околината има десетици споменици.
|
 |
Меѓу спомениците се растегнати јажиња на кои се веат молитвени знаменца. Овие знаменца се нареќени молитвни затоа што на нив се испишани молитви. По непалските обичаи и верувања молитвите се измолени со самото тоа што ветерот ги вее овие знаменца, освен молитвените знаменца имаат и молитвени камења. |
молитвени воденици, молитвени цилиндри итн. Молитвите се измолени кога поминувате покрај молитвените камења или ги вртите молитвените цилиндри или кога водата ги врти молитвените воденици и сл. На хоризонтот на оваа фотографија се гледаат западните страни на Ама Даблам (лево) и Кантега (десно).
|
 |
Споменици - овде се гледаат повеќе споменици кои датираат од пред повеќе десетици години и се подигнати на стабилизираниот дел од морената кој е веќе обраснат со треба, назад се гледа активниот дел од морената кој се уште работи односно се движи и носи камења и песок. Снежната пирамида назад е |
врвот Пумори.
|
 |
Споменикот за Скот Фишер, алпинист од Сиетл, САД. Тој беше член на една американска експедиција истата година кога беше и нашата МАХЕ-Еверест-89. Тој тогаш не успеа да се искачи на врвот. Подоцна стана организатор на комерцијални експедиции на Еверест. 1996-тата година како водич на една таква |
експедиција, во познатото невреме што го зафати Еверест Скот загина, загинаа и повеќе други алпинисти и клиенти од неговата и други експедиции, меѓу кои и една јапонска алпинистка.
|
 |
Ветерот и времето ги испарталуваат и оветвуваат молитвените знаменца. Почитувачите поставуваат нови а старите знаменца го „облекуваат“ споменикот. |
 |
Споменикот за јапонската алпинистка - набрзо во близината на овој споменик ќе биде подигнат споменикот за Димитар Илиевски - Диме. |
 |
Место за споменикот на 4900 мнв. Собраните камења го означуваат местото што го одбравме за споменикот на Димитар Илиевски - Диме. Местото е во близина на патеката што води кон базниот логор на Еверест. Назад се гледа врвот Пумори. |
 |
Местото е околу 15-20 метри од јапонскиот споменик и околу 10-15 метри од патеката. Се наоѓа на стабилниот дел од морената на Кумбу глечерот и е на околу 15-30 метри од активниот дел. |
 |
На 30-40 метри од другите споменици. Овде се гледаат другите споменици од одбраното место. Назад на хоризонтот се Ама Даблам и Кантега. |
 |
Почеток - 1. Додека чекаме да пристигнат носачите со цементот и водата последен договор за големината и формата на споменикот. |
 |
Почеток - 2. Правење на база за споменикот, решивме споменикот да биде до големиот камен за да биде поткрепен од задната страна. |
 |
Почеток - 3. Додека мајсторите ги поткаструваат и редат камењата другите бараме камења со добра форма за ѕидање и ги носиме до местото. |
 |
Градење - 1. Градењето оди споро, иако времето е многу убаво доста е ладно (наутро и навечер со невообичаено ниски температури за овој период, од -10 до -15 степени, сепак ова е повисоко место од највисокиот врв во Европа - Мон Блан 4810 мнв). |
 |
Градење - 2. |
 |
Градење - 3. |
 |
Градење - 4. Сепак вториот ден стигнавме до вградување на меморијалната плоча. |
 |
Градење - 5. |
 |
Градење - 6. |
 |
Градење - 7. Фази од градењето. Наутро и навечер кога температурата беше под нулата не се бетонираше да не замрзне бетонот. |
 |
Завршување - 1. |
 |
Завршување - 2. |
 |
Завршување - 3. На врвот поставивме гранка од смрека на која се врзуваат молитвените знаменца. |
 |
Завршување - 4. |
 |
Споменикот за Димитар Илиевски - Диме. Вака изгледа споменикот завшен. |
 |
Ова е спомен плочата на споменикот. |
 |
По тамошни и наши обичаи се поставува храна, ракија и сл. на споменикот да му се одаде почит на Диме. |
 |
По тамошни и наши обичаи се поставува храна, ракија и сл. на споменикот да му се одаде почит на Диме. |
 |
Споменикот е блиску до патчето. Ова е поглед кон споменикот од самото патче. Се гледа група упатена кон местото Лобуче и базниот логор. Карпестиот врв со снежна капа е врвот Лобуче. |
 |
Поглед нагоре кон Пумори (7100 мнв). Ова е поглед од споменикот нагоре кон базниот логор што се наоѓа во подножјето на двата заснежени врва во средината, левата снежна пирамида е врвот Пумори. Друга група поминува покрај спомениците упатена нагоре. |
 |
Поглед од споменикот надолу со Ама Даблам и Кантега на хоризонтот. |
 |
Од спомениците кон Дукла, од спомениците за неполн час се стигнува до „хотелот“ Дукла. На крајот на долината 700 метри подолу се наоѓа Периче (4200 мнв). Надолу од Дукла до Периче по вакви идеални услови се стигнува за 2ч. |
 |
Во долината на Периче. По наглото спуштање по морената на Кумбу глечерот, долго пешачење по долината на Периче. |
 |
Кон Тиангбоче (или Тенгбоче). Од Периче назад кон манастирот Тиангбоче - се гледа на малото плато во далечината. |
 |
Назад во Тиангбоче со поглед кон Ама Даблам. |
 |
Од Тиангбоче поглед надолу во долината на Дуд Коси - „млечната река“. |
 |
Назад во Намце Базар. Поглед кон Еверест, Лотсе и Ама Даблам. |
 |
За спомен. |
 |
Еверест и Лотсе во сјајот на зајдисонцето. |
 |
Последни вечерни зраци на Еверест и Лотсе. |