Фејсбук група

„ГАЗИ БАБА 2006“

(Прва куп трка - 21.05.)

По повеќенеделно одложување на 21.05. на трим патеката во рекреативниот центар „Гази Баба“ (над стадионот на Металург) се одржа првата куп-трка во планински велосипедизам. Организатор на трката беше велосипедскиот клуб „Спидбајк“ - Кичево, технички организатор „Бајк-Стоп“ - Скопје, а ко-организатор „Велосипедската Федерација на Македонија“.
Пријавувањето беше од 10-11:45ч на самата стартно-целна рамнина, право на учество имаа сите лиценцирани натпреварувачи. Во трката учествуваа 2 категории: „Елите“ и „Јуниори, Хоби и Жени“, двете стартуваа во 12ч истовремено. Должината на еден круг изнесуваше 4,5 км, категоријата „Елите“ возеше 6 Фото Драган Грегокруга, а „Јуниори“, „Жени“ и „Хоби“ по 3 круга.
Трката се возеше по правилата на УЦИ, судии беа Димитар Танев и Иван Петковски.
Во многу интересната трка голем број натпреварувачи останаа без пласман заради дисквалификација. Во категоријата „Елите“ првото место го освои Кондев Љубиша со време 01:32:59, втор беше Стефановски Стефан со време 01:33:25 и трет Банишки Боро со време 01:33:30, сите од клубот „Спид бајк“ - Кичево. Во оваа категорија од вкупно 7 натпреварувачи двајца останаа без пласман.
Во категориите „Јуниори“, „Жени“ и „Хоби“ вкупно победи Крис Форкам, втор беше Тодоров Деан, а трет Георгиовски Дејан. Во овие категории од вкупно 22 натпреварувачи точно половина останаа без пласман. Кликнете овде ако саката да ги видите табелите со пласман на сите натпреварувачи.


Фото Драган Грего Фото Драган Грего Фото Драган Грего

На стартно-целната рамнина пред самиот почеток на трката


Дел од натпреварувачите на патеката

Остро на кривините, но може и насмевка за добра фотка

Фото Димитар Танев Фото Димитар Танев Фото Драган Грего

Доделувањето на златниот медал на Кондов Љубиша


Тројцата првопласирани: Стефан Стефановски (прв од лево), Кондов Љубишта (втор од десно) и Боро Банишки (прв од десно)

Единствените две натпреварувачки Јорданка Петрушевска (лево) и Биљана Митровска



     Текст: Митровска Билјана
     Фотографии: Драган Грего и Димитар Танев
     08.06.2006


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани