ЛОКАЛИТЕТ „ЦОЦЕВ КАМЕН“

Во с. Шопско Рударе, Кратовско, го открив засега најимпозантниот и најзначаен споменик на културата од времето на праисторијата.
Кон објектите во карпата водат две патеки.
Првата патека води кон една природна пештера, која во Палеолитот и во Неолитот била преуредена за потребите на популацијата која во тоа време ја населувала околината на „Цоцев камен“. Под пештерата се издлабени два реда камени седишта кои заедно со платформата која била изградена пред седиштата, формираат театарски комплекс. Тоа е прв комплекс од овој тип направен во Бронзеното време, откриен во светот до овој момент. Во непосредна близина на пештерата е откриена „Геа Матер“, нешто што упатува на заклучок дека пештерата била користена од луѓе во старото камено време. Над оваа пештера првин постоела помала природна пештера се до Бронзеното време, кога духовните водачи организирале преуредување на пештерата за ритуални и церемонијални активности. При новото уредување на пештерата во самата карпа се изработени корита со двојни простори: мал и поголем, користени за ритуално-церемонијални цели.
Уште поимпресивен е вториот простор на локалитетот. Според описот на проф. Стеван Симиќ пред влезот се протегала патека, чија должина изнесувала 21,26 метри. На почетокот на патеката од едната и од другата страна биле поставени два големи камена кои биле обработувани. Влезот бил добро чуван од вооружени лица кои стоеле пред првата и втората порта, кои претставувале вистински бедем. Тоа требало да придонесе за мирен тек на церемониите и ритуалите од различен вид. Самата карпа е обработена на таков начин за во карпата да се изделка: престол, мала платформа за лицата кои стоеле веднаш до лицето кое седело на престолот. Зад лицето кое седело на престолот била изработена врата и мала платформа за мал број луѓе. Пред самиот престол е плато од 51 метри квадратни за официјални лица кои ги следеле церемониите.
Локалитетот претставувал праисториска опсерваторија во вистинска смисла на зборот. Наспроти престолот во карпата се изработени неколку седишта како дел од една софистицирана опсерваторија. Од седиштето се набљудувале сонцето, месечината и ѕвездите. На повеќе стотици метри источно од овие камени столови се наоѓаат мегалити, во чија непосредна близина се изработени месечини со голема димензија. Мегалитите со дополнителни врежувања врз нив, или врз камењата во непосредна нивна близина се најсигурниот сведок за тоа дали еден објект претставува опсерватоија.
Од платото водат степеници кон најгорниот дел од карпата каде има голем базен за вода кој бил рачно полнет, водата се испуштала на денот определен за ритуално капење.
Од западната стран на „Цоцев Камен“ во една мала пештера открив сликана карпеста уметност, меѓу сликаните елементи доминира насликаниот орант.
Втората пештера со идеална акустика, претставува вистинска концертна сала. „Цоцев Камен“ е дел од една развиена праисториска култура, веќе го привлекува вниманието на експерти по археологија, палеолингвистика, археомитологија и археоастрономија, како што е познатиот бугарски археолог и праисторичар проф. др. Стефан Чохаџиев, потоа научните работници Филип Маринвал и Катрин Команж од Франција, универзитетски професори од Ријад, Рим, Лос Анѓелес, Сан Петерсбург, Торино, Осака.
Овој локалитет доби на значење по документирањето на испишаните глинени плочки од времето на Неолитот и Бронзеното време, како и откривањето на камените скулптури (божици птици), и глинените скулптури со претстава на божица птица, откриени во негова непосредна близина. Главниот мегалит бил обработен во форма на полумесечина.
Изгрејсонцето е вистинско доживување за секој посетител на „Цоцев камен“. Големиот карпест сончев симбол потврдува дека овој локалитет е вистински бисер на македонското културно, историско, писмено, етнолошко, како и религиозно-филозофско наследство.

Текст и фотографија: Др. Душко Алексовски, доктор на Филолошки науки и докторант на археологија и палеолингвистика, Претседател на „Светската Академија на камена уметност“
05.06.2006 год.



Ilinden 2006

It was a very hot summer morning, July 29th, Saturday. We gathered at 9 o’clock in front of the curch ...

-----------------------------

Deep river 2004

Report from Zezovski Ivan who guided the TV crew that wanted to tape the biggest waterfall in Macedonia ...

contact               links               site map               webmaster

MKDmount 2005-2006    All rights are reserved