Фејсбук група

ТРЕСОНЕЧКИ КАЊОН

Кањонингот е спуштање по непристапни кањони, движење по кристално чиста вода и спуштање по водопади. Спортско, естетско полно, движење кое го исполнува духот и ве понесува во поинаков, чист свет - во вистинска природа. Можност за човечкото да се судри со недопрена природа каде водата со илјадници години ги длаби карпите. ... а и многу повеќе од тоа!
Во соработка со Единицата за координација со проектот „Развој на општините и културата“, Министерството за Култура на Македонија, како и Светската Банка, ПД „Пеони“ го реализираше проектот „Тресонечки кањон“.
Тресонечкиот кањон се наоѓа во националниот парк Маврово на падините на планината Бистра. Посета на кањонот може да се направи само со специјализиран водич, потребни се и одредени технички знаења и извежбаност за користење соодветна техничка опрема. Најдобар период за посета е од 7-ми до 10-ти месец.
За да се дојде до кањонот потребни се околу 2ч стартувајќи од селото Тресонче. Самиот кањон се поминува за 2-5 часа. А враќањето до с. Тресонче по поминувањето на кањонот е за околу 1 час. Во кањонот има 12 каскади, висинската разлика е 290 метри а најголемиот водопад е висок 30 метри.
Неколку фотографии од екипата на ПД „Пеони“ која го опремуваше кањонот.











Текст и фотографии: Жежовски Иван
13.03.2008 год.


Статии со слична содржина:

* И СЕ СЛУЧИ КАЊОН - СПОРТ



Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани