|
|
 |
|
ВОДЕНА СПЕЛЕОЛОГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА |
|
|
| Деновиве спелеолозите од СД „Пеони“ по којзнае кој пат влегуваа во најубавата водена пештера во Република Македонија, пештерата „Ѓуновица“. Пештерата претставува редок варовнички феномен, пештера во која постојано тече подземен воден тек (подземна река). Пештерата е добро позната кај месното население, а првите истражувања се правени во 50-тите години од првите спелеолози во Македонија, група географи од Географскиот факултет, од Природо-научниот музеј и професори по географија на чело со најголемиот геоморфолог во Македонија проф. др. Душан Манаковиќ. Во 2000-тата година спелеолозите Никола Ангелов и Михаил Октавијан Куијан со група француски спелеолози совладуваат сифон и продолжуваат во внатрешноста до 1200 метри, со што „Ѓуновица“ станува најдолгата водена пештера во Македонија. Деновиве спелеолозите од СД „Пеони“ влегуваа во највисок водостој кој се сретнува во овој период од годината, истражувајќи што се случува со подземниот жив свет кога пештерата е исполнета со вода, посебно ендемитските видови кои се сретнуваат само во оваа пештера.
| |
|
|

Припреми пред влегувањето во „Ѓуновица“, Иван Жежовски (лево)
|
|

Веќе спремни за влегување, (од лево на десно) Вучидолов Драган, Ѓорѓевиќ Сања, Ангелов Никола и Николовски Коста
|
|

Ангелов Александар ги испитува ѕидовите трагајќи по примероци од ендемити |

Потрага по ендемитите и во вдлабнатините на ѕидовите |
|

Еден по друг во ледено-ладната вода
|
|

Покрај стандардните карбитни лампи, резервните халогени или со лед-диоди светилки, се постојано спремни
|

Замагленоста на воздухот од дишењето овозможи и безмалку мистични фотографии
|
|

На места едвај се поминуваше понатаму
|
|

Внимателно движење при враќањето назад низ веќе заматената вода |
Текст: Жежовски Иван, претседател на СД „Пеони“ Фотографии: Ангелов Никола и Жежовски Иван 26.05.2006 год.
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
Славеј Планина 08 |
По повод 18-ти Август - Денот на АРМ, Ве покануваме на 6-от Меморијален марш и ... |
|
Ориентација |
Отворено Првенство на Охрид,
Меѓународен натпревар во Спортска ориентација ... |
|
|
 |
|
|
|
Трпејца 2008 |
КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ... |
|
Демир Капија 2008 |
Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ... |
|
Титов врв 2008 |
Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ... |
|
Маратон „Јасен 2008“ |
Од стартот стрмната угорнина која беше наш предизвик, дружбата, чистиот воздух на Сува ... |
|
Меморијал Мурато 08 |
На 19-тото традиционално искачување на Пелистер (2601 мнв) во чест на нашиот Димитар ... |
|
Голем Кораб 07 |
Кораб е единствената планина во Македонија со алпски карактеристики. Пејсажите и климата ... |
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|