|
|
|
КРАПСКИ ПОНОР |
|
|
| Уште еден успех на спелеолозите од СД „Пеони“ и француските спелеолози од Ница. Деновиве со спелеолошко истражување кое се изведе во општина Македонски Брод во с. Крапа поточно во Крапскиот понор, е откриен премин, и навлезено е во подземен пештерски систем околу 1 км. Се остварува претпоставката на спелеолозите од Пеони дека токму тука на потегот Крапа - Пешна се протега многу голем пештерски систем од 10 км, само прашање на време беше кога ќе се продре во внатрешноста. Се работи за истражување кое од ваков тип за прв пат се организира во РМ. Имено се влегува преку понор што значи место каде влегува водата во подземјето, и затоа се работи за многу ризично истражување кое може да заврши многу кобно ако надојде вода односно ако заврне дожд. Се работи за извонредно екстремни услови затоа што се работи за речен меандр кој на места е многу тесен, за потоа да почне да се спушта вертикално во длабочина.
| |
|
|

На влезот во понорот
|
|

Припреми за спуштање во длабочината
|
|

Доломитен мермер на почетокот на понорот
|

Добро расположение во внатрешноста
|
|

Во некои делови едвај можеше да се провлекува
|
|

Во длабочините
|

Пештерскиот систем постојано се документираше
|
|

Чудесни пресеци на зидовите во внатрешноста |
|

Истражувањето сопре до сифонот со вода |
Текст: Жежовски Иван, претседател на СД „Пеони“ Фотографии на француските спелеолози 22.09.2006 год.
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ |
На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ... |
|
|
|
|
|
Шарски води 2009
|
Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ... |
|
Водно 2009 |
Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно. |
|
Алпинистичко училиште |
Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ... |
|
Титов врв 2008 |
На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ... |
|
Ориентација - Водно |
Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ... |
|
Алпи 2008 |
Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ... |
|
Попова Шапка-Вруток |
Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ... |
|
Трпејца 2008 |
КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ... |
|
Демир Капија 2008 |
Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ... |
|
Титов врв 2008 |
Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ... |
|
|
|
 |
|
|
|
|
|