Фејсбук група

ПЛАНИНАРСКИ ДОМОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Име: „Висока чука“ - Кожуф
Управува: ПД „Миравци“ - Миравци
Местоположба: До домот може да се дојде по маркирана патека за околу 2 часа од с. Петрово, може да се дојде до него и со теренско возило. Домот располага со 40 кревети, располага и со кујна во која може да се припрема јадење.
Раб. време: Домот има постојан домар.
Контакт: Митко Николов моб. 075-769-494.
Можности: Искачувања на Кожуф планина, на врвот Двете уши по маркирана патека за околу 3,5 часа во еден правец.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Фото Влатко МилевИме: „Вртешка“ - Плачковица
Управува: ДПС „Лисец“ - Штип
Местоположба: околу 35 км од Штип на 1107 мнв, пристап со возило, капацитет 40 кревети, има струја, вода и централно парно од каминот, скоро реновиран.
Раб. време: домот е од отворен тип, работи по претходен договор со домаќините.
Контакт:
Можности: искачување на Лисец.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Горна Белица“ - с. Горна Белица
Управува: СД „Пеони“ - Скопје
Местоположба: старо училиште во с. Горна Белица.
Раб. време: затворен тип, во договор со домаќините.
Контакт:
Можности:

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Горни Дисан“ - Кожуф (подножје)
Управува: ДПС „Просек“ - Неготино
Местоположба: старото школо во с. Долни Дисан, капацитет 30 кревети, оддалечен од Неготино 12 км (последните 2 се макадам), се наоѓа на 400 мнв.
Раб. време: со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: Трекинг до домот Драчевица за околу 5ч, прошетка до висорамнината Витачево за околу 2ч во еден правец.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Фото Николов БогољубИме: „Даре Џамбас“ - Водно
Управува: ПСД „Бистра“ - Скопје
Местоположба: на 1060 мнв под самиот врв Водно, се стигнува од Скопје по асфалтен пат преку Средно Водно, има 25 кревети. Повеќе информации на сајтот на клубот.
Раб. време: викенди (петок вечер до недела вечер), државни празници.
Контакт: 02-3164-365.
Можности: 2-3 часовен трекинг до Матка, има болдер карпа на неколку минути од домот, параглајдинг.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Дивле“ - Градиштанска планина
Управува: ПОК „Кумановче“ - Скопје
Местоположба: старото школо во с. Дивле, пристап со приградски автобус од Скопје, капацитет 30 кревети.
Раб. време: со претходна најава кај домаќините.
Контакт: 02-2781-686.
Можности: искачување до Венец - врвот на Градиштанска планина (1-1,5ч), трекинг до Ѓуриште за 2-2,5ч (манастир и одморалиште), трекинг до Катланово за 2-2,5ч.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Димитар Илиевски - Мурато“ - Баба
Управува: ПД „Пелистер“ - Битола
Местоположба: се наоѓа веднаш до Големо езеро на 2218 мнв, може да се дојде со теренско возило до него, користи струја од агрегат.
Раб. време: во лето обично во викенди, да се провери со домаќините
Контакт: 070-997-861.
Можности: искачување на врвот Пелистер за околу 2ч, трекинг до пл. дом Неолица преку врвот Муза за 5-6 часа, трекинг до с. Брајчино на Преспанско езеро за 3-4ч.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Фото Бошковски ГоцеИме: „Длабочица“ - Козјак (Кумановски)
Управува: ПД „Козјак“ - Куманово
Местоположба: во с. Длабочица, капацитет 12 кревети.
Раб. време: со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: трекинг до пл. дом „Појак Калман“ за околу 3ч.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Драчевица“ - Кожуф (подножје)
Управува: ПД „Просек“ - Неготино
Местоположба: старото школо во с. Драчевица, оддалечен 14 км од Демир Капија (половина е макадам), на 600 мнв, капацитет 40 кревети.
Раб. време: со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: Искачување на врвот Двете уши на Кожуф за 5-6 часа во еден правец.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Железна река“ - Челоица
Управува: ПСД „Кораб“ - Скопје
Местоположба: Подетални информации на нивниот сајт.
Раб. време: со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: искачување на врвот Сандакташ на Бистра.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Чеплес“ - Јакупица
Управува: САК „Велес“ - Велес (приватна сопственост)
Местоположба: На планината Јакупица на околу 1420 мнв. Освен пл. патеки од с. Нежилово и с. Папрадиште, има пристап и по макадам.
Раб. време: обично викенди постојано (посебно во лето), инаку со најава кај домаќините.
Контакт: 075 644 000 Ване, 070 216 591 Љупче и 070 377 292 Марио.
Можности: Искачување на Солунска глава, посета на изворите на Бабуна.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Калабастер“ - градот Демир Капија
Управува: ФПСМ - СКА
Местоположба: во градот на крајот кај пазарот, веднаш до реката Вардар.
Раб. време: обично викенди постојано (посебно во лето), инаку со најава кај домаќините. Има 11 соби по 4 легла, ВЦ и туш внатре.
Контакт: .
Можности: Искачувања на насоки во локалитетот Демир Капија.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Караџица“ - Јакупица
Управува: ПД „Драчево“ - Скопје
Местоположба: мапа.
Раб. време: во периодот мај-октомври постојано, потоа со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: искачување на Солунска глава за 4-5ч, трекинг до Салаковски езера за 2-2,5ч, искачување на блискиот врв Мумџица, трекинг до изворот на Кадина река, трекинг до врвот Водно за 8-9ч.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Копанки“ - Баба планина
Управува: ПД „Пелистер“ - Битола
Местоположба: 30 мин. по планинарска патека од хотел Молика до каде има асфалтен пат, на 1554 мнв.
Раб. време: постојано е отворен.
Контакт: 070-997-861.
Можности: Искачување на врвот Пелистер, трекинг до Мало и Големо езеро, прошетка до Јоргов камен и Црвени стени.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Фото Спасов МарјанИме: „Љуботен“ - Шар Планина (под врвот Љуботен)
Управува: ИГМ „Вратница“ - Вратница.
Местоположба: по асфалтен пат од с. Вратница до Старо село и понатаму, потоа шумски пат до самиот дом.
Раб. време: со претходна најава.
Контакт: Митко 070-515-480.
Можности: Искачување на врвот Љуботен, почетна точка на Западната трансверзала која завршува во Охрид.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Љуботен“ - Шар Планина (на Попова Шапка)
Управува: ПК „Љуботен“ - Тетово
Местоположба: на Попова Шапка (22 км од Тетово) зад Детското одморалиште, капацитет 10 + 2 кревета; струја, вода и тоалет внатре (и топла вода). Повеќе податоци на нивниот вебсајт.
Раб. време: со навремена претходна најава.
Контакт: Звонко 071-561-449, Зоран 071-660-806.
Можности: Искачување на Титов врв, Бриставец, трекинг до Лешница, Боговинско и Бело езеро.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Фото Стојан ЈовановИме: „Матка“ - кањон меѓу Сува Планина и Ивање
Управува: СД „Пеони“ - Скопје
Местоположба: се наоѓа на 20 км од центарот на Скопје во кањонот на реката Треска над браната „Матка“. Моментално се реновира, работи само ресторанот, треба да се провери дали може да се ноќева претходно, реновирањето треба да заврши најдоцна до крајот на јуни 2008.
Раб. време: во летните месеци секој ден, во зима со најава, за спиење задолжителна најава.
Контакт: 02-2052-655, Борче 070-836-487.
Можности: Тука е најголемиот локалитет за climbing во Македонија, има голем број насоки посебно во амфитеатарот (800 КБ), искачување на Сува планина, трекинг по кањонот на Треска и посета на пештерата „Врело“, трекинг до Водно.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Малотино“ - Козјак (Кумановски)
Управува: ПД „Козјак“ - Куманово
Местоположба: старото школо во с. Малотино, капацитет 18 кревети.
Раб. време: со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: Трекинг до опсерваторијата Кокино.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Мокрени“ - Бабуна
Управува: СПД „Металург“ - Велес
Местоположба: во с. Мокрени на 600 мнв, капацитет 32 кревети, има струја и вода, пристапен од железничка станица Теово за 2 часа по макадамски пат или од Богомила за 3 часа по планинарска патека.
Раб. време: со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: искачување до врвот Биса на планината Бабуна (1600 мнв) по маркирана патека за 3-3,5 часови, трекинг до манастирот во с. Слепче, прошетка до с. Габровник по изохипса по патека целосно во шума за вкупно 7-8 часови, прошетка до манастирот Св. Спас за 30 минути.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Мрежичко“ - Кожуф
Управува: ПД „Орле“ - Кавадарци
Местоположба: поранешна полициска станица во с. Мрежичко, се стигнува од Кавадарци по 37 км долг асфалтен пат, има 35 кревети, има струја и вода внатре.
Раб. време: со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: најчеста тура е со симнување пред селото Мрежичко и потоа преку врвот Васовград се пешачи за околу 5-6 часови до селото, за 15 минути се доаѓа до Темната пештера (внатрешна должина на пештерата околу 150 метри), за половина час може да се посетат водопади на реката Башница.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Неолица“ - Баба планина
Управува: ПД „Ѓорѓи Наумов“ - Битола
Местоположба: на 1440 мнв, 3 часа пешки од с. Буково или за 2 часа од с. Лавци, можен пристап со теренско возило од с. Лавци, капацитет 48 кревети, користи струја од агрегат.
Раб. време: со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: искачување на врвот Неолица, трекинг до Големо езеро за 6-7ч.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Папрадиште“ - Јакупица
Управува: Невлад. организација „Green power“ - Велес
Местоположба: во с. Папрадиште (1000 мнв), капацитет 30 кревети, пристап по асфалтен пат.
Раб. време: викенди од петок до недела.
Контакт: 043-211-411, 075-757-297.
Можности: Искачување на Солунска глава, посета на изворите на Бабуна.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Плоча“ - Локалитет Плоча
Управува: АК „Плоча“ - Радовиш
Местоположба: блиску до магистралниот пат, се доаѓа со возило до него, две спални со 12 кревети, трпезарија со кујна, ВЦ со купатило, повеќе информации на нивниот вебсајт.
Раб. време: во договор со домаќините.
Контакт: plocaclimbing@gmail.com
Можности:

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Појак Калман“ - Козјак (Кумановски)
Управува: ГПД „Козјак“ - Куманово
Местоположба: старото школо во с. Дејловце, капацитет 22 кревети.
Раб. време: со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: .

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Скочивир“ - Ниџе (подножје)
Управува: ПД „18 Август“ - Скопје
Местоположба: се наоѓа во селото Скочивир, поранешна војна караула, домот располага со 40 кревети.
Раб. време: Во викенди работи постојано, за други термини да се провери со домаќините.
Контакт: .
Можности: Искачување на Кајмакчалан.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Скопје 63“ - Водно (Средно)
Управува: ПД „Скопје 63“ - Скопје
Местоположба: Во месноста Средно Водно над Скопје, приземјето се издава комерцијално на ресторан, а спратот служи за одмор (евентуално и продажба на пијалоци), но нема можности за ноќевање.
Контакт: .
Можности: Искачување на врвот на Водно (1066 мнв) за 40-50 минути.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Смрека“ - Шар планина
Управува: ПД „Трансверзалец“ - Скопје
Местоположба: во скијачкиот центар Попова Шапка, пристап од Тетово по 20 км асфалтен пат, капацитет 80-90 кревети, има струја, вода и купатила внатре.
Раб. време: обично во викенди, но да се најави ноќевањето кај домаќините.
Контакт: 070-641-998.
Можности: Искачување на Титов врв, Бриставец, трекинг до Боговинско езеро, Бело езеро, Лешница.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Средно Водно“ - Водно (Средно)
Управува: ЖПК „Работнички-Китка“ - Скопје
Местоположба: во месноста Средно Водно, пристап по асфалтен пат од Скопје, нема можност за ноќевање.
Раб. време: во викенди.
Контакт: .
Можности: Искачување до врвот на Водно за 40-60 мин.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Старавина“ - Мариово
Управува: ПСД „Медикус“ - Битола
Местоположба: во самото село Старавина, капацитет 15 кревети, има струја, вода и купатило внатре.
Раб. време: со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: Посета на Градешнички извори за околу 2 часа во еден правец, посета на манастир Трново во с. Будимирци за околу 2ч, до Чебренски манастир за 2-3ч, искачување на врвот Кравица на самата граница (на Ниџе источно од Кајмакчалан) за околу 8ч во еден правец.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Тајмиште“ - Бистра
Управува: ЖПК „Работнички-Китка“ - Скопје
Местоположба: се наоѓа на самата жел. станица Тајмиште, пристап по асфалтен пат од Гостивар и пред Маврово се врти лево (оддалечен 100 км од Скопје), капацитет 40 кревети.
Раб. време: со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: Искачување на Сандакташ za 3-4ч.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Црквиште“ - Плачковица
Управува: ДПС „Лисец“ - Штип
Местоположба: Домот се наоѓа на северната страна на Плачковица во близина на врвот Туртел, гледа према Кочани, на 1590 мнв. Моментално има 20 кревети, агрегат на струја. Нема кујна ниту вода внатре. Реконструкцијата е се уште во тек.
Раб. време: .
Контакт: .
Можности: Искачување на Туртел и Лисец.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Урсус спелеос“ - Песјак планина (подножје)
Управува: ИД „Урсус спелеос“ - Скопје
Местоположба: се наоѓа во с.Слатина, општина М. Брод, 600 мнв.
Раб. време: .
Контакт: 070-449-182, 071-793-233.
Можности: Посета на 5 пештери и тоа: Слатинско Врело 4000 мнв, Овчарска пештера 400 мнв, Пурало 800 мнв, Слатинска II 80м, Горна Слатинска 400 мнв. Трекинг тури, искачување на Јошков камен (1917 мнв) врв на Песјак планина во времетраење од 4 часа, планинарска тура од с. Слатина - Јошков камен - Добра Вода (2061 мнв) - Челоица - Железна Река (Гостивар).

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Џумаја“ - Плачковица
Управува: ПД „Бел камен“ - Радовиш
Местоположба: на 1420 мнв, капацитет 30 кревети, има струја и вода внатре во домот, оддалечен е 21 км од Радовиш (последните 2 км се макадам).
Раб. време: со најава кај домаќините.
Контакт: .
Можности: Искачување на Лисец за околу 2ч.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Шара ски“ - Попова Шапка
Управува: ДПС „Шара ски“ - Тетово
Местоположба: Попова Шапка, 20 км од Тетово.
Раб. време: Постојано во зимска сезона.
Контакт: Тихе 070-329-898, Ивица 070(076)-431-655.
Можности: Искачувања на Титов врв и други врвови на Шар планина.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Шарена чешма“ - Беласица
Управува: ПАОК „Ентузијаст“ - Струмица
Местоположба: пристап, капацитет 26 кревети.
Раб. време: домот е од затворен тип, но во договор со домаќините може да се користи.
Контакт: .
Можности: Искачување на врвот Тромеѓа, посета на Смоларски водопад.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Шарски води“ - Шар планина
Управува: ПД „Бистра“ - Гостивар
Местоположба: поранешна стражарска куќа на ЕСМ, на 1330 мнв, пристап од Гостивар до с. Горно Јеловце 6 км асфалт и уште 7 км по макадамски пат до домот, капацитет 8 кревети, има струја, вода има во дворот.
Раб. време: домот е од затворен тип, но во договор со домаќините може да се користи.
Контакт: .
Можности: Искачување на врвот Радика (планина Радика) за околу 5ч во еден правец; Искачување на врвот Лера во подножјето на Кораб (ги дели реката Радика) преку два различни правци, едниот се поминува во еден правец за 4ч а другиот за 3ч; искачување на Говедарник (Зенделбег - Деделбег) за околу 3ч во еден правец; искачување на Будилов гроб (2230 мнв) над изворите на Маздрача за 2-2,5ч; искачување на Рамен камен (1750 мнв) на Шар планина за 2-2,5ч; искачување на Мала Враца за 5-6ч во еден правец.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Други објекти коишто ги користат планинарите


Име: „Блаце“ - Скопска Црна Гора
Управува: Извидничко Поречански одред „Јадран“ - Скопје
Местоположба: се наоѓа во селото Блаце.
Раб. време: во договор со домаќините може да се користи.
Контакт: Стојановски Мичо 071 328 045, Тодоровски Дончо - 070-824-500, Светислав Аџич Бато - 070-325-714..
Можности: Искачувања до врвовите Рамно и Црн камен.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Исак Русо“ - Јакупица
Управува: никој не управува со него, служи како заслон.
Местоположба: се наоѓа на Бегово поле 16 км оддалечен од пл. дом Караџица.
Раб. време: .
Контакт: .
Можности: Искачување на Солунска глава, посета на изворот на река Кадина, на Салакови езера.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Калин камен“ - Осоговски планини
Управува: ПД „Руен“ - Кр. Паланка
Местоположба: тоа е општинска барака во месноста Калин камен на патеката према Царев врв од Осоговски манастир, до него се доаѓа по асфалтен пат. Во близина се наоѓа и Ловечка куќа која исто може да се користи за сместување, вкупниот капацитет на двата објекта е 30 кревети.
Раб. време: мора претходно да се најави и резервира сместување кај домаќините.
Контакт: .
Можности: Искачување на Царев врв и Руен, можен трекинг до Пониква преку Царев врв.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Шумска куќа“ - Ниџе
Управува: Шумско стопанство „Кајмакчалан“ - Битола
Местоположба: се наоѓа покрај шумскиот пат кој води од с. Скочивир до самиот врв Кајмакчалан.
Раб. време: .
Контакт: .
Можности: Искачување на Кајмакчалан.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Шумска куќа“ - Бистра
Управува: ПСД „БИСТРА“ - Кичево
Местоположба: се наоѓа во близина на с. Попоец, се уште е во припрема за активен планинарски дом.
Раб. време:
. Контакт: .
Можности: .

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Засолниште“ - Баба планина
Управува:
Местоположба: На самиот гребен покрај патеката (на седлото меѓу врвовите Стив и Илинден) од домот Копанки која води право нагоре према гребенот и потоа према врвот Пелистер, опремено е со клупи и маса.
Раб. време: .
Контакт: .
Можности: Искачување на Пелистер, трекинг до Мало езеро, Големо езеро.

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Име: „Засолниште“ - Баба планина
Управува:
Местоположба: блиску до Големо езеро, веднаш до пл. дом „Димитар Илиевски Мурато“. Има клупи и можат да престојуваат двајца планинари.
Раб. време: .
Контакт: .
Можности: Искачување на Пелистер, посета на Мало езеро, Големо езеро, трекинг преку врвот Муза до пл. дом Неолица.



Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

Ве известуваме дека Ориентациониот клуб Трансверзалец Скопје на 26.03.2011 год.- Сабота на локацијата Градски парк ...

СПОРТСКА ОРИЕНТАЦИЈА

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ ВО СПОРТСКА ОРИЕНТАЦИЈА 09.11.2010 ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани