|
|
 |
|
ХРВАТСКА, ПАКЛЕНИЦА - ПАГ |
|
|
Алпинистичко искачување во периодот од 01.05-04.05.2008
01.05.2008 Четврток
Од Загреб појдовме околу 07:30ч утрото. Во автомобилот бевме 4 лица: Мирослав Ристоски, Трпимир Јаковина, Орсат Кратофил и Ана Бокулиќ.
Нашата цел беше искачување на алпинистички и спортско качувачки насоки на островот Паг, и во алпинистичкиот центар Пакленица.
По неколку часа патување со автомобил од Загреб пристигнавме на островот Паг.
Ова беше нашата прва дестинација каде требаше да качуваме наредните 2 дена. Островот Паг се наоѓа северно од градот Задар на Јадранското море.
На овој остров искачивме 3 насоки (патеки) во карпата каде одиш да качуваш. Стигнавме некаде околу пладне под насоките, се спремивме и почнавме да качуваме две различни насоки.
Карпата беше сместена на 20 метри од прекрасното море, кое имаше сино-зелена боја. Кога качуваш ги гледаш боите на морето, и го слушаш звукот на брановите.
Во првата наврска качувавме: Јас, Трпимир и Ана, а во другата нашите пријатели Томислав и Орсат.
Карпата на која качувавме се викаше Стогај, а личеше како некој широк столб изделкан од морските бранови.
Првата насока која ја качувавме се вика Stigma со тежина 6- и должина од 60 метри.
Интересна насока со убави длабнатини на карпата, што овозможуваше сигурно качување. Беше исклинчена со експанзиони клинови (бушени клинови во карпата). Тие се доста сигурни клинови, во случај на лизнување и паѓање добро држат. Кога ќе се качиш на врвот од карпата имаш поставено неколку клинови, кои служат за абзел (техника на спуштање со јаже по карпата).
По искачување на оваа насока, се упативме да ja качуваме другata насока со име La vida loca која воедно беше и за една оценка потешка.
Оваа насока ја качувавме со Трпимир и Ана. Првата должина ја водев јас, а втората мојот другар Трпимир.
Втората должина за мене беше доста интересна, затоа што одеше лево-десно во змијовидна форма. По искачувањето на оваа насока, повторно следуваше спуштање со јаже до подножјето на карпата. Кога се собравме под карпата, ја собравме и класиравме опремата.
Ги наполнивме ранците и тргнавме кон возилото каде впрочем беше и нашето прво ноќевање во природа.
02.05.2008 Петок
Се упативме на другата страна на островот, каде не чекаше првенствено искачување (искачување на карпа каде нема никакви клинови, треба сам да ги ставаш и да се осигуруваш на нив).
Некаде околу 12ч, по топлото мајско сонце на некаде 28 целзиусови степени тргнавме кон насоката. По пешачење од 20 минути стигнавме до стартот на насоката со целата алпинистичка опрема. Местото каде карпата ја качувавме беше наречено Свети вид. Насоката имаше три должини со оценка на тежина (4+).
Беше доста ронлива и нестабилна за качување, тоа во алпинизмот на алпинистите им задава дополнителни проблеми. Во првата должина имав случај каде ми се одрони камен, и за среќа не паднав и не го повредив мојот партнер Трпимир кој качуваше со мене.
Додека качував по карпата ставав клинови, кои подоцна ги вадеше мојот партнер. Тоа претставуваше и подолготрајно качување.
По 4 часа искачување излеговме на врвот на карпата.
Од врвот се гледаше целиот остров Паг, планина Велебит и малите населени места на островот.
Тука направивме неколку фотографии, се потпишавме во книгата на врвот дека сме се искачиле, каде се потпишуваат планинарите. Почнавме да се симнуваме, дојдовме до колата и почнавме да ја средуваме опремата. Кога ја средивме опремата за качување им се јавивме на Орсат и Ана (кои тој ден качуваа 2 насоки) дека ќе ги чекаме кај колата.
Додека ги чекавме јас се симнав на плажа малку да ја почувствувам морската вода.
Беше доста ладна, и не влегов да се избањам, тоа го оставив за нареден пат. Кога се спремивме околу 19ч вечерта тргнавме кон Пакленица, најголемиот алпинистички и спортско-качувачки локалитет во Хрватска. Таму не чекаа пријателите од алпинистичкиот клуб „Железничар“ од Загреб. Некаде околу 20:30ч пристигнавме во кампот ПЕКО, вечеравме и со нашите пријатели отидовме во ресторантот „Динко“ на пијачка.
03.05.2008 Сабота
Утрото во 08:30ч се разбудивме и излеговме од шаторот.
Погледнавме чисто небо и сонце кое не следеше цел ден.
Доручкавме во кампот, потоа заминавме во ресторанот „Динко“, каде се напивме по едно кафе. Тука ги договаравме последните детали околу нашето качување. Кој со кого и што ќе качува. Тој ден качував со Трпимир Јаковина, а Орсат Кратофил и Ана Бокулиќ качуваа насока која беше доста оддалечена од нас.
Кога дојдовме под насоките на карпата Анича кук, наидовме на многу алпинисти кои качуваа на таа карпа.
Ние се одлучивме да ја качуваме насоката со име Thuringer weg.
Таа се наоѓа на столбот на карпата Анича кук, со тежина 6+ и должина 110 метри. Има три должини на качување и беше исклинчена со експанзиони клинови. Кога ја качуваш оваа насока поминуваш низ убави плочи и пукнатини. Кога ќе се искачиш до крајната точка до долу се симнуваш со јаже или абзел.
На крајот на насоката имаше доста луѓе кои чекаа на ред да се симнуваат, па мораше да чекаме да дојдеме на ред.
Втората насока која ја искачивме се наоѓаше на западната страна на карпата Анича кук. Тоа беше Catch the rainbow насока со тежина 5+, и должина од 110 метри. Оваа насока имаше три должини на јаже како и претходната. Исклинчена со експанзиони клинови. Првата должина не беше толку тешка, но беше доста интересна за качување. Се качува по плоча од 80 степени наклон. Втората должина се оди траверс (пречење во десно) околу 10 метри по една убава пукнатина. Кога ќе ја пројдеш пукнатината излегуваш на плоча (рамна карпа), и качуваш по неа за да дојдеш до крајот на насоката. На врвот на карпата ти предстои симнување (абзел) се до стартната точка, од каде почнуваш да качуваш.
Почна да се стемнува, а ние бевме на пат кон автомобилот.
Кога стигнавме таму се слушнавме со Ана и Орсат, и отидовме со колата да ги земеме. Тие исто така беа уморни од качувањето. Се вративме во кампот и припремавме вечера (макарони и сос).
Добро се најадовме и разменивме искуства, како беше качувањето тој ден.
04.05.2008 Недела
Ова воедно беше и последниот ден од нашето дружење со карпите.
На овој ден планот беше да ја качуваме насоката Јуха или Супа.
Така и беше, со Трпимир влеговме во оваа насока околу 11ч претпладне. Пред нас имаше 2 наврски, едната од нив беа Унгарци, а другите за жал не успеавме да ги запознаеме затоа што кога дојдовме на врвот од карпата тие веќе беа заминати. Оваа насока се наоѓа на западната страна на карпата Анича кук. Како што и претходно споменав се вика Јуха или на македонски Супа. Имаше должина од 250 метри и беше исклинчена со експанзиони клинови. Има 7 должини на јаже и тежина 7-. Оваа насока како и претходните ја качував со Трпимир, една должина водеше тој, една јас како прв.
Посебно беа интересни последните три должини кои беа малку потешки за качување но се поминуваше низ интересни релјефи во карпата. На крајот на шестата должина на јажето ги пристигнавме Унгарците кои беа пред нас. Тие беа малку поспори од нас, па моравме да ги чекаме. На крајот од насоката направивме фотографии, и се упативме кон кампот. Околу 20ч тргнавме кон Загреб.
|
|
|
 |
 |
 |
|
|
Остров Паг, локалитет Стогај, должина 60м |
Остров Паг, локалитет Свети Вид, првенствена насока |
На Свети Вид |
|
|
 |
 |
 |
|
|
Остров Паг, локалитет Свети Вид |
Пакленица, насока Thuringer weg, тежина 6a, должина 110 метри |
Абзел по искачувањето на Thuringer weg |
|
|
 |
 |
 |
|
|
Пакленица, насока Catch the Rainbow, тежина 5a |
Пакленица, Big Wall Speed Climbing натпревар |
Јуха, на стартот на насоката |
|
|
 |
 |
 |
|
|
Пакленица, насока Јуха, тежина 6a+, должина 250м |
Насока Јуха |
На излез од насоката Јуха |
|
|
 |
 |
 |
|
|
Локалитет Zia, 22.04.2008, насока Mission imposible, тежина 6b |
Качувачки локалитет Калник, 26.04.2008, насока Рамбо, тежина 5a, должина 12м |
Насока Рамбо |
|
|
Текст и фотографии: Мирослав Ристоски
23.07.2008
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
Славеј Планина 08 |
По повод 18-ти Август - Денот на АРМ, Ве покануваме на 6-от Меморијален марш и ... |
|
Ориентација |
Отворено Првенство на Охрид,
Меѓународен натпревар во Спортска ориентација ... |
|
|
 |
|
|
|
Трпејца 2008 |
КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ... |
|
Демир Капија 2008 |
Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ... |
|
Титов врв 2008 |
Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ... |
|
Маратон „Јасен 2008“ |
Од стартот стрмната угорнина која беше наш предизвик, дружбата, чистиот воздух на Сува ... |
|
Меморијал Мурато 08 |
На 19-тото традиционално искачување на Пелистер (2601 мнв) во чест на нашиот Димитар ... |
|
Голем Кораб 07 |
Кораб е единствената планина во Македонија со алпски карактеристики. Пејсажите и климата ... |
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|