|
Почитувани планинари, Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово и оваа година го организира традиционалниот „Собир на планинарите од Македонија“, манифестација која се организира под мотото „ЛЕШОК 2008“, а ќе се одржи во деновите 26-27.07.2008 година по следната:
ПРОГРАМА
26.07.2008 (Сабота)
до 11:00ч - Пристигнување на планинарите во Тетово, индивидуални прошетки низ градот.
11:00ч - Поаѓање кон с. Лешоки манастирскиот комплекс „Св. Атанасија“.
11:30ч - Пристигнување во манастирот во с. Лешок и сместување.
16:00ч - Организирана посета на остатоците од стариот манастир(2 км).
17:30ч - Предавање за историјатот на Лешочкиот манастир со посета на гробот и спомен собата на просветителот Кирил Пејчиновиќ - Тетоец. 19:00ч - Свечено отворање на манифестацијата (поздравен збор на Борис Стојановски претседател на Планинарскиот клуб „Јелак“ - Тетово).
20:00ч - Планинарски другарувања.
24:00ч - Повечерје.
27.07. (Недела)
07:00ч - Станување и припрема за марш.
08:00ч - Тргнување на маршот кон врвот Плоча.
11:00ч - Пристигнување на планинарите на врвот Плоча, одмор и припрема за враќање кон манастирскиот комплекс „Св. Атанасија“.
15:00ч - Пристигнување во манастирскиот комплекс, припрема за ручек.
15:30ч - Ручек.
16:30ч - Завршување на манифестацијата и испраќање на планинарите.
Исхрана: - Трошоците за ручек на ден 27.07.2008 година ги сноси организаторот.
Бифе: - Во манастирскиот комплекс ќе работи ресторант каде ќе може да се набават алкохолни и безалкохолни пијалоци, како и храна по популарни цени.
Сместување: - Сите учесници на манифестицијата ќе се сместуваат во шатори кои сами ги обезбедуваат. Планинарскиот клуб „Јелак“ располага со одреден број шатори за чие користење потребно е навремено пријавување. - Секој учесник е должен да обезбеди вреќи за спиење и соодветна облека, како и личен прибор за јадење. - Располагаме со извесен број комерцијални легла во Конакот на манастирот за чие користење цената изнесува 250,00 ден/ноќ. Правото на сместување во Конакот го задржува Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово.
Пријавување:
- Во интерес на организацијата на манифестацијата „Лешок 2008“, сите учесници кои го планираат своето учество на манифестацијата ги молиме пријавите да ги достават по писмен пат на адреса:
ИЛИЈА ДИМИТРИЕСКИ - за ПК „Јелак“, ул. К.Ј. Питу бр. 49, Тетово, најдоцна до 24.07.2008 година или секој ден на телефоните: ГЛИГОР БУНЕСКИ - Тел: 044 336 932 (раб.) и 075 433 970 ИЛИЈА ДИМИТРИЕСКИ - 044 333 035 (дом.) и 070 860 722
ЗОРАН ДИМЧЕСКИ - 044 335 681 (дом.) и 071 650 174
БОРИС СТОЈАНОСКИ - 070 596 637.
ЗА СВОЈАТА ПСИХОФИЗИЧКА И ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА ОДГОВОРНОСТА ЈА ПРЕЗЕМА САМИОТ УЧЕСНИК.
До скоро видување на „ЛЕШОК 2008“
ПК „ЈЕЛАК“ - ТЕТОВО
22.07.2008 |
|