Фејсбук група

МЕМОРИЈАЛ „КОЧО РАЦИН 2006“

На 10.06.2006 год. по 5-годишна пауза беше возобновен меморијалот „Кочо Рацин - Лопушник 2006“. За жал најверојатно поради лошото време на него учество земаа само триесетина планинари од ПСД „Бистра“ - Кичево и од ПД „Козјак“ - Прилеп.
Стартот беше во 7:30ч од с. Извор на 12 км од Кичево. За околу час и половина стигнавме до месноста Долни Лопушник каде направивме мала пауза, а потоа го продолживме патот по маркираната патека. Но набргу потоа времето се влоши и почна интензивнао да врне град така што планината изгледаше како да е покриена со снег. Заштита од градот ни пружи столетната букова шума, па после половина час откако времето се стабилизира го продолживме искачувањето кон врвот Стог (1574 мнв). На врвот пристигнавме после три и пол часа.
По краткото задржување и неизбежното фотографирање, заради лошото време се спуштивме подолу за 500 метри каде што бевме пречекани од градоначалникот на општина Другово, кој не пречека со топол чај и кој изрази спремност да ја потпомогне оваа акција во иднина со што би станала и помасовна. Враќањето траеше околу два и пол часа, а по завршетокот на акцијата беше посетен и нашиот планинарски дом кој се уште го реконструираме.


Последни припреми пред стартот на акцијата



Кратка пауза во месноста Долни Лопушник



Панорама од врвот


За сеќавање - учесниците на меморијалот на врвот


Пауза за чај по искачувањето на врвот


Текст и фотографии: Божиновски Сашо, претседател на ПСД „Бистра“ - Кичево
12.06.2006 год.


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани