Фејсбук група

МАКЕДОНСКО-СЛОВАЧКА СПЕЛЕОЛОШКА ЕКСПЕДИЦИЈА „КАРАЏИЦА 2008“

И оваа година, во соработка со спелеолозите од Словачка, ќе организираме Македонско - Словачка спелеолошка експедиција „Караџица 2008“, со цел да се истражува новата јама откриена во 2006-та година и истражена до длабочина од 220 метри во минатогодишната експедиција. Оваа јама може да не одведе до непознати длабочини и простори под планината Караџица и масивот Јакупица.
Експедицијата ќе се реализира во првата половина на септември оваа година, со учество на десетина Македонски и Словачки спелеолози, кои ќе истражуваат десет дена со цел да навлезат што подлабоко во непознатите простори.
Поради далечината и непристапноста на просторот, пристапот до јамата ќе биде многу сложен. Имено за околу 5 часа возење со теренски возила би се транспортирале од Скопје преку Драчево за Караџица и Горно Бегово, до над изворот на Кадина река. Тука би ја претовариле на коњи дел од опремата за спуштање, храната и базниот камп, а личната опрема би ја понеле сами. За околу 4 часа по добри временски услови би биле во близина на јамата каде би го поставиле базниот камп.
Ова е неопходно поради оддалеченоста на јамата и тешкиот пристап. Транспортот и формирањето на кампот може да потрае и до следниот ден. Дури третиот ден евентуално четвртиот, по претходно извршени припремни работи, би се почнало со експедициско напредување во јамата.

Влегување во јамата во минатата експедиција

Поглед одвнатре

Меѓу вертикалните ѕидови од карпи и мраз



Напис и фотографии: Иван Жежовски
16.03.2008


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани