|
|
 |
|
52-ри ИЛИНДЕНСКИ СЛЕТ „ЛЕШНИЦА 2006“ |
|
|
| Почитувани,
Планинарскиот клуб „Љуботен“ на 2-ри Август (Среда) ќе го организира традиционалниот планинарски слет „Лешница 2006“. Овој слет по повод Македонскиот национален празник „Илинден“, нашиот клуб го организира од 1954 год. Ќе ни биде чест ако оваа година присуствувате на овој слет и заедно да уживаме во живописните предели на Шара.
Овогодинешниот слет ќе се изведе во еден ден, поточно со планинарската
тура кон Лешница, но доколку од Ваша страна има заинтересирани за престој
на Попова Шапка може да се јавите на следните тел. броеви, а сместувањето
ќе биде во планинарскиот дом „Смрека“ по цена од 150,00 ден. од учесник: * Божиновски Јован моб. 075-64-93-93 * Грнчаровски Димче моб 070-71-00-65 e-mail: pkluboten@yahoo.com
ПРОГРАМА
02.08. (Среда) * 6:30ч. - Тргнување на планинарската колона од пред планинарското домче на ПК „Љуботен“ на Попова Шака, кон Лешница преку Горна Лешница. * 10:30ч. - Пристигнување на Лешница, организирани прошетки кон водопадите на Кривошиска река и убавините на Лешница. * 13:00ч. - Враќање кон Попова Шапка. * 17:00ч. - Пристигнување на Попова Шапка.
НАПОМЕНА:
За учество на манифестацијата се партиципира по 100,00 ден. од учесник во рамки на кој организаторот обезбедува: * Организирано планинарско водење на организирана планинарска патека * Планинарски маици и * Разгледници со печатот на манифестацијата. Наплатата на гореспоменатата партиципација ќе се врши пред самиот старт на искачувањето на наплатниот пункт пред пл. домче на ПК „Љуботен“ на П. Шапка.
ПК „Љуботен“ - Тетово Претседател Божиновски Јован
25.07.2006
| |
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
РОК ТРИП |
По повод празникот 13 Ноември, денот на градот Скопје, во организација на *СКА* при ФПСМ, а подржана од собрание на град Скопје на 15.11.08 ... |
|
|
|
|
Ориентација - Водно |
Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ... |
|
Алпи 2008 |
Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ... |
|
Попова Шапка-Вруток |
Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ... |
|
Трпејца 2008 |
КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ... |
|
Демир Капија 2008 |
Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ... |
|
Титов врв 2008 |
Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ... |
|
|
|
 |
|
|
|
|
|