Фејсбук група

ТРЕТИ ПЛАНИНАРСКИ СРЕДБИ „ПОНИКВА 2007“

СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНА И КУЛТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА: Планинарски марш, Планинско трчање, Планинарска вечер.
Маршот Ќе започне во 07ч од месноста Пониква (1600 мнв). Патеката е одбележана и не е опасна за движење па затоа во маршот можат да учествуваат планинари од 7 до 77 години. Нема поголеми стрмнини а вкупната висинска разлика помеѓу стартот и целта е 480 метри. Првата третина од патеката поминува низ букова шума, а потоа се издигнува по планинското било над шумската граница. Самиот врв, Царев врв, (Султан тепе) се наоѓа на 2085 мнв и нуди прекрасен видик кон планините Рила и Пирин, како и поголем дел од Р. Македонија.
За цело време планинарите можат да уживаат во прекрасните убавини што ги нудат Осоговските планини освежувајќи се на повеќе места со студена изворска вода. Исто така ќе имаат можност за собирање на лековити билки и прекрасно планинаско цвеќе.
Вообичаено патеката се поминува за 4ч. По кратка пауза на врвот (30 мин.) по истата патека се враќаат назад.
Групата што ќе продолжи кон Руен (2252 мнв) ќе се движи по планинското било во правец СИ уште околу 2ч и ќе биде предводена од искусни планинари од ПСД „Осогово“ од Кочани. Самиот врв се наоѓа на границата со Р. Бугарија. На враќање ќе ги чека возило во близина на Царев врв со кое ќе пристигнат на Пониква. Возилото поаѓа во 15ч!
Растојанието од Кочани до Пониква е 20км, од Пониква до Царев врв 16км, а од Царев врв до Руен 8км.

ПРОГРАМА

08.06.2007 (Петок)
Пристигнување и пречек на планинарите во детското одмаралиште „Пониква“. Сместување до 22ч.

09.06.2007 (Сабота)
06:00ч - Будење и појадок
07:00ч - Поаѓање на планинарите кон Царев врв
09:00ч - Старт на натпреварувачите во Планинско трчање
15:00ч - Враќање на натпреварувачите и планинарите во детското одмаралиште
15-17:00ч - Делење на ручек
20:00ч - Вечера и дружење

10.06.2007 (Недела)10:00ч - Прогласување на победниците во сите категории и доделување на благодарници
11:00ч - Локални прошетки околу Пониква
13:00ч - Враќање до Кочани.

* Организаторот го обезбедува само ручекот. Останатите оброци се „од ранец“.

НАПОМЕНА:

1. Сите учесници задолжително да имаат планинарски книшки
2. Цената за двете ноќевања изнесува 300 ден.
3. Превозот до детското одмаралиште „Пониква“ е во сопствена режија
4. За планинарите кои се искачуваат на Руен обезбеден е превоз за враќање од Царев врв до Пониква
5. Пријавете го Вашето учество кај
Ванчо Проев (Претседател) на 070-987-551 или
Сашко Стефановски (Секретар) на 070-754-118,
Емаил: sashkostefanovski@yahoo.com

Ве молиме да се пријавите најдоцна до 02.06.2007 год. заради подобра организација на сместувањето!
БЛАГОДАРИМЕ !

03.06.2007

Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани