СПЕЛЕОЛОШКИ ТАБОР „ПЕШНА 2006“

Почетокот на таборот беше во Петок - 28.07.2006 во попладневните часови кога и пристигнаа повеќето од учесниците, при што се организираше сместување во шатори.
Утредента (сабота) се почна со работа т.е. со ископ на канал во наталожениот материјал на дното од пештерата, при што беше користена моторна пумпа за вода со чија помош се отстрануваше Заедничка фотографија на дел од учесницитенаталожениот материјал.
Попладнето беше поставена и опрема (јаже) на влезот на пештерата за практични вежби на качување и спуштање. Со ископот на каналот се дојде до тврда карпа, па утредента требаше да се продолжи со работа во друг правец.
Но во неделата нагло пресуши реката чија вода се користеше за чистење на талогот. Потоа се продолжи со посета на неколку пештери во с. Слатино и со посета на куќата која членовите на „Урсус спелеус“ ја користат како база за своите истражувања во тој крај.
Во Понеделникот беа продолжени ископувањата во Пешна но овојпат со употреба на рачен алат, така да преостана уште доста работа за некоја следна акција.
Таборот заврши во Вторник на 1-ви август, а на него зедоа учество членови на ИД „Урсус Спелеус“ - Скопје, ПД „Златоврв“ - Прилеп, ДПС „Лисец“ - Штип и ПСД „Бистра“ - Кичево.


Поставување логор


Ископување


Во внатрешноста



Извештај и фотографии: Сашо Божиновски, претседател на ПСД „Бистра“ - Кичево

11.09.2006


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Мон Блан

Елбрус 2008

РОК ТРИП

По повод празникот 13 Ноември, денот на градот Скопје, во организација на *СКА* при ФПСМ, а подржана од собрание на град Скопје на 15.11.08 ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани