| Почитувани,
Планинарскиот Клуб “Љуботен” на 1, 2 и 3 Август (Петок - Недела) ќе го организира традиционалниот планинарски слет “Лешница 2008”. Овој слет по повод Македонскиот национален празник “Илинден”, нашиот Клуб го организира од 1954 год.
Генерален спонзор на манифестација е АВТО МОТО ДРУШТВО “ТЕТОВО”
Покровители: Поликлиника Интермед и ТВ Менада - Тетово
Ќе ни биде чест ако оваа година присуствувате на овој слет и заедно уживаме во живописните предели на Шара.
Овогодинешниот слет ќе се изведе како тридневен логор на Попова Шапка, со планинарската тура кон Лешница. Сместувањето ќе биде во Планинарски дом “Смрека”, а и во сопствени шатори околу овој планинарски дом.
Дополнителни информации:
Превозот (по Ваше барање) од Тетово до Попова Шапка чини 200 ден. (3.5 €) повратна карта.
За учество на манифестацијата се партиципира по 450 ( 7.5 €) денари од учесник во рамки на кој организаторот обезбедува:
• Две сместувања во Планинарски дом “Смрека”,
• Организирано планинарско водење и организирана планинарска патека,
• Заеднички ручек во Сабота.
Во склоп на манифестацијата ќе има организирано и место за сместување под шатори околу пл. дом на П.К. Љуботен.
Напомена:
Ве молиме благовремено и најдоцна до 29 Јули (Вторник) 2008 г. да го пријавите Вашето учество на долунаведените броеви, за да можеме да го организираме сместувањето.
Наплатата на гореспоменатата партиципација ќе се врши при сместувањето во Планинарски дом “Смрека” на организаторот на манифестацијата, при што секој учесник ќе добие разгледница со мотиви од Шар Планина.
За останатите кои нема да бидат сместени во план.дом. “Смрека” партиципацијата изнесува 50 ден, а ќе се наплатува пред самиот старт на турата.
Пријавувањето може да го извршите на следните телефони:
- Димче Грнчаровски - моб: + 389 (0) 71 27 26 43
- Божиноски Јован - моб: + 389 (0) 75 64 93 93
- Горки Качелов - моб: + 389 (0) 75 22 44 28
- е-маил: pkljuboten@mt.net.mk и www.pkljuboten.org.mk
ПРОГРАМА
1 Август - Петок:
• 17.00 часот - Пристигнување на Попова Шапка, пријавување и сместување во планинарски дом “Смрека” или во сопствени шатори.
• 19.00 часот - свечено отворање на манифестацијата.
2 Август - Сабота:
• 07.00 часот - тргнување на планинарската колона од пред планинарскиот дом на П.К. “Љуботен” на Попова Шапка кон Лешница преку горна Лешница.
• 09.00 часот - кратка пауза на Горна Лешница,
• 11.30 часот - пристигнување и уживање во убавините на Лешница со излет до кадите на Кривошиска Река.
• 13.00 часот - враќање кон П. Шапка.
• 16.30 часот - пристигнување на П. Шапка и заденички ручек во планинарски дом “Смрека”.
3 Август - Недела:
• 08.00 часот - прошетки кон Јелак и Јелачки Црн Врв
• 12.00 часот - враќање од Јелак кон Попова Шапка
• 14.00 часот - затворање на манифестацијата.
Исхраната е од ранец!
За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема!
Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција!
НАПОМЕНА: Планинарскиот Клуб “Љуботен” не одговара за последиците кои би се случиле вон оваа програма, како и за непријавените учесници кои не ја платиле гореспоменатата партиципација!
Пријавен лист
П.К.„Љуботен” - Тетово
Претседател
Божиноски Јован
22.07.2008
| |