|
|
 |
|
ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ
| |
|
Царев врв (2085 мнв) Царев врв може да се освои од две страни: од Кривопаланечкиот манастир Св. Јоаким Осоговски и од Кочанско - преку Пониква. Кривопаланечко - од Крива Паланка до манастирот Св. Јоаким Осоговски се патува пеш или со сопствено возило по асфалтен пат во должона 3км. Во манастирските конаци може да се ноќева бидејќи на оваа планина не постои пл. дом. Маркацијата ПМ започнува од манастирот и спрема Царев врв води преку селото Варовиште, Ловечка куќа и Калин камен. Од Ловечката куќа до врвот се оди по ливади. Планинарската патека е долга околу 25км во еден правец за кои ви се потребни 5 часа. Покрај патеката има повеќе извори и чешми, а таа е просечно напорна. Печатот se наоѓа во манастирот. Кочанска страна - Маркацијата ПМ започнува од крајот на Кочани, крајот на улицата 14-та бригада продолжува под депонијата, над село Црвена нива минува преку пошумен дел со бреза и бор се до асфалтот, минува покрај чешмата З’мбава. Потоа продолжува покрај Д’га ридина се до асфалтот. Сечејќи го асфалтниот пат продолжува преку Леши рид. Некаде 500 метри пред Шумска куќа излегува на асфалтен пат, продолжува по неа, после 200 метри од Шумската куќа. Се напушта асфалтниот пат (десно) продолжува по стариот колски пат за Пониква. Од градот до Пониква потребни се 5 часа. Оние кои имаат сопствено возило можат да дојдат до Пониква која е оддалечена 20 км, по асфалтен пат.
Од Пониква патеката за Царев врв продолжува по широкиот колски пат со една кратенка кај бачилото ЗЗ Галеб, некаде половина час пред врвот се напушта широкиот пат (десно) и се оди по ливади. Патеката е добро маркирана. Во вториот дел од патеката треба да се внимава на раскрсниците, бидејќи ги има доста. За овој дел од патеката ви се потребни 5 часа. На Пониква не постои пл. дом. Можете да ноќевате во детското одморалиште, во објектите на шумското стопанство и одмаралиштето (пл. дом) „Шампињон“, кои работат секој ден каде што се наоѓа и печатот.
Опис: Буранедин Сали Фотографија: Стојанче Величковски 27.11.1993 |
|
|
Руен (2252 мнв) На врвот „Руен“ (највисок на Осоговските планини) кој се наоѓа на самата граница со Бугарија, може да се искачите главно од два правци, и тоа едниот е од „Царев врв“ до кој е веќе опишано искачувањето, нема маркација, патеката прво ве спушта до преслапот „Ајдучка чешма“ што е најниска точка на патеката, тука на песлапот десно под патеката навистина има чешма со тоа име, потоа го почнувате искачувањето на Руен кое вкупно од Царев врв трае околу 2 часа. Друг правец е преку рудникот „Тораница“. Кога одите од Крива Паланка према Бугарија пред да стигнете до границата вртите десно према рудникот „Тораница“ одалечен вкупно 18 км од Крива Паланка. Од рудникот можете да се искачувате директно на врвот Руен иако нема маркација, или втора подолга но полесна варијанта да се искачувате во правец на седлото меѓу Царев врв и Руен и потоа да одите кон врвот. Зависно од правецот потребни се околу 2-3 часа. За движење во погранична зона потребна ви е дозвола од Министерството за внатрешни работи.
Опис: Буранедин Сали Септември 2005 |
|
|
ПЛАЧКОВИЦА
| |
|
Лисец (1754 мнв, N 41.781265, E 22.510104) До планината Плачковица се доаѓа од Радовиш, Штип и Виница. Маркацијата ПМ започнува од Радовиш, од мостот на Стара река и поминува низ населбата Технелк, од каде се оди по асфалтен пат, преку мали кратенки, се поминува во непосредна близина на селото Штурово. За половина час се доаѓа до говедарската фарма Чешме мале. Преку кратенките што продолжуваат се излегува на асфалтен пат. Во непосредна близина на селото Козбунар повторно започнуваат кратенките меѓу некои вили, 15 минути пред Шумската куќа повторно се излегува на асфалтен пат. Од Шумската куќа до пл. дом „Џумаја“ се пристигнува по добар земјен пат во должина од 2 км. За овој дел од патеката се потребни 5 часа. Оние кои имаат сопствено возило можат да дојдат до домот кој е оддалечен од градот 22 км по асфалтен пат.
Од пл. дом патеката продолжува надолу спрема рекичката Еден дере која се поминува неколку пати, за да по 1 час пешачење патеката дојде до самото подножје на врвот Лисец, се поминува реката Ломија. Од тука патеката се качува нагоре по гребенот Влашка ридина, селото Влашки гроб, Голема ливада до врвот Лисец. Од планинарскиот дом до врвот Лисец потребни се 2 часа. Патеката е маркирана, а печатот се наоѓа во планинарскиот дом. Домот работи по потреба со претходно најавување во планинарското друштво „ Бел Камен“ - Радовиш. Врвот Лисец може да се искачи и од пл. дом Вртешка (N 41.758089, E 22.416479). Почетно движењето е по козја патека во правец на вилите на Штипска Плачковица (1280 мнв), до нив се стига за околу 25 минути. Потоа се продолжува по асфалтнраниот пат околу 10 мин. (околу 800 метри должина) до раскрсница после која се продолжува по макадамски пат, тука се наоѓа и првата чешма. По 1.5 км односно 20 мин. движење по макадамот се доаѓа до месноста Џамија (1500 мнв) каде има раскрсница и се оди по патот што се дели десно. Дотука може да се дојде и со обичен автомобил а понатаму само со теренски. После 2-3 мин. (250 м) повторно се наидува на раскрсница, се продолжува по патот (од 3) кој води кон југоисток и врти многу брзо кон исток. Тука има доста извори и потоци, како и ливади погодни за кампување. По 20 мин. од последната раскрсница (околу 2 км) се наидува на маркирана патека која води кон врвот Лисец. Патеката прво води надолу кон кањонот Улумија. После 15 мин. (1,5 км) се наидува на реката Ломија (околу 1000 мнв). На местото каде се преминува реката има 8 метри висока карпа со многу пукнатини кадешто може да се преноќи по потреба. Тука веќе нема сигнал за моб. телефони. Од тука тесната козја патека оди по јака угорнина и движењето е отежнато заради густиот папрат и грмушки. По околу 20 мин. (1 км) се поминува покрај врвот Криво брдо (1282 мнв). Од овде патеката води по самото било до врвот. После 20 мин. (околу 1 км) се доаѓа до месноста Побиен камен (1407 мнв) од каде се гледа за прв пат и врвот Лисец. Тука нема вода за пиење, а има сигнал на моб. телефони. ДО врвот има уште околу 2 часа. По околу 40 мин. (2,5 км) патеката излегува на широк макадамски пат (1550 мнв). Понатаму до пред врвот нема вода за пиење. Од тука почнува искачувањето на самиот врв на кој заради многу стрмниот приод мора заобиколно да се искачи од северната страна. По 50 мин. (3 км)се пристигнува до трла и објекти (1640 мнв) кои се наоѓаат под самиот врв. Тука има и хелиодром. По натамошни 30 мин. се пристигнува на врвот Лисец. По потреба може да се преноќи во подземни простории и канали изградени од бившата ЈНА. Враќањето до домот Вртешка е по истиот пат, секоја друга варијанта е премногу ризична и многу напорна. Карактеристично за врвот Лисец е тоа што и во касните пролетни месеци Април и Мај можно е присуство на снег.
Опис: Буранедин Сали 27.11.1993 Дополнување за патеката од Вртешка: Лазар Петковски, Никола Ивановски, Лазе Коцев 06.12.2006 |
|
|
БЕЛАСИЦА
| |
|
Тромеѓа (1881 мнв) До планината Беласица се пристигнува со автобус од Струмица до с. Смоларе, блиску до селото е најголемиот „Смоларски водопад“ во Македонија. Маркацијата започнува од с. Смоларе во чија близина се наоѓа познатиот „Смоларски водопад“, на почетокот на селото се оди по широк пат, после 15 минути пешачење се напушта широкиот пат, патеката оди по шума 15 минути за пред пл. дом да излезе на широк пат. До пл. дом широкиот пат се пресекува 5 пати. Од с. Смоларе до пл. дом Шарена чешма потребни се 2 и пол часа. Од пл. дом до границата патеката се движи по широк пат се до шумата. После 1 час пешачење се пристигнува до границата. Од тука патеката свртува лево и се движи по граница (патролна патека) се до врвот Тромеѓа (тумба), а до врвот ви е потребен уште 1 час или вкупно 2 часа од пл. дом. Бидејќи овој врв се наоѓа на самата македонско-бугарска и македонско-грчка граница, потребно е претходно да се извади дозвола да движење по граница. Дозволата се вади во местото на живеење. Патеката е маркирана, а печатот се наоѓа во пл. дом „Шарена чешма“. Домот работи по потреба, со претходно најавување во пл. друштво „Ентузијаст“ од Струмица.
Опис: Буранедин Сали 27.11.1993 |
|
|
КАДИИЦА
| |
|
Кадиица (1932 мнв) Се тргнува од Пехчево (1030 мнв), иако може и од соседното село Негрево по сртот на Буковик, прво се оди кон филтер станицата (може да се праша локалното население), трасата почнува од една раскрсница после која од асфалт се преминува на земјен пат, се излегува од градот покрај периферните куќи и се оди по макадамски пат, тука веќе има маркација, после 2 км се доаѓа до филтер станицата, издвоена бела зграда. На север се гледа антена која може да служи како ориентир. Понатаму освен што може да се продолжи по макадамскиот пат, може и да се пресече во правец на север за да се скрати патот, прво се влегува во едно долче а потоа кон север по страната на ридот. После долчето се оди по една рамнинка до едно оградено место каде опстојува една ендемски вид на месојадно растојание. Понатаму по страната на ридот се наидува на тест-ископувања од истражувања за бакарна руда. По искачување од 1,5 км (20 степени агол) се доаѓа до пат кој води до сртот на Буковик и до антена (1720 мнв). Од антената следи спуштање до едно бачило (има вода) и потоа добро искачување (агол од 30 степени и должина 1,3 км) до самиот врв по кој поминува граничната линија со Бугарија. На исток се гледаат Благоевградската котлина и Пирин, на североисток Рила, на северозапад Руен, на пола пат до Руен е Голак, на запад Плачковица. По патот има гранична полиција која бара документи за идентификација и би требало претходно да се направи пријавување во Берово или на 033-471-611. Искачувањето вкупно трае околу 2,5 часа (симнување 2 часа) брзо темпо со паузи, должина 9 км.
Опис, фотографии, мапа и ГПС запис: Јосифовски Сашко 22.02.2007
|
|
|
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ |
На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ... |
|
|
|
|
|
Шарски води 2009
|
Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ... |
|
Водно 2009 |
Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно. |
|
Алпинистичко училиште |
Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ... |
|
Титов врв 2008 |
На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ... |
|
Ориентација - Водно |
Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ... |
|
Алпи 2008 |
Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ... |
|
Попова Шапка-Вруток |
Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ... |
|
Трпејца 2008 |
КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ... |
|
Демир Капија 2008 |
Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ... |
|
Титов врв 2008 |
Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ... |
|
|
|
 |
|
|
|
|
|