Фејсбук група

ПАКЛЕНИЦА 2006

Пакленица е национален парк на Хрватска и се наоѓа на околу 50 км од Задар, локалитетот е главно опремен со експанзиони клинови, долгите насоки се наоѓаат на Анича кук каде што и ние качувавме насоки долги и до 350 метри, тежината на насоките во овој локалитет е од 2 до 11 односно има одличен избор на насоки со најразлични тежини и должини.
Бевме петмина во екипата, Мирослав Ристовски од Тетово, Даниел, Ролф и Даниела (единствената девојка во групата) од Швајцарија, и јас Надир Мурсели. Ние четворица (освен Мики) бевме тргнати од Швајцарија, со него се имавме договорено да се најдеме во Стари град каде што и се наоѓа Пакленица и кампот.
14.10.2006, Сабота - Стигнавме во кампот, нешто подоцна во 11ч стигна и Мики према договореното. Остатокот од денот го искористивме да го разгледаме локалитетот.
15.10.2006, Недела - Веднаш после доручек сите тргнавме до Анича кук и ја одбравме Мосорашката насока (оценка 5ц со должина 350 метри), во едната наврска одевме јас и Мики, останатите тројца беа другата наврска (Даниел, Ролф и Даниела). Еден цуг со Мики го поминавме без клинови, само на чокови и гуртни ... промашивме ... претходно влегов во еден цуг 7 ... се симнав бидејќи не можев да поминам !!! Потоа проба Даниел, и он не помина и заклучивме дека не сме во правата односно нашата насока, од тука се разделивме само што они имаа среќа по 50 метри па продолживме заедно до врвот.
16.10.2006, Понеделник - Се решивме да качуваме насоки со помалку цугови, така што отидовме во Мали цук со Мики и Даниела, Даниел и Ролф решија да качуваат кратки насоки до 30 метри но со поголеми тежини 6б. Најдовме една насока Цељски ступ тежина 5а со 150 метри должина. Откако се искачивме подоцна се најдовме со Даниел и Ролф и сите заедно се вративме во кампот. Следуваше готвење вечера, припрема на опремата и планирање ШТО за наредниот ден.
17.10.2006, Вторник - Овој ден одиме за Сплит, се договорив да се видиме со можеби еден од најдобрите алпинисти на Балкан и пошироко СТИПЕ БОЖИЧ. По доаѓање во Сплит Стипе не дочека многу убаво, по малку неочекувано за нас. Потоа ручек со него и разгледување на градот, му поставивме стотици прашања кои можеби по стоти пат ги слушнал во животот. На крај се договоривме да дојде еднаш да не посети во Македонија, бил некогаш но само на кратко, и самиот рече бил секаде низ светот а не бил во Македонија, ќе дојде на планинарење и се разбира по некоја презентација на слики и сл.
18.10.2006, Среда - Овој ден се спремавме за нешто потешко - Велебиташка насока со тежина 6а+ и должина 350 метри во Анича кук. Претходната вечер се договоривме дека пак во наврска ќе одиме јас и Мики, а другите во тројка, но утрото се смени планот, Ролф и Даниела ќе одат на нешто полесно и не доаѓаат со нас, така што сепак ќе качуваме во тројка со Даниел кој одлично качува. Ја земав и камерата покрај фотоапаратот така што ја снимив целата насока. Даниел го помина клучното место слободно, јас и Мики технички. Мосорашката насока е најпозната на Анича кук, но Велебиташки е насока која навистина овозможува уживање и напрегнување на мускулите и вреди да се помине.
19.10.2006, Четврток - Ова е последниот ден за качување така што со Мики решивме да качуваме пократки насоки до 30 метри, со нас беше и Даниела, Ролф и Даниел беа замината да качуваат на друго место. Со Мики и Даниела качувавме 3-4 саати и потоа со Мики заминавме во кампот да се спремиме за пат.
Така заврши ова патешествие, Мики остана кај своите роднини во Пула уште скоро една недела. Другите дома со длабоки импресии кои што полека стивнуваат, покрај убавото време и природата можевме и да се капеме во морето.

Утро на насока


Анича кук


Цељски ступ (5а)

Мики на Мосорашка насока


Надир на Велебиташката насока


Детал од Велебиташки

8a


На врвот на Анича кук


Зајдисонце на Пакленица

На излез од смеровите


Уште еден зајдисонце


Средба со Стипе Божич во Сплит

Текст: Надир Мурсели
Фотографии: Надир Мурсели и Мирослав Ристовски
31.10.2006 год.


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани