ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „АЏИНА РЕКА“

Согласно годишниот календар за планинарски активности на ПД „Бистра“ - Гостивар, оваа година по 14-ти пат го организира традиционалниот еднодневен марш „Аџина река“ на ден 17.06.2006 год. (сабота).
Маршот-маратонот стартува од месноста „Торбешки мост“ (до ова место се пристига со автобус), потоа се оди низводно по реките „Аџина река“ и „Ќафа е кадис“, па преку Идризова рупа, Говедарник, с. Горно Јеловце до планинарскиот дом „Шарски води“.
Пристигнувањето до пл. дом се предвидува околу 15ч каде домаќинот организира заеднички ручек.
После ручекот планинарите тргнуваат према Гостивар каде се пристига за време од два часа.
Напоменуваме дека планинарите кои ќе земат учество треба да се физички добро подготвени и за планински услови облечени.
Превозот од Гостивар до „Торбешки мост“ (1 автобус) го организира домаќинот.
Поаѓањето на автобусот е точно во 7ч од пред платото на општина Гостивар.
Исхраната на планинарите е од ранец освен заедничкиот ручек.
На крајот уште еднаш Ви препорачуваме да ја искористите можноста да уживате во прекрасните предели на овие наши краеви.

Лице за контакт: Геговски Гојко, тел. 042-388-540, моб. 075-616-609

ПД „Бистра“ - Гостивар
Претседател
Геговски Гојко

12.06.2006

Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Мон Блан

Елбрус 2008

РОК ТРИП

По повод празникот 13 Ноември, денот на градот Скопје, во организација на *СКА* при ФПСМ, а подржана од собрание на град Скопје на 15.11.08 ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани