Фејсбук група

И СЕ СЛУЧИ    КАЊОН - СПОРТ

Повеќе години во Европа и во светот постои и се развива кањон-спортот како самостојна спортска гранка. Како понова „дисциплина“, има се повеќе приврзаници, па разбирливо е и интересирањето во нашата земја.
Станува збор за еден од високоризичните спортови, кој се одвива во непристатни кањони со цел за продирање низ нив и совладување на сите природни пречки на кои ќе се наиде во просторот.
Кањон-спортот технички е многу блиску до спелеолошката и алпинистичката техника, бидејќи опремата што се употребува е слична, а во делови идентична. Тоа е еден атрактивен спорт, каде со одредена техника на спуштање со јаже се совладуваат сите каскади во кањоните, најчесто исполнети со вода.
Нашето интересирање за кањоните датира од пред повеќе години, кога за прв пат се сретнавме со кањонот на Тресонечка река и прекрасните водопади, кога беше совладан еден од нив. Подоцна наши членови зедоа учество во совладувањето на еден кањон во Романија, за конечно сега да се создадат технички и финансиски можности за промовирање на овој многу силен по доживување спорт.
Во Македонија постојат повеќе кањони низ кои протекуваат планински реки испрекинати со прекрасни водопади. Овие непознати природни убавини треба, секако, да се промовираат за нашата и светската јавност да дознаат за скриените природно убавини што ги има нашата земја.

КАЊОН-СПОРТ НА СМОЛАРСКИ

Пристап: Се оди од Скопје (М3 - М1) преку Штип (М5) и Струмица (М6), по патот кон Бугарија (М6) и граничниот премин Ново село, вкупно околу 200 км.
По Струмица, околу 35 км, се врти десно кон селото Смоларе (3 км).
Во средината на селото, кај двата јавора кои се природна реткост и заштитени со закон, завршува асфалтниот пат и се оставаат возилата. Оттука се оди 20-тина минути по макадамски пат кој води кон планината (може и со возило околу 1 км). На патот има табла и патоказ кон водопадот. Оттука започнува уредена патека со 300 скали, патеки и оградени простори. Уште 20 минути и веќе сте на местото за разгледување под самиот водопад.
Некаде на половина пат, на една кривина, има проширување. Тука има патека по која за 10 мин. се доаѓа над водопадот. Веќе се наѕира реката Ломница , на 30 метри под патеката. Се фиксира јаже 30 метри и се спушта до реката и едно големо дрво. Се фиксира на дрвото и се осигурува за да се помине преку реката, да се дојде на спротивната страна до исфрлената карпа каде има набиено два бор-клина.
Напомена: Клиновите мора да бидат дополнително осигурани до дрвото или со други клинови поврзани меѓу себе.
Правецот е добро одреден, така што може да се избира дали ќе се спушта покрај водопадот или во него (во водата директно). Глетката и доживувањето се импресивни.

Враќање: По истата патека назад 30 минути до селото, до двата јавора.
Димензии: Должина 100 метри.
Број на каскади: 2
Најголема каскада: 50 метри
Висинска разлика: 70 метри
Време: Пристап 20 мин. плус 20 мин. до позиција над водопадот
Спуштање: Од 20 мин. до 2 часа
Враќање: 30 мин.
Период: Најверојатно низ целата година
Опременост: Добра. Два клина (на почетокот од водопадот потребно е дополнително осигурување на клиновите)
Потребен материјал: Јажиња, едно од 30 метри за пристап, две по 30 метри за дополнително осигурување на клиновите, две по 50м за спуштање, едно од 80м за осигурување (по потреба)
Тежина: Добра
Оценка: *** (лизгаво)
Коментар: Декорот е апсолутно фантастичен
Напомена: Местото е погодно за промовирање на овој спорт.

Посетители на Смоларскиот водопад во исчекување атракцијата

Абзелување низ водопадот во двојка


Поглед на членовите на „Пеони“ од страна

При крај со спуштањето


Задоволство по успешниот абзел


Како за крај - Средување на опремата

Текст и фотографии од списанието „Корав“
16.03.2008 год.


Статии со слична содржина:

* ТРЕСОНЕЧКИ КАЊОН



Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани